Што треба да направите за да добиете нова работа на виртуелно интервју

Интервјуата за работа предизвикуваат прилично висока количина нервоза и онака, но сега кога голем број компании работат на далечина, разговорите што се дел од процесот за аплицирање за нова работа сега се случуваат на компјутерскиот екран. Овој факт повлекува дополнителни слоеви непријатност – прашања поврзани со технологијата, неочекувани „уфрлувања“ на некој член на семејството во повикот додека камерата ви е вклучена, и чудното чувство кога се обидувате да сфатите кој е на ред да земе збор, пишува CNN.

Поврзано:

Но, во моментов, ова е нашата реалност.

Додека домот може да важи за поудобна средина, тој исто така може да предизвикува потешкотии кога станува збор за воспоставување однос: нема ракување, нема едноставни, воведни зборови што ве опуштаат на патот до канцеларијата каде се одржува интервјуто и општествените невербални знаци што ја олеснуваат комуникацијата се потешки за разбирање.

Добрата е вест е дека подготовките за видео интервју во голема мера сè уште се истите: истражувате што работи компанијата, индустријата и нејзините конкуренти. Смислувате важни прашања што практично ќе ви овозможат да добиете увид за работното место и за организационата култура на компанијата. Испробајте ги технолоѓките алатки пред да почне интервјуто, и секогаш на крај заблагодарете се на личен начин.

Сепак, постојат неколку конкретни совети што можете да ги примените додека ве интервјуираат онлајн за работното место за кое сте конкурирале.

Имате околу една десетина од секунда да оставите прв впечаток. Искористете ја умно.

Бидете подготвени веднаш да се вклучите на видео-повик

Имате околу една десетина од секунда да оставите прв впечаток, според Јан Сигел, ко-сопственик и извршен директор на ZipRecruiter.

Искористете ја умно.

„Бидете насмеани кога ќе се вклучите на повикот, тоа ќе предизвика соодветен одговор од лицето кое ве интервјуира и истовремено ќе ве опушти,“ вели тој. Тој додава дека треба да се облечете како интервјуто да се случува во живо, да седите исправено, да изгледате уредно и да се осигурате дека кадарот што го зафаќа вашата камера не пренесува слика на која се гледаат премногу натрупани работи.

Внимавајте на позадината

Кога одбирате на која локација ќе се сместите за вашето интервју, побарајте место што има неутрална боја во позадината и малку предмети што го одвлекуваат вниманието, препорачува Питер Баскин, директор во Modern Hire.

Одберете место што е добро осветлено, но светлината треба да доаѓа од пред вас. Ако светлината доаѓа од зад грб, тогаш ризикувате да изгледате како силуета и тешко се гледаат изразите на лицето, што значи дека ќе му биде тешко на тој што ве интервјуира да се поврзе со вас. Природната светлина е најдобра опција. Ако сте во можност, користете слушалки со микрофон за да ги одбегнете шумовите што можат да се јават во средината околу вас.

Покажете високо ниво на ентузијазам

Секогаш треба да изгледате возбудени за можноста што сте добиле интервју за нова работа. Но кога интервјуто се случува во виртуелниот свет, покачете го степенот на возбуда.

„Без разлика дали станува збор за романтичен состанок или за интервју за работа, 50% од привлечноста е кога некој прв покажува интерес за вас.“

„Отворено покажете го ентузијазмот. Сакате да ве запаметат по тоа колку сте биле возбудени за шансата,“ вели Сигел. „Без разлика дали станува збор за романтичен состанок или за интервју за работа, 50% од привлечноста е кога некој прв покажува интерес за вас.“

Нека интервјуто ви започне со нешто како ова – Возбудена сум за ова интервју бидејќи (дополнете го празниот простор со нешто конкретно), препорачува Сигел. Може да биде нешто многу едноставно, како на пример – го обожавам производот, читав за неодамнешниот развој на вашата компанија и многу би сакала да научам повеќе за….

Бидејќи невербалната комуникација е потешко да се разбере кога сте онлајн, бидете малку повеќе драматични со движењата како што се давање потврдни сигнали со главата, и насмевки, со цел да покажете интерес.

Одржувајте контакт со очите

Важно е да им покажете на лицата кои ве интервјуираат дека вашето внимание е целосно посветено на она што тие го кажуваат. Поради тоа, Баскин препорачува да гледате право во камерата кога давате одговори.

„Ова ќе им овозможи на регрутерите да имаат подобра перцепција на контактот со очите.“

Неговиот совет е да го смалите малку прозорчето и да го наместите близу камерата. „На овој начин ќе изгледа поприродно дека имате контакт со очите и ќе можете полесно да реагирате на говорот на телото на лицето кое ве интервјуира.“

Исто така, бидете сигурни дека камерата се наоѓа на ниво на очите. „Немојте да ја местите камерата така за да изгледа дека гледате нагоре или надолу во регрутерот на другата страна,“ посочи Баскин.

Запишувањето белешки исто така може да даде добар знак дека вниманието ви е фокусирано, Сигел додава. „Запишувањето на она што некој го кажал, особено кога одговараат на прашање… ќе ги натера регрутерите да ве запаметат.“

Прифатете ги неочекуваните појавувања пред камера на други лица

Да, сакате да се наоѓате во зона каде ништо не го прекинува вашето внимание за време на интервјуто. Но не можете да го сопрете животот – мачката ви се качува на тастатурата или детето се прикрадува позади вашата столица и влегува во кадарот мислејќи дека разговарате со баба му. Искористете го моментот во ваша корист.

„Насмејте се, но немојте да се фрустрирате или лутите,“ советува Сигел. Сите искусуваат слични проблеми кога станува збор за работа од дома, и како вие реагирате може многу да открие за вас пред можните вработувачи.

„Видео-интервјуата го воведуваат прашањето за тоа како се снаоѓате под стрес, сега ја имате шансата да покажете како, наместо да објаснувате,“ додава тој.  

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -