Buddy Life Collar – појас што ги штити децата од давење

Тим од научници од технолошкиот Универзитет во Литванија дизајнираа појас што спасува детски животи при евентуално давење во вода. Buddy Life-Collar, којшто тежи 120 грама, се става на врат и воопшто не му пречи на детето додека си игра.

Во случај вградениот сензор да детектира влажност, автоматски се активираат четири воздушни перничиња коишто ја држат главата на детето над водата и со тоа превенираат давење.

Воздушните перничиња се активираат во рок од три секунди што е доволно за да се спречи давење, а не толку брзо за да предизвикаат несакани повреди. Штом детето е надвор од опасност појасот се вади лесно.

Прототипот неколку години чекаше на пуштање во комерцијална употреба и сега тоа е овозможено од страна на спин-оф компанијата Smartmedic.

Погоден е за деца од една до четири години.

Фото: Kaunas University of Technology

 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -