Функциите на мобилниот што морате да ги исклучите ако не сакате да ве следат додека го користите телефонот

Ако користите мобилен телефон, морате да имате на ум дека секогаш некој може да ве следи бидејќи додека е телефонот поврзан со мобилни мрежи, постои запис на вашата локација, коментира експертот за безбедност Патрик Вардл по искажаните предупредувања за користење паметен телефон, објавени од страна на американската Национална безбедносна агенција (NSA).

Од државната агенција им кажуваат и им препорачуваат на сите запослени во владините тела и агенции, и на воениот персонал, да исклучат и да деактивираат некои од услугите кои сите често, секојдневно ги користиме, вклучувајќи ја и Bluetooth опцијата, вклучувањето на безжична мрежа, можноста за пронаоѓање на телефонот во случај да го изгубите, цитира Послновни дневник, повикувајќи се на Ars Tehnica.

Локациските податоци овозможуваат голем број информации

Исто така, од огромна важност за корисниците е да ги исклучат локациските податоци што се исклучително важни и мораат да се заштитат. Тие можат да го откријат бројот на корисникот на одредена локација, а преку тие функции може да се следи и движењето на корисникот, неговата рутина на дневни движења и рутината на членовите на организацијата, оттука благодарение на тие податоци можат да се откријат извесни поврзаности помеѓу корисникот и локацијата што на друг начин не би можеле да се откријат, предупредува Националната безбедносна агенција.

Уште еден совет од американската организација се однесува на однесувањето на корисникот на социјалните мрежи на кои не би требало да се објавуваат информации за локациите што ги посетува, а предупредуваат и на можност од истекување локациски информации преку навигацијата во автомобилите, мобилните уреди, системи засновани врз Интернетот на нештата, итн.

Иако станува збор за совети што првенствено се насочени кон лицата кои работат или соработуваат со војската, јасно е како истите сигурносни принципи се од корист за сите видови корисници, исто како што е јасно дека ако се почитуваат тие предупредувања, тогаш не би можеле да се користат големиот број функции на мобилните телефони.

Официјални лица од безбедносната агенција нагласуваат како им е јасно дека гео-локациските можности се од исклучителна важност за мобилната комуникација, како и дека нивните предлози се во насока на заштита на корисниците, односно нивната приватност и безбедност, за поголемиот дел од нив се непрактични. На пример, при користење мапи и навигација јасно е дека мораме да користиме локациски поставки кои се неопходни и за следењето на нашите спортски активности како што се трчање или возење велосипед.

Можностите за злоупотреба се зголемуваат

Но секогаш постои можноста податоците за локацијата и движењето што ги собираат мобилните апликации и сервисите за огласи да се собираат во масовни дата бази, до кои можат да стигнат и трети страни што можат да ги искористат против корисниците, државните организации, компании итн.

Ars Tehnica потсетува и на услугите кои собираат и продаваат информации за локациите засновани врз локациски базни станици и мобилни оператори, како и на фактот дека корисниците можат да се следат дури и кога се исклучени мобилните податоци бидејќи локацијата може да се следи и преку безжична интернет мрежа и Bluetooth опцијата.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -