Целосно економско закрепнување е помалку веројатно без вакцина против коронавирус

Во ретко интервју во неделата, првиот човек на американските финасии, претседателот на Федералните резерви – Џeром Пауел, ја истакна сопствената визија за економското закрепнување на Америка – нешто што тој рече дека може да трае до 2021 година – со оглед на тоа што коронавирусот продолжува да ги принудува прекините на деловните активности и го уништува пазарот на трудот, пишува Форбс.

Поврзано:

Пауел даде резиме на можната големина на долгорочната  штета на економијата:

 „Постои реален ризик ако луѓето се без работа подолг период, нивните вештини атрофираат и тие губат контакт со работната сила. Историјата покажува дека подолгите и подлабоките рецесии имаат тенденција да остават зад себе штета по кариерите на луѓето “.

Период на закрепнување

  • Пауел предупреди дека економското закрепнување може да трае повеќе од една година: „Ние навистина не знаеме“, рече тој.
  • Тој исто така, ги повика пратениците „да направат повеќе за да „избегнат подолгорочни штети  на стопанството“, и додаде дека може да се јави потреба од стимулативни мерки за уште три до шест месеци.
  • Тој призна дека стапката на невработеност може да достигне околу 20% или 25%; додека во Април, стапката на невработеност била 14,7%.
  • Пауел исто така рече дека не смета дека „втората голема депресија“ е веројатен исход, цитирајќи ги фактите дека сегашната криза е предизвикана од надворешен фактор, а не од неуспех во финансискиот систем и дека Соединетите Држави имале „многу здрава“ економија пред само два месеци.
  • Тој предупреди дека целосното закрепнување не е можно без вакцина.

Според Пауел, најниските заработувачи паѓаат на товар на економсијата. Претседателот рече дека кај луѓето кои работеле во Февруари, заработиле помалку од 40,000 американски долари на годишно ниво, а скоро 40% ги загубија своите работни места во текот на минатиот месец.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -