Угостителските објекти во земјава ќе отворат утре

Рестриктивните мерки за движење во периодот од 19ч до 5ч наутро следниот ден престануваат да важат денес, а од утре ќе отворат и угостителските објекти.

Поврзано:

Олабавувањето на мерките беше највено вчера од премиерот Оливер Спасовски на прес конференцијат во Влада. 

Премиерот нагласи дека од четврток ќе бидат отворени терасите и отворените делови на угостителските објекти, додека за внатрешниот дел од објектите ќе се чека следната фаза на олабавување на рестриктивните мерки. 

Спасовски дополнително најави дека од 1 јуни, по препорака на Комисијата за заразни болести, ќе престанат да важат заклучоците на Владата во врска со уредбите за работа од дома, патување кон работното место, организирање на работниот процес и слично. Ова нема да важи за родители кои имаат деца до 10 години и за хронично болните лица.

Државниот карантин, за македонски државјани кои доаѓаат од странство во земјава, ќе биде заменет со домашна самоизолација, а лицата кои се веќе во државен карантин, на сопствен трошок ќе можат да направат ПЦР тест и ако резултатот е негативен ќе може да одат во самоизолација

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -