Јас и Ти – прв македонски старт-ап за електронско организирање на свадби

На 30 мај 2018 година, е објавена првата официјална верзија на jasiti.mk– персонализирани свадбени веб-страници. Овој македонски стартап, за прв пат кај нас, ги трансформираше и свадбените организации во “smart” ИТ решение кое ќе им помогне на младенците брзо и едноставно сами да ја организираат нивната свадба.

Свадбите се еден убав свечен чин за многумина, но нивната организација секогаш носи неочекувани моменти за младенците. Па оттука е и идејата за создавање на едно паметно технолошко решение кое им помага на младите брзо и едноставно да ја организираат својата свадба.

“Кога дојде ред да ја организираме нашата свадба сфативме дека има многу ситници што само ни правеа притисок. Искрено тоа е еден преубав момент кој не треба да си дозволите да ви биде проследен со напнати ситуации. Тогаш мојот сопруг кој е софтверски инженер, дојде до идејата да направиме едно иновативно ИТ решение кое не само нас, туку и на сите идни брачни парови ќе им помогне едноставно да се соочат со потешкотиите во организацијата”, вели Пандорка Чушкова Мишкова, основач на Јас и Ти.

Јас и Ти персонализираните свадбени веб-страници им помагаат на младите за полесна и побрза организација, притоа давајќи им слобода да бидат креативни и уникатни и на свој начин да ја раскажат својата приказна на сите. Jasiti.mk е автоматско решение кое за неколку минути креира персонализирана веб-страница. Системот вклучува електронски покани кои младите можат да ги испратат до сите гости со неколку клика. На тој начин тие добиваат детален преглед на листата на гости кои го потврдилие/откажале своето присуство, информации за нивни музички желби, преференции/алергии за храна и сл.

Со ова не само што младите заштедуваат и се грижат за природата без печатење на покани, туку и го избегнуваат делот со дистрибуција на поканите од врата на врата. А пак, го задржуваат персоналниот момент на испраќање на поканата до лична маил адреса на своите гости. Интересно е тоа што ова решение не ги ограничува идните брачни парови на избор на дизајн, туку има дава слобода да си играат со изборот. Исто така, голема предност, особено за гостите кои се од други места, е тоа што добиваат точни локации со време и мапа од локација, за полесно да можат да се снајдат и да бидат на вистинското место во вистинско време.

Преку Јас и Ти сопружниците добиваат и галерија од 10GB каде можат да ги стават сите свои слики и да ги споделат со гостите.

“Ова е првата верзија на Јас и Ти. Секако развојот нема да запре тука. Нашиот тим веќе работи на нови дизајни и функционалности коишто дополнително ќе им олеснат на младите за организација на нивната свадба.”, изјави Диме Мишков, креаторот на идејното решение jasiti.mk.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -