Шерил Сандберг: Пандемијата создаде деноноќни работни смени за жените

„Пред кризата со коронавирус во САД, многу жени веќе работеа „двојна смена“, работејќи ги своите работи, потоа одејќи во својот дом каде што се одговорни за поголемиот дел од грижата за децата и домашните работи. Сега, учењето на децата од дома и грижата за болни или постари лица создаде дополнителни обврски за жените, што ги води до психичко изморување“ вели Сандберг за Fortune.

Жените имаат повеќе оврски во домот од мажите

Според неодамнешните истражувања на LeanIn.org и Survey Monkey, спроведени во април, една од четири жени велат дека доживуваат тешка вознемиреност проследена со физички симптоми како што е забрзано чукање на срцето. Еден од 10 мажи го кажува истото. Повеќето жени се борат со проблеми со спиењето. Жените, особено црните жени, се позагрижени од мажите, за тоа дали ќе имаат доволно пари да ги подмират сметките и потребните намирници за наредниот месец.

Студиите посочуваат дека 31% од жените кои имаат работа и семејства велат дека имаат многу обврски и им е тешко да постигнат со истите. Само 13% од вработените мажи со семејства го кажуваат истото. Истражувањата укажуваат на тоа дека оваа разлика во процентите не се должи на премисата дека мажите и жените ги имаат истите обврски, но мажите полесно се справуваат со истите. Напротив, жените го чувствуваат овој товар бидејќи тие носат поголем дел од истиот, справувајќи се со полно работно време и одржување на домаќинството.

Доколку го разгледаме распоредот на една просечна жена која има работа и семејство во ерата на коронавирус, би заклучиле дека  таа поминува 71 час секоја недела на домашни обврски и чување на децата, вклучувајќи ги и новите одговорности кои ги донесе пандемијата. Тоа се скоро две работни места со полно работно време – и тоа пред да започне да ја работи својата редовна работа. Во меѓувреме, мажите во истата ситуација имаат 20 работни часови помалку секоја недела. За самохрани мајки, барањата се уште поголеми.

Компаниите треба да го земат предвид психичкото здравје на вработените

Работодавците мора да работат на ослободување од овој стрес. Компаниите се под огромен финансиски притисок за време на овој економски пад, но помагањето на нивните тимови да избегнат исцрпеност и болести треба да бидат приоритет. На тој начин ќе го извлечат најдоброто од своите вработени и ќе ги задржат истите кога кризата ќе заврши.

Само 40% од вработените велат дека нивните компании презеле чекори за да ја зголемат флексибилноста кога започнала пандемијата, а помалку од 20% велат дека нивниот работодавец ги променил своите приоритети или го намалил обемот на нивната работа. Ова не е доволно. Лидерите и менаџерите треба да ги поместат роковите што  можат, да ги погледнат целите поставени пред пандемијата и да ги отстранат овбрските со низок приоритет.

„Во Фејсбук, го прекинавме нашиот вообичаен рејтинг за перформанси – наместо тоа, сите вработени ќе добијат бонуси како веќе да ги надминале очекувањата за првата половина од годината – ги зголемивме бенефициите за вработените кои имаат деца и креиравме нови можности за отсуство на старателите. Исто така, им овозможивме на менаџерите во компанијата да ги менуваат приоритетите – случај по случај. Не секој работодавец може или треба да ги следи овие чекори, но наоѓањето начини како да го намалите товарот на вашите вработени може да направи голема разлика.“ вели Шерил која е оперативен менаџер за Фејсбук.

„Ова е време менаџерите да станат лидери со тоа што на своите тимови им ја овозможуваат многу потребната емоционална поддршка. “

Помалку од една третина од вработените велат дека никој од нивната компанија не ја проверува нивната емоционална состојба. Ако вработените имаат деца, или постара личност за која треба да се грижат, менаџерите треба да го знаат ова и соодветно да ги прилагодат обврските. 

Компаниите од сите големини можат да одржуваат стоечки состаноци

Овие состаноци вообичаено траат кратко време, и претставуваат  можност вработените да споделат искуства од тековното работење, да продискутираат за проблемите, да се приспособат приоритетите доколку е потребно и да се побара помош.

Се разбира, поддршката на работниците за време на пандемијата не може да биде одговорност само на работодавците. Ни требаат национални решенија, вклучувајќи платен одмор, повисока минимална плата и прифатлива грижа за децата. И на домашниот фронт, мажите треба да преземат поголеми одговорности. Многу од нив преземаа поголема одговорност дома за време на оваа криза, но ако сте ја зголемиле продуктувноста во домот од 20% на 30%, тоа е повторно помалку од половина.

„Рамномерното распределување на зголемениот домашен товар – поделбата на двојната двојна смена – ќе помогне во тоа жените да ја пребродат оваа криза со подобро психичко здравје.“

Надминувањето на оваа криза значи овозможување помош за жените да се справат со истата. Сите ние – работодавци, менаџери, лидери на држави и сопружници, треба да им помогнеме во намалување на нивниот товар.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -