Facebook и Instagram ќе ги предупредуваат корисниците да носат маска на лице

Социјалните мрежи Facebook и Instagram најавија дека ги зголемуваат напорите да обезбедат времена и точна информација за нивните корисници во екот на пандемијата на коронавирус, известува Ал Џезеира.

Откако поставија информациски центар каде корисниците можат да најдат релевантни информации за Ковид-19 во однос на областа во која се лоцирани, сега ќе воведат нова функција која ќе ги предупредува корисниците за потребата од носење заштитни маски.

Предупредувањето прво ќе се појави во најгорниот дел на екранот на корисникот во САД каде ситуацијата со пандемијата предизвикана од короанвирус станува сè посериозна. Потоа оваа функција ќе биде достапна и во оние делови од светот каде носењето маски е задолжително, изјави компанијата.

Оттука, корисниците на Facebook и Instagram ќе видат вид предупредување и потсетување на горниот дел од екранот на нивните мобилни телефони со пораката: „Кога сте во јавност, покријте ја устата и носот со маска од ткаенина“ и линк до соодветните институции што се справуваат со борбата против Ковид-19.

Информациски центри за коронавирус

Facebook создаде информациски центри на неговите платформи каде корисниците можат да најдат корисни информации за тоа како најдобро да се заштитат себеси и луѓето околу нив од Ковид-19, и каде истовремено можат да ја понудат сопствената помош или да најдат помош од други корисници во форма на намирници, лекарства, или едноставно, психолошка помош.

Сè до неодамна, Facebook се соочуваше со проблеми со спречувањето на ширењето погрешни информации во врска со коронавирусот на неговите платформи за време на пандемијата. Компанијата додаде нови функции со цел спречување на поплавата од лоши и погрешни информации, вклучувајќи и предупредување кое ги известува читателите на одредена содржина дека постот содржи погрешни информации.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -