САД: Вработените мајки се под огромен притисок

За Клара Васкез, сертифициран обезбедувач на домашна нега, во земјоделскиот град Санисајд, во државата Вашингтон, пандемијата создаде ново ниво на анксиозност. „Тука сум за да се грижам за луѓето на кои сум им потребна, но кој ќе се грижи за мојот син,“ вели таа. „Немам никој,“ објаснува таа, пишува CBS News.

Оптовареноста со работата создава последици во семејството

Таа и нејзиниот сопруг Агустин кој работи како возач на камиони, едвај успеваат да врзат крај со крај. Училишната настава сега се спроведува онлајн, а тие не можат да си дозволат регуларна бебиситерка за седумгодишниот Кевин, и мораат да се потпираат на импровизирани решенија што ги вклучуваат пријателите и членовите на семејството.

„Една од работите што син ми секогаш ги кажува кога си легнува е: кој ќе ме чува? Се грижи, не може да спие убаво бидејќи не знае каде ќе биде. Тоа ми го крши срцето, бидејќи има денови кога само велам: ќе видам кој ќе ми одговори за да можам да те оставам таму“.

Васкез се плаши дека нејзиниот син заостанува во училишната работа, и копнее да биде дома и да помага.

Дописникот Рита Брејвер ја запрашала Васкез:„Од финансиска гледна точка, колку би било тешко ако треба да престанеш да работиш?“

„Тоа би не довело до повисоки долгови, и едноставно не можам да си дозволам да ја напуштам работата,“ одговорила Васкез. „Бидејќи, ако го направам тоа, нема да можам да си ги платам сметктие“.

Мајките истовремено работат на 3 места

Професорката Џоан С. Вилијамс, основач и директор на Центарот за закон за работен живот, при правниот факултет Хејстингс, на Универзитетот во Калифорнија, вели дека мајките се во невозможна ситуација: „Ја работат својата работа, работата на работникот кој треба да се грижи за нивните деца, и работата на учителите на нивните деца“.

Брејвер прашала: „Колкав е бројот на добиени повици сега, за време на пандемијата, во споредба со повиците што ги добивате во нормално време?“

„Апсолутно неверојатен,“ одговорила Вилијамс, додавајќи дека имаат зголемување за 250% на луѓето кои ги бараат.

На почетокот на пандемијата, Вашингтон обезбеди сет мерки за да им помогне на семејствата, но голем број лица не беа подобни да бидат одбрани да ја добијат помошта, а поголемиот дел од парите за таа намена веќе се потрошени.

И додека голем број татковци исто така се борат, едно ново истражување покажува дека жените имаат три пати поголеми шанси од мажите да не работат поради пандемијата и наместо тоа, да ја обезбедат грижата за децата.

Според Вилијамс, 57% од мајките сега велат дека патат од депресија и анксиозност споредено со само третина од татковците. Осумдесет проценти од мајките сега велат дека се бават со поголемиот дел или со целата домашна работа и домашното образование.

„Имаме ситуација каде луѓето се држат под контрола, и целата инфраструктура се распаѓа,“ вели Брејвер.

„Знаете, веќе сме во луда ситуација во САД – мислам, ние сме единствената индустриска нација каде нема платено отсуство за родителите,“ потенцира Вилијамс.

Вилијамс вели дека многу мајки се соочуваат со сериозен степен на индиферентност, па дури и со непријателски односи од страна на работодавците. „Сите тие се чувствуваат како да се навистина втурнати во битка,“ вели таа.

Често пати работодавците немаат разбирање за вработените мајки

Даниел Ми работела како дел од раководството во секторот за компјутерска безбедност, во организација која е на листата на Фортун 50. Но се` колабира во март. Компанијата на Ми им кажа на сите вработени да работат од дома. Поради Ковид-19, нејзината бебиситерка не можеше да дојде во куќата на Ми. Нејзиниот сопруг помага, но и тој има работа поради која е под постојан притисок.

Поголемиот дел од одговорностите за бебето Логан паднаа на грбот на Ми.

Брејвер ја запрашала: „Како реагираше компанијата во поглед на околностите во кои се најде?“

„Работев во средина каде во голема мера доминираа мажи,“ одговорила Ми. „Почнав да забележувам коментари од време на време што сугерираа дека луѓето не се согласуваат со тоа – знаете, го држам бебето додека сум на виртуелен повик, или го носам на конференциски повик, работи што ги правеа луѓето да не се чувствуваат удобно“.

„Неудобно бидејќи не им се допаѓаше да гледаат бебе во работна средина?“

„Едноставно добивав скриени прашања од типот: кога јаде? или, дали некогаш спие? И исто така се чувствував лошо бидејќи не го одвојував истото внимание и грижа што вообичаено би го посветила на персоналот, или на повикот, или на состанокот, бидејќи бев преокупирана со него. Многу набрзо стана тешко“.

Набрзо сфатила дека не е вклучена во клучните состаноци: „И некој навистина ми упати таков коментар – едноставно нема да те поканиме бидејќи си ослободена поради твоите мајчински обврски,“ објаснува таа.

„Дали некогаш зборуваше со претпоставените во компанијата за да им кажеш дека не ти е лесно и дека ти е потребна помош?,“ ја прашала Брејвер.

„Да, зборував. И одговорот беше – мора да ги правиш овие работи или кариерата ти е во опасност. И тоа за мене беше закана,“ одговори Ми.

На крајот даде отказ.

„Не можеше да се справуваш со се` повеќе?,“ прашала Брејвер.

„Да. И тоа е тоа што навистина ме убива,“ одговорила Ми. „За оваа работа работев 10 години минимум. Се пукнав од работа за да стасам таму. Бев огорчена, навистина бев многу, многу лута.“

Ми беше во можност да најде нова работа, каде се гаи позитивен однос кон семејството на вработените, со слична плата. Но не секој ја има таа среќа.

Дискриминацијата на работното место е уште поизразена за време на пандемијата

Дрисана Риос, која работела како директорка за засебни сметки во осигурителна компанија во Сан Диего, сега е невработена. „Веќе неколку месеци. И барам секоја можна недела,“ вели таа.

Нејзината компанија премина кон работа од дома, истовремено кога се затвори градинката што ја посетуваше синот кој има една и пол година. Нејзиниот сопруг е незаменлив работник и по цел ден е на работа. Таа вели дека нејзиниот менаџер веднаш го кажал правилото: „Не сакам да слушам деца за време на повиците со клиентите“. „Да, не сакаше да ги слуша за време на повиците со клиентите, или да ги види.. Тој едноставно се сомневаше во мојата способност, што пак не го разбирав, бидејќи бев достапна цело време“.

Риос вели дека еден колега маж, кој исто така има деца, бил третиран поинаку. Без разлика колку многу се трудела таа, нејзиниот шеф едноставно не попуштал. „Кога му кажав, што друго сакаш да направам? Дали сакаш да го заклучам мојот едногодишен син сам во соба? Тој само одговори – снајди се. И јас само се расплакав. И ја пријавив дискриминацијата во секторот за човечки ресурси преку емаил. Една недела подоцна, ме отпуштија. И верувам дека станува 100% збор за одмазда, бидејќи си ја вршев работата.“

Адвокатката Дафне Делво ја тужи компанијата во името на Риос. Во одговорот на фирмата стои дека ги одрекува „сите можни тврдења“ што Риос ги изјавила, и вели дека била отпуштена поради „легитимни деловни причини“, вклучително и „неуспех да ги оствари професионалните обврски“.

Но Риос е дел од тренд: американската влада само што објави дека минатиот месец имало 865 000 жени кои останале без работа, наспроти 216 000 мажи.

Делво вели: „Знаете, овој вирус не предизвикува само смрт кај луѓето, туку исто така ги убива кариерите на вработените мајки. Се чувствувам како жените да се враќаат децении наназад во поглед на нивниот напредок на еднаквоста на работното место“.

Мајките како Дрисана Риос го вклучуваат алармот: „Никогаш не би сакала некоја мајка да се чувствува како мене, дека треба да избира или да работи и да нема деца, или да биде мајка која седи дома. Можеме да ги имаме двата случаи. Можеме да бидеме вработени мајки“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -