Eмоционална интелигенција – меч со две острици

Неодамна го имав тоа задоволство да ја прочитам статијата „Репресивната политика на емоционалната интелигенција“, издадена во Њујоркер, а напишана од авторот и професор Мерв Емре.

Како изучувач на емоционалната интелигенција, секогаш е интересно да прочитам критика на темата. Тоа ми дозволува да ја согледам емоционалната интелигенција низ очите на другите. Ми помага да го усовршам моето сопствено разбирање на овие идеи, како и начинот како да ги комуницирам, пишува Џастин Барисо – автор, говорник и консултант кој им помага на организациите и поединците да развијат емоционална интелигенција.

Емоционалната интелигенција е дел од менаџментот

Статијата на Емре е критика на ултра-успешната популарна психолошка книга „Емоционална интелигенција“, напишана од поранешниот колумнист за Њујорк Тајмс, Даниел Голман. За оние кои не се запознаени, бестселерот на Голман, што првично беше издаден во 1995 год и продаден во милиони примероци, ја приближи идејата за емоционалната интелигенција до масите: концептот е дека еден човек има потенцијал да идентификува, разбира и менаџира емоционалното однесување.

Емре почнува со преставување на аргументот дека неговата книга ја помогнала трансформацијата на научната теорија во алатка за корпоративно управување. Брзо пребарување на Гугл изгледа како да го поддржува аргументот, додека од друга страна еден тон компании нудат обуки за емоционална интелигенција, проценка на емоционалната интелигенција, и секакви алатки за развивање на емоционалната интелигенција.

(Ќе ви откријам една тајна: мојата сопствена компанија спаѓа во оваа категорија – основав мала фрима чија цел е да им помага на другите да развијат ЕКју, т.е. емоционална интелигенција).

Емре е во право кога имплицира дека голем дел од овие алатки се лошо дизајнирани, дека понекогаш само етикетираат луѓе или ја мерат нивната вредност како работници, споредувајќи ги едни со други.

Секако, како и со секој потфат, има алатки што подобро одговараат на одредена задача и такви што компаниите сметаат дека вредат за инвестираните пари; други, не се толку добри. Алатките што се докажани дека се корисни биле развивани во текот на години, за да бидат ефикасни и функционални како што се сега, а сепак не се совршени. Но, со тоа што ги групира добрите јаболка со скапаните, и со фокус единствено на несовршеностите на голем број од овие алатки, Емре пропушта нешто. Крајната цел на голем дел од овие инструменти е да го подобри однесувањето на работното место: за да може пасивната агресија да се замени со искрени, отворени разговори; за конфликтите да можат да се решаваат на начини што не предизвикуваат негативни чувства со лоши последици; за да можат менаџерите и тимовите да создадат психолошки безбедна култура, наместо работна средина од која луѓето се плашат.

Во голем број случаи, кога работодавачите инвестираат во алатки и дискусија за емоционалната интелигенција, тие испраќаат сигнал до вработените дека се заинтересирани за подобрување.

Критиката

Емре понатаму тврди дека ставот на Голман за емоционалната интелигенција недостасува нијанси, дека бил „соголен од социјални и историски детали што можат да му дадат длабочина и комплексност“. Иако ова можеби е точно, не би се согласил дека ваквото гледиште било случајно, напротив, мислам дека било намерно.

Првичната цел на Голман не е да се обезбеди социјален коментар, туку да не` научи како мозокот процесира емоционално однесување, и како разбирањето на тоа како мозокот работи може да им помогне на читателите да се разберат себеси и да се подготват да се справуваат со секојдневните предизвици.

Секако, луѓето ја истражуваат природата на разбирањето, процесираат и управуваат со емоциите со векови. Но, книгата на Голман ни даде отскочна даска за подлабока анализа. Ни даде нов вокабулар, и воведе (или барем ги направи популарни), изразите како „емоционално киднапирање“ кога сопствените емоции доминираат врз рационалното размислување и предизвикуваат да направиме нешто за што подоцна ќе зажалиме.

Дополнително, целта на Голман била да се искористат достапните истражувања за да објасни зошто ова се случува. Комплексната неврологија ја разложи на таков начин што сите можеме да ја разбереме. Не` воведе во улогата на амигдалата, малиот дел од мозокот во форма на бадем што презема дејства кога се чувствувате нападнати. Книгата исто така објаснува како, откако ќе помина време, амигдалата се смирува, за повторно да можете да размислувате со другите, порационални делови од мозокот.

Секако, Емре е во право дека има многу повеќе од приказните што Голман ги сподели, вклучувајќи и комплексни средински, политички и социолошки фактори што играат улога во тоа како се одигруваат приказните. Но, ако влезел во сите овие детали, тогаш Голман би ја напуштил целта: да не` научи дека емоционалната интелигенција може да помогне, без разлика на ситуацијата.

Клучниот збор тука е МОЖЕ.

Тоа значи дека емоционалната интелигенција МОЖЕ да помогне, но не секогаш помага.

Темната страна на ЕКју

Бидејќи, емоционалната интелигенција не е наследно лоша, како што Емре проценува, ниту пак е наследно доблесна.

Сетете се дека емоционалната интелигенција е способност да се користи знаењето за емоциите за да се информира и насочи однесувањето, а особено за да се постигне цел. Но, целите можат драстично да се разликуваат од човек до човек.

Во корпоративниот свет, на пример, страствено ги фалам придобивките од искрена и конкретна пофалба на вработените. Но, што ако некој дава комплименти на други само за да стекне поголема лична моќ, или да добие поддршка за сомнителна кауза? Што ако тие ја користат нивната способност да искажат (или сокријат) емоции во обид да манипулираат со други? За споредба, лице на позиција на моќ или авторитет исто така може да се користи со страв и притисок како тактики за заплашување.

Примери за темната страна на емоционалната интелигенција може да се забележат насекаде: во бизнисот, политиката и личниот живот.

Голман не зборува особено за оваа темна страна во неговите рани дела, но ни помогна да ја откриеме. Иако е непријатно да се откопуваат примери за ова во вашиот сопствен живот, важно е да сме во можност да ги идентификуваме – за да можеме да се заштитиме себеси. Ова е дел од емоционалната интелигенција исто така.

Му благодарам на Емре за неговата критика, бидејќи ни дава шанса да го продолжиме разговорот. Но тој разговор, ако не е започнат од Голман, дефинитивно има корист од неговата работа.

Извор: Inc.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -