Три начини како претприемачите да останат видливи за време на пандемијата

Како претприемач, треба да бидете ваш сопствен најголем поддржувач. Голем број претприемачи го немаат луксузот да ангажираат тим за маркетинг и односи со јавност. Ваквите активности полесно се организираа во времето пред појавата на пандемијата кога бевме во можност да посетуваме настани и конференции и редовно да се среќаваме со (потенцијални) соработници, колеги и партнери во физичкиот свет. Иако одредени дејности почнаа повторно да се отвораат на ограничен начин во САД, ќе помине долго време пред повторно да се вратиме на рутините што ги имавме пред Ковид-19. Дополнително, луѓето имаат различни степени на удобност во врска со состанувањето лице-в-лице сега и важно е да ги почитуваме тие нивоа. Сепак, има одредени постапки што можете да ги преземете сега за да бидете сигурни дека ќе останете видливи и дека ќе продолжите да го развивате сопствениот бизнис, советува Џенифер Лин Робинсон, извршен директор на Purposeful Networking, која има огромно искуство во држење јавни говори на конференциите ТЕД, и во водење работилници за деловно вмрежување.

Прифатете го виртуелното говорење

Составете список на желби со компании или организации што ќе стигнат до вашиот таргетиран пазар. Откако ќе го имате составено тој список, почнете да ги контактирате една по една и понудете се да остварите виртуелен разговор, вебинар, состанок на кој ќе можете да си поставувате и одговарате прашања… Ако нудите услуги во областа на јавното говорење како Робинсон, тогаш бидете сигурни дека не ги обезбедувате тие услуги за џабе. Бидете тактични и понудете ги вашите услуги само кога има потенцијална победа и за вас. По настанот, побарајте препорака на LinkedIn додека се` уште се свежи импресиите од вашата изведба, а имајте на ум дека препораката може да биде детална и лична. Ако имате различен вид бизнис, понудете бесплатен вебинар или попуст за вашата таргетирана публика или некаков вид на поттик за да се приклучат на вашата листа контакти на кои им испраќате редовни меилови.

Создадете лични односи со јавност

Поминете време во сопствено претставување во пишаните медиуми и на телевизија. Почнете локално. Истражете кој медиум покрива конкретна тема за да можете да се претставите пред вистинското лице. Погледнете ги достапните календари на уредниците. Дополнително, осигурајте се дека размислувате за аспект на вашата работа кој би бил соодветен за медиумско покривање во овој период. На пример, дали требаше да ја промените стратегијата или производот на вашата компанија за време на пандемијата со цел да го освоите пазарот? Во моментов тоа е тема која соодветствува на периодот во кој се наоѓаме и за која медиумите се заинтересирани.

Бидете претприемач кој поврзува

Во моментов околностите се многу тешки и сите се справуваме со многу изолација и осаменост. Бидете некој кој се грижи за тоа да ги спои другите, макар и на виртуелна активност или настан. Одлична идеја би било да организирате или да сте дел од организацијата на виртуелен настан за вмрежување со пресрет на празничната сезона. Продолжете виртуелно да се претставувате пред вашите клиенти и соработници и во рамки на вашата заедница отворено дискутирајте ги предизвиците и можните решенија. На пример, неодамна една клиентка на Робинсон искажала интерес дека сака да работи за компанија каде таа веќе работела. Робинсон ја има единствената позиција преку која може да направи топол вовед и да ја упати нејзината клиентка до вистинските луѓе во фирмата. „Кармата на вмрежувањето“ секогаш ќе се врати со добро. Запомнете, вашата репутација се состои од тоа што луѓето го зборуваат за вас кога не сте во просторијата.

Видливоста е успешна кога е постојана. Секој ден, направете барем едно мало дело со кое ќе го придвижите бизнисот напред, дури и да станува збор за пост на социјалните медиуми. Конзистентноста се однесува и на содржината. Не треба само да сте видливи, туку да сте видливи во неколку потесни области каде луѓето ве сметаат за експерт или за лидер. И запомнете, во моментов, развивањето на вашиот бренд е во вашите раце, така што создадете клима каде ќе останете видливи дури и ако не го напуштате сопствениот дом.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -