5 работи што можеш сега да ги направиш за да се припремиш за бизнис светот по пандемијата

Социјално дистанцирање. Телемедицина. Самоизолација. Ова се зборови што на почетокот на 2020 година не беа дел од нашиот речник, но неколку месеци во новата декада сите ние секојдневно ги слушаме и ги користиме. Не можеме да одречеме дека појавата на коронавирус драматично нè промени во однос на секој аспект на животот, пренесува Entrepreneur.com.

Поврзано:

Од бизнис перспектива, берзата забележа најголема загуба во еден ден и најголема добивка за еден ден во историјата. САД го забележаа најголемиот извештај за загуба на работни места досега. Се наоѓаме во непознати води и колку долго ќе останеме во нив останува неизвесно. Сепак, има една работа што сите ја знаеме, а тоа е дека оваа пандемија ќе ги промени животите на сите нас во следните години или децении. Скоро 20 години по 11 септември, засилената аеродромска безбедност, листите за летање и напорите за борба против тероризмот сè уште се норма. Истото ќе важи и за последиците од КОВИД-19. 

Дали е вашиот бизнис подготвен за петте најголеми макро трендови со кои ќе се соочиме?

1. Подобрување на веб-сајтовите и дигиталните алатки

Голем дел од бизнисите што се сметаат како неесенцијални, како што се продавници за облека, фризерници, магацини, фабрики и канцеларии – ги затворија канцелариите и немаа технички средства за да преживеат со затворањето на нивните физички локации.

Нашата агенција забележа огромно зголемување на бизниси кои нè подготвуваат за дигитализација. Клучно за деловните активности е компаниите да можат не само да преживеат, туку да напредуваат преку подобрени веб-страници и дигитални алатки за да ги опслужат своите клиенти. Работите како е-трговија во индустриите кои никогаш порано не користеле е-трговија, напредните конфигурации на производи, разговорни табови и мобилни апликации имаат поголема побарувачка од кога било, бидејќи малите и средни бизниси се приклучуваат во технолошката револуција од новата деценија.

„Овие нови алатки им помагаат на бизнисите да останат активни за време на појава на вируси и ќе бидат макро тренд што станува уште поважен бидејќи социјалното дистанцирање станува вообичаена практика – не само за оваа пандемија, туку и за потенцијалните идни пандемии.“

2. Интернет безбедноста е најважен фактор

Безбедноста на интернет е веќе важна тема за големите бизниси, а со општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ, законот за приватност на потрошувачите во Калифорнија и други закони за приватност, како и безброј вести за трошоците и влијанието на хакирањето врз податоците, малите бизниси се принудени најпрво да се справат со безбедноста на податоците на интернет. Со порастот на вработените кои работат на далечина за време на појава на вируси, видовме сè повеќе нарушувања на приватноста на податоците и на сајбер напади.

Вработените кои користат небезбедна инфраструктура и алатки од трети лица се две од водечките причини за потенцијални прекршувања. Комбинирајте го ова со складирање на податоци и практики за пристап што кршат закони за приватност – на пример, онлајн медицината на платформи што не се во согласност со HIPAA – и потребата за безбедни решенија зазема централно место. 

Покрај тоа, во ова ранливо време, видовме пораст во прекуокеанските напади во странство на многу веб-страници на нашите клиенти. Различни видови обиди за хакирање се почеста појава, а потребата за ажурирање и зачувување на веб-страниците и веб-серверите е од најголема важност. Повеќе бизниси ќе бидат принудени да инвестираат во технологија која е безбедна, приспособлива, достапна од далечина и која ќе може да ја следи примената на новите регулативи за приватност и безбедност.

3. Зголемен број на виртуелни состаноци

Зголемувањето на бројот на виртуелните состаноци е тренд што предвидуваме дека ќе остане. И покрај тоа што нема замена за средба лице-в-лице и ракување, очекуваме да продолжи трендот на виртуелни состаноци. И ова не се однесува само на традиционалниот деловен свет, трендот ќе се однесува на многу други аспекти од нашите животи – на пример, виртуелно средба со вашиот лекар, терапевт, банкар, па дури и стилист за коса за консултација. Ова ќе биде огромна заштеда на трошоци и време за сите вклучени страни. Ова е тренд кој започна пред појавата на вирусот и само ќе продолжи да се засилува. Подготовката за овој тренд е далеку поголема од овозможување виртуелен простор за состаноци и добар софтвер. Работите како дигиталните брошури, дигиталните деловни картички, видеа со упатства и подобрени веб-страници, ќе  го следат во овој тренд и ќе станат неопходни, бидејќи на бизнисите ќе им е потешко физички да им доставуваат материјали на своите клиенти.

4. Зголемена контрола на трошоците

Со затворањето на бизнисите низ цела Америка, тие сè повеќе ќе бараат начини да имаат поголем степен на контрола над нивните трошоци. Ова вклучува бизниси кои бараат пократка временска должина на договорот, итни одредби и прописи на договори, начини за лесно скалабилна работна сила со користење на привремени работници и привремени агенции и целокупна желба за намалување на трошоците, особено повторливи трошоци.

Од прва рака сведочиме дека скоро секој наш клиент изразува потреба да ги намали трошоците, не само како резултат на вирусот, туку и како пракса што сакаат да продолжи во блиска иднина. Иако ова е добра деловна практика, болката од овој економски пад ќе создаде лузни кои веројатно ќе траат години во иднина.

„Бидете подготвени, вашиот бизнис треба да има одговори кога вашите клиенти ќе ве прашаат како можат да заштедат, да ги променат условите во договорот или пак како да го заштитат својот бизнис од идни економски катастрофи.“

5. Поголем број на работници на далечина

За крај, петтиот тренд- зголемен број на работници на далечина. Многу бизниси кои се бореа против трендот на вработените да работат од други локации сега сфаќаат дека иако беа приморани да ги затворат своите канцеларии, вработените на далечина се сè уште ефикасни, ефективни, економични и овој тренд го нуди она што и е потребно на новата генерација.

Со зголемен број на ваков тип вработени доаѓа до зголемената потреба за споменатите четири трендови. Овој тренд е нешто што започна пред повеќе од една деценија, се засили по избувнувањето на КОВИД-19, но тој ќе продолжи да се расте во оваа нова деценија.

Овие трендови ќе бидат релевантни не само во 2020 година, но и понатака.

Бидете сигурни, дека доколку донесете брзи одлуки и се адаптирате на овие трендови, вашата компанија  ќе биде во првите редови на новиот бизнис свет, и дел од дигиталната револуција што следи.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -