Apple и Hyundai заедно ќе произведуваат автономен автомобил

Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai и американскиот технолошки гигант Apple наскоро би можеле да го финализираат договорот за производство на автономни електрични автомобили, што би требало да започне за три години, пренесува Ал Џезеира.

Преговорите помеѓу двете компании се во полн ек и се очекува дека конечниот договор ќе биде постигнат во март оваа година, пренесува Танјуг.

Според овој медиум, автономните автомобили ќе се произведуваат во фабрика во САД со која ќе управува Kia Motors, како дел од Hyundai.

Скок на акциите на берза

Двете компании планираат веќе во 2024 година да понудат речиси 100 000 возила на пазарот, три години порано од најавите во претходните извештаи.

Веста за потенцијалното поврзување на двете компании предизвика висок скок на акциите на Hyundai на берзата во петок, скоро за осум милијарди долари.

Исто така, за 8% скокнаа и акциите на Kia Motors, втор по големина производител на автомобили во Јужна Кореа.

Акциите на Apple не регистрираа таков силен пораст во последниот ден за тргување минатата недела, но неговите инвеститори уште кон крајот на декември реагираа на веста дека технолошкиот гигант конечно тргнал напред со плановите да се појави на пазарот за автомобили.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -