Скопската болница Св. Наум Охридиски со нова донација од Винора

Компанијата ВИНОРА ДООЕЛ Скопје не запира со придонесот во здравствениот систем. Како општествено одговорна компанија, овој пат ВИНОРА ДООЕЛ Скопје донираше 270.000,00 денари во ЈЗУ Специјална болница по хируршки болести Св. Наум Охридски. Средствата се наменети за поддршка борбата против коронавирусот – Ковид-19.

Донираната опрема на болницата вклучува комплетна реконстукција на приклучните места за кислород во интензивна нега, ларингоскоп со 5 шпатули, анестезиолошка оперативна столица и црева за анестезија за еднократна употреба.

„Нашиот постојан придонес кон здравствениот систем со справувањето со ситуацијата во која се наоѓаме не застана при нашите првични донации. Свесни сме за потребите на клиниките, па и секоја донација е сега добредојдена. ВИНОРА нема да запре тука. Како компанија со долгогодишно искуство во својата област секогаш се трудиме со своите производи и услуги да покажеме врвен квалитет по кој веќе долго нè познават нашите клиенти,“ вели Александар Николовски, управител на ВИНОРА ДООЕЛ Скопје.

Со овој гест ВИНОРА ДООЕЛ Скопје потврдува дека е лидер во својат област на дејствување.

Инаку, ВИНОРА ДООЕЛ е ексклузивен застапник на реномираните германски фирми „Дрегер“ и „Атмос“ и на „Белимед“ од Швајцарија на територијата на републиката. Покрај тоа, таа е партнер и на многу други познати и реномирани фирми од областа на медицината. Специјализирана за продажба и сервис на висококвалитетна медицинска опрема на македонскиот пазар. ВИНОРА со своето долгогодишно искуство важи и како водечка фирма во делот на проектирање, изведба и одржување на системи за снабдување со медицински гасови и вакуум во здравствените институции ширум земјата.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -