Фрази што прават да звучите непрофесионално

Колку и да сте стручни во работата, многу често се случува да се претставите во поинакво светло, односно вашето претставување да не е на вашето вистинско ниво на стручност. За тоа да не биде така еве кои фрази треба да ги елминирате.

Не знам

Иако не можете да знаете се` во секое време, кога ќе кажете “не знам”, луѓето може да помислат дека не сте доволно компетентни за работата. Обидете се недостатокот од знаење и информации да го “пополните“ или да го искажете на поинаков начин.

Морам да го прашам шефот

Без разлика на хиерархиската позиција во вашата компанија, за одредени обврски треба да преземете одговорност, а не се` да оди преку вашиот шеф, односно претпоставен.

Не сум сигурен/на

Дури и ако не сте сигурни во нешто, кога тоа го вербализирате покажувате слабост и делувате помалку професионални.

Мени ми одговара кога вам ви одговара

Навистина? Што доколку другата стана закаже состанок во 4.30 наутро? Треба да го почитувате своето време и да ги договарате состаноците по обострано разбирање и договор.

Јас сум…

Во ред е ако на социјалните мрежи се претставувате само со име. Но, на работа, особено кога праќате мејл важно е да започнете со име, презиме и позицијата на којашто работите.

Фото: Pexels

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -