Што вашиот тим треба да чуе во моментов

Како бизнис лидер, регистрацијата на вашиот автомобил, во стилот на американската пракса, треба да има налепница со текстот: „сите имаат вперен поглед во тебе“.

Со оглед на притисокот сегаш да бидете достапни, огромната количина проблеми што треба да се решат, и улогата на споделувач на лоши вести, јасно е дека ништо годинава не е едноставно. Она што е едноставно е дека постои една алатка што може да ви помогне да ја истерате годинава до крај и да ви помогне да остварите успех, пишува Моли Елиасоф, експерт за деловни односи за Entrepreneur.

Не станува збор за нов софтвер или модерна програма за зголемување на мотивацијата.

Станува збор за еден едноставен концепт: комуникација.

Вашата способност ефикасно и ефективно да пренесете информации, и на емпатичен начин, е разликата помеѓу организација која некако се снаоѓа и организација која прави напредок. Елисаоф работи како терапевт за односи повеќе од десет години, и со текот на времето успеала да разграничи неколку корисни комуникациски пристапи што можете да ги користите за да раководите шампионски и за да му помогнете на вашиот тим да расте. Размислете за следниве неколку реченици што можете да почнете да ги употребувате уште денес.

„Забележав дека си навистина присутен“

Јавното признание дека вашиот тим е способен да работи колегијално и неговите членови да се залагаат и да си помагаат еден на друг е дефинитивно потребно. И тие се преморени и изнемоштени, и тие како и вие се обидуваат да го пребродат периодот од ден за ден. Кратка пауза која ќе ја искористите за да им дадете јавно признание, додека истовремено ја истакнувате вредноста на тимската поддршка, ќе ги охрабри да продолжат понатаму и да се почувствуваат горди што им помагаат на другите.

„Навистина вложи екстра напор“

Вашиот тим не е сопственик на вашиот бизнис и го нема направено истиот влог во неговиот успех, што е совршено јасно. Така што, кога тимот ќе вложи екстра напори не само да ги заврши задолженијата што потпаѓаат под нивната позиција, туку и ќе се потруди и самата организација да изгледа добро, или пак се залага да спроведе недоделен проект, тогаш напорите на членовите на тимот треба и вреди да бидат уважени. Едноставно ставете им до знаење дека сте свесни како тие се справуваат со повеќе обврски отколку што сте очекувале и дека го цените нивниот ангажман. Вашата награда им овозможува да продолжат да ги прават тие напори како нешто кое можат да го нивелираат и како поддршка за вас.

„Навистина сум импресиониран со твојата работа“

Во овој случај, што повеќе детали можете да внесете во пофалбата, толку подобро. Јасно кажете му на вработениот за каков вид работа успеал да ви остави таков добар впечаток и каков специфичен проект или задолженија на страна од проектот успеал да заврши. Сите сакаат да се почувствуваат забележани, успешни и ценети. Способноста конкретно да истакнете нешто што некој успеал да го направи во вашиот тим му помага на тоа лице да се почувствува како навистина да ја гледате неговата/нејзината работа, дури и кога вашата енергија е сконцентрирана на други проекти. Тоа исто така му овозможува на лицето да знае што вие мислите дека тој/таа го прави навистина добро. Ова може да ги охрабри членовите на тимот да чувствуваат поголема самодоверба во поглед на конкретна задача (и најверојатно да ја сработат побрзо), и исто така, да разберат дека има простор за поголем раст во други области што потпаѓаат под нивните задолженија. Одлучен член на тимот може да ја искористи оваа шанса да ги стесни тие области каде може да расте и да потроши помалку енергија и време на нив.

„Јас сум само човек“

Како дополнување на свесноста дека и вие правите грешки, свесноста дека вие сте само човек може да биде од голема помош кога се менува динамиката на моќта и кога охрабрувате поотворен и искрен дијалог од страна на вашиот тим. Ова е особено важно во поглед на вашата способност да добивате нови увиди за вашата организација, вклучувајќи и нови идеи како да се зголеми профитабилноста или зошто вашиот сегашен систем за грижа на клиенти не функционира оптимално. Дополнително, ќе служите како пример дека не сме сите совршени, и ќе им овозможите да гледаат како се справувате со грешки и потоа да ја интегрирате таа отпорност во моментите кога тие ќе се соочуваат со тешкотии.

„Утре е нов ден“

Кога вашиот тим смета дека во некој аспект на работењето ве разочарува или не ја постигнува зацртаната цел, без разлика колку здрава изгледа нивната самодоверба, сепак ова може да ве однесе во надолна спирала на негативно размислување за себе и до чувство на срам. Способноста да ја имате перспективата за вашиот тим кога проектите не успеваат или кога нивниот придонес не е доволен може да им помогне да го одржат фокусот на нивната работа и да продолжат да се движат напред во поглед на нивните проекти без да се појави застој. Оваа реченица содржи еден тон оптимизам, така што, дури и некој од членовите на тимот да не е вистинското лице за конкретната позиција, вие ќе бидете во можност целосно да согледате за што се способни пред да донесете конечна одлука.

Тимската култура секогаш почнува намерно и од лидерот. Со овие едноставни реченици, искористени во вашата секојдневна комуникација, ќе ја имате способноста да негувате тим кој ќе биде позадоволен, поефикасен и кој ќе има поголема желба за работа, а ќе ја продлабочите културата и колегијалноста во вашата организација.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -