5 докажани чекори за почеток на фриленс кариера без претходно искуство

Фриленс индустријата расте, што значи дека се зголемува и конкурентноста на пазарот. Како и за секоја друга професија, така и за оваа, најсилното оружје кога аплицираме за работа е искуството. Но, што ако немате никакво искуство со фриленс работа?

Поврзано:

За среќа, постојат други ефикасни начини да го добиете вашиот прв клиент како фриленсер. Ќе ви откриеме 5 докажани чекори со кои можете да започнете кариера како фриленсер иако немате никакво искуство.

фриленс

1. Стапете во контакт со сите луѓе кои ги познавате

Во фриленс бизнисот, вашите пријатели се од голема важност. Доколку сте изгубиле контакт со некои пријатели, ова е идеална прилика да стапите повторно во контакт со нив. Доколку имате некои стари колеги со кои сте во пријателски односи, контактирајте ги и нив.

Информирајте ги сите што ги познавате дека започнувате кариера како фриленсер. Не се срамете да се рекламирате себеси, немате што да изгубите доколку постојано работите на вмрежување.

Најдобро време да започнете со вмрежување е 30 дена пред да се втурнете во водите на фриленс кариера. Оваа временска рамка е доволна за да се осигурате  дека тие ја добиле вашата порака. Не звучете очајно кога барате препорака за работа. Бидете професионални и културни кога барате услуга.

2.  Бидете добро запознаени со вашиот бренд

Вашите вештини, искуства, академски постигнувања, карактер и професионализмот се дел од вашиот бренд. Кога барате вашиот клиент да ве вработи, вие всушност го продавате вашето портфолио.

Направете профил на LinkedIn, и други социјални медиуми и интернет страници за фриленсери како што се Upwork или Guru. Пополнете го вашиот профил и истакнете ги особините кои можете да им ги понудите на вашиот клиент. Внесете само податоци кои се релевантни на вашата ниша.

Овозможете им на клиентите да можат лесно да ве најдат. Ова можете да го постигнете со блог, социјални медиуми, маркетинг страници за фриленсери и вебсајт со вашето портфолио.

3. Напишете ја вашата цел

Пред да се откажете од вашата работа и да започнете со фриленс кариера, треба да ја запишете вашата цел. Запрашајте се себесиЧ „Кој е мојот план за наредните 365 дена?“

Можете да го побарате најдобриот фриленсер во вашето поле и да истражите како тој станал успешен. Можете да се приклучите на група за фриленсери на Фејсбук и да побарате совет, или пак можете да се поврзувате со луѓе на вашите социјални мрежи секој ден.

фриленс

Со тоа што ќе ги запишете вашите цели, ги зголемувате шансите да ги остварите. Исто така треба и да ја специфицирате вашата финансиска цел. Треба да знаете колку пари ви се потребни да заработувате на неделно и месечно ниво. Освен што ќе ги запишете вашите цели, треба и да си поставите временска рамка за постигнување на истите.

4. Направете истражување

Има многу начини да стекнете вештини – видеа, читање блогови, па дури можете да следите и курсеви на Udemy.

Важно е да ја знаете вашата конкуренција, кои се силните а кои слабите страни на фриленсерите во вашата гранка. Истражете ги најдобрите фриленс профили и дознајте како го имаат организирано нивниот профил, кои сертификати, искуства и препораки ги поседуваат. Споредете го својот профил со нивниот и видете каде треба да се подобрите.

фриленс

5. Ангажирајте тренер за фриленс кариера

Индивидуалното истражување на фриленс индистријата може да биде долго и заморно, и недоволно, особено доколку имате строги финансиски цели. Затоа е добро да стапите во контакт со тренер за фриленс работа, или пак со некој што долго време работи фриленс и може да ве упати на правиот пат.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -