Чанта што свети одвнатре за полесно пребарување

Фото: FABRIKK

Кејт Пирсон, основачка на дизајнерското студио од Лондон FABRIKK, креираше материјал за обложување на внатрешната страна на чантите, пишува Designboom.

Она што е ново се вградените LED светилки во самата ткаенина што овозможува лесно пребарување во чантата. Светлото автоматски се “пали“ штом корисникот ќе ја отвори чантата.

Таканаречените VELA светилки се вклучуваат преку прекинувач близу надворешниот дел за закопчување на чантата. Бојата на светлото, исто така, може лесно да се менува според желбите на корисникот.

Ткаенината, којашто е направена од еколошки материјал од плута, е водоотпорна, а чантата доаѓа во повеќе елегантни варијанти и бои.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -