Три стратегии за раст што малите бизниси можат да ги научат од Гугл

Кога станува збор за водење мал бизнис, морате самите да завршите голем дел од подготвителната работа. За добро или лошо, вие сте господар на сопствената судбина, и успехот на вашата организација живее и умира во зависност од вашата способност да носите стратешки одлуки за раст, смета Боби Бар, експерт од областа на раст на бизнисот со над 34 години консултантско искуство.

Можеби сега сте сопственик на мал бизнис, но долгорочното планирање на растот значи дека ја земате предвид можноста дека нема секогаш да водите мал бизнис. Со правилно планирање и извршување, претприемачкото семе што ќе го посадите денес може да порасне во мултинационален конгломерат утре. За да планирате успешен раст на тоа рамниште, помага за пример да се земат џиновите кои исто така започнале како мал бизнис.

Еден особено сеприсутен мал бизнис што се претворил во суперѕвезда е Гугл. Заедно со неговата родителска компанија, Алфабет, Гугл вреди еден трилион американски долари. Компанијата е толку многу влијателна што терминот „гугл(а)“ сега е глагол во речник.

Ако сте сопственик на мал бизнис кој сака да го емулира успехот на Гугл и на други компании со фокус на раст, примената на трите чекори што следуваат ќе му помогне на вашиот бизнис да го реплицира „учебникот“ на Гугл со цел да постигнете раст, да привлечете инвестиции и да негувате организациски успех.

Разликувајте се од конкурентите

Пред да испловите кон зајдисонцето со идејата за мал бизнис што ќе ви донесе милиони, прво ви треба идеја. Но, не каква било идеја. Ќе помогне ако имате бизнис модел што се истакнува од конкурентите, што ќе нуди нешто што другите не го нудат.

Размислете за Гугл. Сигурно не е единствениот алгоритам за пребарување на интернет. Други големи имиња во индустријата ги вклучуваат Bing, Yahoo!, Ecosia, Ask и многу други. Во исто време, ниту една од овие компании не го прави тоа толку добро како Гугл. Тоа е поради тоа што Гугл се разликува со алгоритам за пребарување што постојано учи, еволуира и расте. Неговата цел е едноставна: да им обезбеди на корисниците апсолутно најдобри резултати наместо повеќето резултати.

Гугл се фокусира на квалитетот, не на квантитетот. Како таква, компанијата е наградувана за нејзиното внимание кон пазарната потреба што ги подобрува животите и ги решава проблемите на милиони луѓе секој ден.

Како и Гугл, вашиот производ (и самата природа на вашиот бизнис) не треба да биде целосно нова. Она што е важно е да развиете аспект од вашиот бизнис што е нов. Наместо едноставно да ги реплицирате претходните успешни бизниси, создадете елементи на нов модел што ќе предвиди потреба на пазарот што во моментов не постои. Ако можете да го направите ова, ќе бидете на патот кон постојан раст за час.

Проширете се во нови области

Родителската компанија на Гугл, Алфабет, е проширена во неколку различни индустрии и поседува некои изненадувачки познати имиња: YouTube, апликацијата Waze, текстилниот бренд Fitbit.

Како претприемач, важно е да не ги ставате сите јајца во иста кошница. Ако вашиот мал бизнис се одвива околу еден производ, бизнис модел или продажна стратегија, што ќе правите кога пазарната потреба за тој производ, модел или процес стагнира?

За несреќа, на овој начин голем број бизниси пропаѓаат. Стартап компании што добиваат инвестиции од бизнис ангели со надеж дека ќе ја претворат нивната идеја во национална компанија, често пати се фалат откако ќе ги потрошат сите средства на еден единствен, непривлечен бизнис модел. Наместо да се потпирате на една визија или стратегија, размислете да го направите вашиот бизнис поразновиден и да решите неколку потреби за вашата специфична публика.

Гугл не е единствениот играч што ја познава вредноста на проширувањето. Амазон почна како продавница за продажба на книги, Елон Маск започна со PayPal, а сега неговата компанија за истражување на вселената е насочена кон Марс.

Кога станува збор за водење мал бизнис, нема преголем сон за проширување. За волја на вистината, проширување во вистинско време е многу веројатно најдоброто нешто што можете да го направите за себе и вашиот бизнис.

Усовршете се во вашата пазарна ниша

Гугл знае дека диверсификацијата и проширувањето се клучни. Сепак, никогаш не ја заборава вистинската вредност на бизнисот: да обезбеди врвни пребарувачки резултати за безброј луѓе секој ден.

Поентата на проширувањето и диверсификацијата е да се зачувате себеси од потенцијалот на идеја што нема да излезе добро. Сепак, кога ќе пронајдете идеја што всушност функционира и се поврзете со публика што ја прифаќа, клучно е да станете многу вешти и искусни во вашата ниша и да бидете врвен играч на пазарот.

Станувањето најдобар во вашето поле изискува време, вежбање, инвестиции и иновации. Ова е можеби најтешкиот совет што би требало да го реплицирате. Истовремено, ако посветите внимание на вашиот занает, се фокусирате на создавање сопствен бизнис и создадете бизнис модел што е вистински извонреден, ќе бидете подготвени за позитивен раст и на краток и долг рок.  

Најголемата лекција за претприемачите што сакаат да ги реплицираат стратегиите за раст на Гугл е едноставна: растот има врска со учењето. Што повеќе ги проучувате шемите за раст и системите на пазарните џинови како Гугл, толку повеќе вие ќе бидете подготвени кога вашиот бизнис ќе биде спремен за следниот изблик на раст.

Извор: Entrepreneur

Со уникатноста на вашиот бизнис модел, проширувањето на нови пазари и усовршување во услугите и добрата што ги обезбедувате, вашето бизнис семе ќе расте на прекрасен начин – и профитабилен.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -