Учествувајте на интерактивен онлајн настан – Вмрежувањето како клуч за успешни деловни контакти за претставниците на туристичкиот и угостителскиот сектор

Во рамките на потпроектот Градење менаџерски вештини и деловни врски за подобрена услуга во туристичкиот и угостителскиот сектор кој Фондација ЦЕЕД Македонија го спроведува со поддршка на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), овие две недели се спроведува тренинг програма за управување со луѓе и човечки ресурси, а во најава за следната недела е и специјализиран настан за вмрежување и деловни контакти.

Специјализираниот настан за вмрежување и остварување деловни контакти помеѓу туристички и угостителски бизниси со наслов „Вмрежувањето како клуч за успешни деловни контакти“ ќе се одржи на 20 ноември 2020 год (петок). Освен едукативен дел, настанот ќе опфати и дел наменет за остварување деловни средби и размена на контакти и информации помеѓу туристички и угостителски бизниси од Македонија.

Учеството е бесплатно, а сите заинтересирани сопственици и менаџери од туристички и угостителски бизниси можат да се пријават на овој настан со пополнување на едноставна онлајн апликација, и тоа најдоцна до 18.11.2020 год. Местата ќе се пополнуваат по принципот „прв пријавен – прв услужен“, се` додека има слободни места.

Целта на овој настан е да овозможи директно запознавање помеѓу различни туристичко-угостителски бизниси и на тој начин да поттикне соработка и евентуални партнерства. Настанот ќе се одвива онлајн, со цел да се обезбеди максимална безбедност на учесниците. 

Управувањето со човечките ресурси е клучно во време на криза

Во рамките на потпроектот Градење менаџерски вештини и деловни врски за подобрена услуга во туристичкиот и угостителскиот сектор  во тек е и тренинг програма за управување со луѓе и човечки ресурси.

Тренинг програмата која се одвива онлајн, се состои од 3 модули и е наменета за менаџери од туристички и угостителски бизниси од Македонија. Нејзината цел е јакнење на нивните знаења и вештини за управување со човечки ресурси при што особен фокус е ставен на специфичните предизвици што се должат на моменталните околности, односно условите на криза предизвикани од Ковид-19.

Во програмата учествуваат над 30 учесници, претставници на различни компании од секторот туризам и угостителство од територијата на целата држава, односно од хотели, ресторани, туристички агенции, тур-оператори, превозници, приватни пансиони, и други видови на туристичко-угостителски бизниси.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -