Субвенции за женско претприемништво во земјава

Министерството за економија објави четири јавни повици во рамки на Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво за 2020 година наменети за поддршка на домашните компании, стои во соопштението.

Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија, за финансиска поддршка на женско претприемништво, за поддршка за развивање, одржување и применување на социјално прифатливи практики и јавниот повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачката индустрија.

Предмет на јавниот повик за финансиска поддршка за женско претприемништво се субвенции на претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, преку кофинансирање на 50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари по апликант направени за набавка на опрема и алати, уредување/подобрување на деловниот простор, воведување на софтверски решенија (50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 60.000 денари).

За оваа мерка во Буџетот на Министерството за економија предвидени се средства во вкупен износ од 1.500.000 денари. Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е до 31.05.2020 година. Јавниот повик може да го најдете на следниот линк: http://www.economy.gov.mk/doc/2758.

Предмет на јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија е тие да вработуваат над три лица, односно, две лица доколку апликантот e претпријатие во сопственост на жена (над 50%) и управувано од жена, преку субвенционирање на 50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 300.000 денари вкупно по апликант, направени за набавка на опрема и алати. За оваа мерка  предвидени се средства во вкупен износ од 14.000.000 денари во Буџетот на Министерството за економија. Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е до 31.05.2020 година. Јавниот повик може да го најдете на следниот линк: http://www.economy.gov.mk/doc/2757.

Предмет на јавниот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловен субјект, за развој на производ и развој на пазар. За оваа намена во Буџетот на Министерството за економија се предвидени 4.500.000 денари. Со оваа мерка се поддржува: изработка на техничка документација за нов производ односно за подобрување на постојниот производ и/или изработка на индустриски дизајн /редизајн на производ, изработка на студии за истражување на пазарот и/или маркетинг стратегија и/или активности за развој на бренд, набавка, имплементација, сертификација и обука за стандарди (MKC EN ISO 50001;  MKC EN ISO 14001; MKC EN ISO 45001; MKC EN ISO 31000); хармонизирани и други стандарди и стандардизациски документи од областа на преработувачката индустрија, експертска поддршка во развивање/имплементација на проект за оптимизација на производството  преку воведување нови бизнис модели со напредни производни и менаџерски филозофии во насока на унапредување на продуктивноста и квалитетот и намалување на трошоците, развивање и имплементација на проекти за дигитална трансформација на претпријатијата од преработувачка индустрија, кофинансирање на дел од трошоците за соработка меѓу компаниите и универзитетите, експертска анализа и изработка на техничка–проектна документација или студија за техничка изводливост, изработка на проектна документација за поставување на фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

Министерството за економија го надоместува делот на трошоците во висина од 75% од докажаните трошоци на барателот, но не повеќе од 300.000 денари поединечно за секој барател. Јавниот повик може да го најдете на следниот линк: http://www.economy.gov.mk/doc/2756.

Предмет на Јавниот повик е надоместување на дел од трошоците од страна на Министерството за економија, за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти. За оваа намена се предвидени 1.000.000 денари од Буџетот на Министерството за економија. Преку оваа мерка се надоместуваат трошоци за: воведување/стекнување со сертификат/извештај за менаџмент системи за општествена одговорност, во висина од 70% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 120.000 денари поединечно за секој барател на средствата, стекнување со сертификат за систем за одговорни односи на пазарот, согласно сертификатот Фер со потрошувачот, во висина од 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 27.675 денари поединечно за секој барател на средствата.

Овие субвенции не се наменети за претпријатија чија основна дејност е примарно земјоделско производство и рибарство, образование, наука и здравство, правни и физички лица кои вршат правни услуги кои се даваат преку јавни служби како што се адвокатура и нотаријат; како и  независни професии: извршители, стечајни управници и проценители. Јавниот оглас може да го најдете на следниот линк: http://www.economy.gov.mk/doc/2760.

Извор- Бизнис Инфо. Оргиналниот текст можете да го најдете на овој линк.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -