Што подразбира успешното лидерство?

Лидерството е феномен кој тешко се дефинира во детали. Сите знаеме дека е важно, но малкумина можат точно да идентификуваат од што се состои тоа. Лидерството инспирирало голем број одлични цитати: „Лидер е некој кој го знае патот, го оди и го покажува,“ напишал Џон С. Максвел, додека Сајмон Синек има изјавено дека: „Лидерите се тие кои се желни да се грижат за луѓето околу нив. Тие можат да постојат на секое ниво или сектор во една организација. Некого нарекуваме „лидер“ бидејќи тој некој презел ризик да искаже несигурност, да побара помош или да се впушти во опасност пред кој било друг“.

Денес лидерството никогаш не било толку важно, со оглед на фактот дека учиме да живееме без редовната интеракција во живо во канцеларија. Но и оваа промена може да биде позитивна исто така, бидејќи се намалува хиерархијата и се` повеќе вработени и ангажирани лица имаат шанса да придонесуваат со сопствени идеи, истакнува Микаел Верховен, менаџер во SAP UK & Ireland, компанија која се занимава со софтвер и информатичка технологија.

Бидејќи неодамна ја добив позицијата во компанијата, сакав да споделам неколку сознанија за тоа како јас лично им пристапувам на лидерските позиции, пишува тој за Entrepreneur.

Создадете чувство на цел и припадност

Бидете амбициозни во врска со идната состојба која сакате да ја видите отелотворена. Во SAP се чувствуваме поврзани бидејќи сме горди на нашата возвишена мисија: да му помогнеме на светот да функционира подобро и да ги подобриме животите на луѓето. Тоа ни помага во комуницирањето на позитивните примери и однесувања за да покажеме дека е возможно да се направи ваквата иднина реалност. Тоа создава надеж и покажува дека искрено се грижите.

Успехот на клиентите треба да биде ѕвезда водилка во целата организација. Денес, секој лидер треба да размисли за искуството на клиентите и за чувствата што ги побудуваат нивните производи и услуги. Но немојте да се залажувате дека станува збор за „клучните индикатори на ефикасноста“, што често пати се подобрени со цел да го покажат тоа што вие сакате да го истакнете. Нема замена за директниот ангажман со клиентот со цел да се побараат отворени и искрени повратни информации и да се предизвика чувство на итност за да се имплементираат подобрувањата. Болката на клиентите, или нивните потреби, се реални, итни и важни, така што охрабрете ги вработените на менаџерските позиции да носат одлуки и останатите членови на тимот да придонесуваат.

Бидете обѕирни и одвојте време да ги испочитувате претходните искуства на вашите соработници, но и на вашите клиенти. Постои потреба за емпатија и препознавање на што функционирало добро, но потребно и да ги ресетирате очекувањата врз основа на факти за моменталната ситуација и вашиот поглед за идната состојба. Во зависност од големината и комплексноста на организацијата, ова може да одземе повеќе време отколку сте очекувале, така што бидете отворени за тоа дека вие очекувате другите да се ангажираат.

Осигурајте се дека вашиот тим одлично ги разбира очекувањата

Дефинирајте мерливи цели за промената која сакате да ја воведете така што поединците и тимовите чувствуваат и гледаат дека придонесуваат во пошироката организација. Потоа, овозможете им креативна слобода на вашите тимови и верувајте им дека ќе осмислат краткорочни и долгорочни планови за остварување на зададените цели.

Исполнете ги ветувањата и покажете резултати. Ако не можете да ги изброите, тогаш не се важи. Ако правите далекусежни претпоставки и дадете заклетва, тогаш морате да го поддржите тоа со способности и да го направите видливо, за сите да знаат каде стојат. Искуството на клиентите не се состои од она што го работите одреден ден кога се` оди добро. Искуството на клиентите се состои од повторување на високите стандарди на систематски начин, секој ден.

Прифатете ги и бодрете ги членовите на вашиот тим бидејќи тие се вашиот највреден адут

Изградете доверба во менаџментот со тоа што ќе создадете безбеден простор за искажување на спротивставени гледишта. Голем број организации зборуваат за тоа дека немаат хиерархија и се гордеат со исказите дека внимателно слушаат…. но не е така. Треба да престанете со се` што ги спречува луѓето да се искажат себеси и да го оставите егото пред врата во моментот кога ќе влезете во канцеларија.

Познавајте ги силните страни и на поединците и на тимовите, и не се обидувајте секогаш да го поправите тоа во што не сте добри. Личното подобрување е секогаш валидна цел но понекогаш сите треба да прифатиме дека постојат нешта во кои ние како поединци сме добри, и други во кои не сме.

Бидете тимски играч, не волк самотник. Во некои професионални култури постои тенденција да се ценат и истакнуваат ѕвездите солисти и хероите кои сами постигнуваат успех. Но, со цел да остварите поширок корпоративен успех, тимска работа, размена на знаење и споделување се клучни аспекти на работењето.

Комуницирајте ги, истакнувајте ги и препознавајте ги достигнувањата на другите. Онаму каде тимовите постигнале повеќе од зацртаното, земете втор тим кој може да ги научи вештините на првиот и да го пофалите истиот. Без разлика колку е брза културната динамика во организацијата, мора да постои време за промислување и шанса да кажете „одлична работа!“.

Не го третирајте практикантството како обична „инка за нови вработени“. Во нашата компанија, програмите за практикантство се ценат во висока мера, бидејќи откривањето на талентираните професионалци рано е клучно за трансформацијата на брендот и културата на вашата компанија. Не сите практиканти ќе добијат трајно вработување во компанијата, но ако имате јасна цел што сакате да ја постигнете преку овие програми, голем број лица ќе бидат привлечени и ќе бидат ценети од страна на партнерите во вашиот екосистем.

Разберете го човечките мотивации. Како лидери, сакаме да го извлечеме најдоброто од луѓето и тоа почнува со разбирањето на нивниот начин на размислување. Во кои ситуации вработените размислуваат на начин фокусиран кон раст и развој, а во кои веруваат во нивната способност да научат, да прифатат предизвици и да се подобрат? Дали сте доволно јасни во комуницирањето на вашата порака доколку вработените имаат конзервативен и нефлексибилен начин на размислување? Постојат различни алатки што се многу добри за позитивно мотивирање на вработените, додека истовремено не заборавајте да работите и на обезбедување идеи и на составување тимови со способности што се дополнуваат и разликуваат.

Отвореност и свежо размислување

Искористете позитивен начин на размислување за да се справите со комплексни предизвици. Бизнисот не е секогаш лесен и има пречки што можат ненадејно да се појават. Но ако им пристапиме на овие комплицирани области без страв од негативност, можеме да ги одврземе јазлите што не` ограничуваат.

Препознајте ја вредноста на различноста. Луѓето често пати зборуваат напразно за различноста и не прават ништо за да ја подобрат. Морате искрено да сакате да бидете инклузивни и искрено да прифатите лична совест, а истовремено да ги препознавате нецелосните постигнувања или ограничувања на вашето сопствено искуство. Според мене, различноста во начинот на размислувања е огромна и вредна алатка кога се решаваат проблеми и предизвици и имам само позитивни искуства. Еден таков пример е работа со жени лидерки кои инспирираат. Работењето со луѓе од голем број различни култури ми помогна да ги предизвикам моите вродени предрасуди, исто така.

Забавувајте се и охрабрете ги и другите да се забавуваат. Ако работата почнува да создава зголемен притисок и во работната средина доминира чувството да се оствари повисока ефикасност, тоа може да доведе до негативни последици. Важно е лидерите да дадат пример, така што уживајте во вашата работа и охрабрувајте ги луѓето да бидат најдобрите верзии на нив самите и за да се постигнат одлични резултати.

Инвестирајте голем дел од времето во идентификување и развивање на талентираните вработени. Причините за вработување или промовирање на некој вработен треба да бидат транспаренти и бидете објективни во пристапот. Ангажирајте ги луѓето во заедници за тие да можат да ги артикулираат нивните очекувања за нивната позиција и за сите да споделуваат еднакви критериуми за успех. Инвестирањето во развојот на другите е мотивирачки чекор за двете страни и вашата крајна валута за успех како тим.

Се надевам дека покажав, дека иако лидерството може да заземе различни форми и дека често пати најдобрите лидери се тие кои не стојат под рефлектор, сепак нивното работење има ефект на организацијата, а тој ефект е доминантен и постојан. Шансата да бидете лидер е благослов и секој мора да развие личен стил што функционира за вашиот тим. Сепак, најважно од се` е преземањето одговорност, активното слушање и помагање на другите да сјаат и тие.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -