CEED Македонија нуди годишна стипендија за три жени претприемачи

executive-510500_960_720

По повод месецот на жената CEED Бизнис клубот ќе поддржи три жени претприемачи со годишна стипендија, односно ќе покрие 90% од целата сума за членството во Клубот.

Со ова ќе добиете единствена можност да станете дел од CEED Бизнис клубот и да ги искористите сите поволности што ги нуди. Сопственичките на бизниси кои ќе се приклучат на 100-те претприемачи, сопственици на успешни бизниси од Македонија, ќе можат да ги развиваат своите компании, но и да го продлабочат својот личен развој.

16143001_1331187800271945_6239408032389096930_n-2

CEED Бизнис клубот им нуди можност на претприемачите и менаџерите од микро, мали, средни и големи претпријатија, независно од индустријата во која работат, од искуството и времетраењето на фирмата, да ја зголемат продажбата, но и да го унапредат менаџирањето со компаниите преку размена на искуства и информации со други искусни претприемачи и менаџери, учење нови современи техники на менаџирање, проширување на мрежата на контакти и соработници.

Заинтересираните жени претприемачи треба да исполнат пет услови:

  • Досега да не биле член на CEED Бизнис клубот
  • Да бидат основачи на бизнисот
  • Компанијата да брои минимум 10 вработени
  • Бизнисот да постои минимум пет години
  • Да имаат менаџерско искуство минимум 5 години.

Рокот за пријавување е до 23.03.2018 година.

Сите оние кои ги исполнуваат гореневедените услови и сакаат да станат членови на единствениот CEED Бизнис клуб можат да се пријават на следниот линк.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Парадоксот на обучувањето

На врвот на кој било вид потфат, ќе откриете дека најефикасните луѓе имаат обучувачи (коуч), пишува Сет Годин, еден од најизвиканите автори...
- Advertisment -