ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕРИ И ПРП: ЕЛИКСИР ЗА МЛАДЕШКИ ИЗГЛЕД НА ЛИЦЕТО

Медикус Хелп е компанија која 25 години постои на македонскиот пазар. Нивниот успех се должи на нивната подготвеност да одговорат на специфичните потреби на клиентите и на квалитетот на производите што ги нудат, следејќи ги светските трендови во нивната индустрија. Медикус Хелп има широко портфолио производи и е генерален застапник на производите Revanesse и Regen Lab  за Македонија. Прочитајте што д-р Огнен Даскалов, пластичен хирург, има да каже за користењето на хијалуронската киселина и ПРП во разговорот за нашиот портал.

На почеток кажете ни што се хијалуронски филери?

Хијалуронските филери претставуваат пополнувачи кои содржат хијалуронска киселина која природно се наоѓа во нашата кожа. Телото постојано ја создава, но со текот на годините производството на хијалуронска киселина опаѓа. Хијалуронската киселина на кожата и дава свежина, еластичност и младешки изглед. Нејзината улога е да ја задржи водата во кожата (хидрира), да го намали сушењето, да ја подобри еластичноста, затегнатоста и да ги забрза процесите на заздравување на кожата. Синтетичката хијалуронска киселина во филерите е идентична со природната, па затоа и интервенцијата во голема мера е безбедна.

Каде се може да се применат хијалуронските филери?

Хијалуронските филери ги пополнуваат брчките, ги елиминираат темните сенки и подочниците, го враќаат волуменот, ведрината и контурите на лицето. Се користат за  зголемување на усни, корекција на асиметрични усни, јаболчници, назолабијални бори, пополнување на бразди на челото и меѓу веѓите, пополнување на борите околу очите како и за затегнување на виличната регија со цел подобрување на марионетите, т.е. брчки што наликуваат на мали загради, кои се спуштаат од аглите на усните.

Дали процедурата е болна?

Процедурата е безболна. За поголем комфорт на пациентот пред третманот се става  локален анестетик

Колку време траат филерите ?

Филерите се вбризгуваат во саканата регија и остануваат околу 9-12 месеци.

Колку ќе траат зависи од концентрацијата на хијалуронската киселина во филерот, каков тип сме употребиле, од квалитетот на самиот филер, од градбата на кожата и од моменталната состојба на лицето. Ефектот е видлив веднаш после третманот.

Работите и ПРП третман. Можете ли да ни објасните повеќе за оваа процедура?

Плазмата збогатена со тромбоцити од неодамна најде своја примена и во естетската медицина. Овој третман кој уште се нарекува „вампирски фејслифтинг“ е безбеден и ефикасен начин за стимулација на ендогена регенерација и побрзо зараснување. Целата процедура трае 20тина минути. Процедурата опфаќа земање крв од пациентот која се центрифугира, и потоа плазмата збогатена со тромбоцити се аплицира на лицето, вратот или пределот на деколтето. Факторите на раст од тромбоцитите во длабоките слоеви на кожата го активираат процесот на регенерација. Какви ќе бидат ефектите зависи од тоа кои епрувети се користат. Со епруветите на Реген Лаб се добива плазма со највисок процент на тромбоцити и фактори на раст, и затоа резултатите се повидливи и потрајни. Исто така оваа компанија има свој патентиран производ кој се нарекува Cellular Matrix (ПРП во комбинација со хијалурон), со кој се добиваат подобри и подолгорочни резултати. ПРП во комбинација со хијалурон дава одлични резултати за подобрување на тонусот на кожата, хидратација, третман на лузни од акни и на затегнување и подмладување на кожата на лицето, вратот, деколтето и рацете.

Кога се гледаат ефектите од Cellular Matrix?

Веднаш по третманот се добива свежина и хидрираност на кожата, а ефектите се зголемуваат во наредниот период, а најизразени се по две недели.

Колку третмани се потребни со Cellular Matrix?

Протоколот зависи од длабочината и степенот на изразеност на брчките, лузните и од посакуваниот резултат. Лекарот треба да одлучи за третманот заедно со пациентот за да се постигне најдобар резултат.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -