Русија: Вакцината против Ковид-19 е спремна

Првата руска вакцина против коронавирус, која настана во лаборораториите на воените експерти и научниците од Националниот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ е спремна, изјави заменикот министер за одбрана, Руслан Цаликов.

Тој кажа дека специјалисти и научници од Националниот истражувачки центар ги спровеле последните проверки и тестирања, дека доброволците кои прифатиле да ја примат новата вакцина развиле имун одговор на коронавирусот и дека се чувствуваат добро.

„Можам да кажам дека првата вакцина против коронавирус е спремна,“ истакна Цаликов во разговор со новинарите, пренесува Тасс.

Многу земји работат на развој на вакцина

Процесот на истражување на вакцини е почнат во многу земји и компании.

Универзитетот Оксфорд, вчера објави дека резултатите од испитувањето на вакцината кај 1,077 лица покажуваат дека таа е сигурна и дека го активира имунолошкиот систем, но дека е прерано да се каже дали е тоа доволно луѓето да бидат заштитетни од Ковид-19.

Кинеската фармацевтска компанија Синофарм тврди дека е во третата фаза на тестирање на вакцината, додека пак американскиот фармацевтски конзорциум Модерна Инк соопшти дека на 27 јули годинава почнуваат завршните клинички испитувања на вакцината што ја развива.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -