Blox – мини организатор за предмети во домот и канцеларијата

Blox се дрвени мини организатори што се одлично решение за средување и организирање на разните алатки и предмети во домот или работната канцеларија.

Изработени се од ореово дрво и јавор, а секое од нив има вградени сетови од магнети коишто овозможуваат распределба според потребите на корисникот. Со нив деловите можат да бидат цврсто споени, но и да се разделат многу лесно, доколку има потреба.

Корисникот одбира што му треба во моментот и според тоа ги мести подлогите, онаму каде што сака, на работна маса, во спалната соба, во предворјето…

Blox е дело на старт-ап со седиште во Масачусетс, САД и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 16.827 од потребните 10.000 долари, а кампањата трае уште 19 дена.

Тимот веќе имал 19 успешни кампањи претходно од коишто испорачал над 12.000 производи на 78 земји во светот.

Првите испораки на Blox се очекува да бидат во октомври годинава.

Фото Kickstarter.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -