Има надеж: Сите причини поради кои треба да сме оптимисти за крајот на кризата со коронавирус

Додека Велика Британија се навикнува на живот во самонаметнат карантин, неколку големи американски градови се соочуваат со целосно затворање, и светот се навикнува на потресителните слики од Шпанија и Италија, животот во моментов се чини хаотичен и несигурен. Криза е. Економијата е скоро целосно застаната, пишува Бизнис Инсајдер.

Поврзано:

Ова е меѓу најлошото време во историјата.

Но сепак има надеж. Ова е привремено. Ќе заврши. Веќе постојат причини да бидеме оптимисти. Така што, ако се чувствувате помалку безнадежно, земете ги предвид следниве факти:

оптимизам

Животот во Кина и Јужна Кореја се враќа во нормала

Кина извести дека има многу мал број случаи на домашни заразени со коронавирус од 6 март. (Повеќето случаи се однесуваат на патници кои пристигнале во Кина од други земји.)

Смртните случаи од Ковид-19, болеста што ја предизвикува коронавирусот, се намалени на помалку од 10 дневно – што е прилично мал број за земја со големината на Кина.

Кинеската провинција Хубеи излегува од карантин

Во поголемиот дел од провинцијата Хубеи, каде првично се појави заразата, затворањето престанува. Вухан, градот каде вирусот првпат се појави, ќе ги прекине ограничувањата на 8 април.

оптимизам

Голем дел од ограничувањата во поглед на патувања престанаа. Луѓето повторно можат да излезат од дома. Ова се добри вести.

Има знаци дека стапката на инфекции во Италија станува умерена

Два пати до сега, Италија регистрира мали периоди кога бројката на нови случаи на инфицирани лица со коронавирус и смртни случаи од истиот опаѓа. Вистина, тие бројки можеби се должат на пропусти во податоците. Во вторникот, властите известија дека има 5,249 нови заразени лица и 743 смртни случаи. Двете цифри се под пикот од пред три дена.

Целосната стапка на инфекции забавува – како пандемијата да губи моментална сила внатре во земјата, како да нема каде да оди.

Мерките функционираат

Кина, Јужна Кореја, и Италија покажуваат дека затворањето на градовите, масовната примена на тестови и други агресивни владини интервенции функционираат. Имаме алатки да се справиме со ова. Можеме да ги користиме.

оптимизам

Временската рамка за „да го поминеме ова“ е нешто повеќе од 2 месеци

Можеби сега се чувствувате како да сте во затвор, но казната е краткотрајна. Ќе заврши.

Пролетта и летото ќе помогнат во намалување на пандемијата

Постојат одредени докази дека вирусот претпочита поладни и повлажни услови за да преживее. Многу човекови болести, како грип и настина, умираат во потоплите месеци. Пролетта ќе дојде кај и да е. Летото е зад аголот. Работите најверојатно ќе се подобрат.

Теситрањето функционира

Ако сега сте во изолација, тогаш најверојатно е дека вашата влада користи мерка „карантин“ – ги ограничува здравите лица како и болните. Ако владитие би можеле да го направат тестирањто масивно достапно, ќе треба да ги ставаме во карантин само заразените лица, што би било полесно за сите нас да се вратиме во нормала.

Ова е прашање на логистика, не на медицински чуда.

оптимизам

Ќе има третман

Неколку компании веќе работат на терапии и третмани за Ковид-19. Заедно со тестирањето, науката на крајот на денот ќе ја победи заразата. Станува збор за време. Иднината е посветла од сегашноста.

Повеќето луѓе кои се заразени со Ковид-19 искусуваат само благи симптоми

Да се разболиш, е лошо, но поголемиот дел од пациентите на коронавирусот закрепнуваат.

Нема сите да умреме

Ова не е баш весел факт за истакнување. И загубата на животи што допрва нe чека ќе биде емоционално тешка. Но ова нема да биде крајот на општеството или цивилизацијата. Ќе продолжиме понатаму.

оптимизам

Општеството се уште не се распадна во постапокалиптична анархија

Кога лоши работи се случуваат во филмовите, влади колабираат, градови експлодираат, и зомбија ги јадат преживеаните.

Постои една особена нишка во нашата култура која е опсесивна по однос на овие сценарија (помислете на оние кои се подготвуваат за судниот ден). Но повеќето од нас паметат неколку „апокалипси“ – 9/11, ураганот Катрина, ураганот Сенди, финансиската криза – и ниту една не ги претвори општествата во анархии.

Луѓето се грижат едни за други и заедниците ќе застанат на здрави нозе

Во Лондон можат да се видат луѓе кои оставаат пораки дека се желни да волонтираат во доставувањето храна до старите лица кои живеат сами. Луѓето се соочуваат со криза преку љубезност, не преку граѓанска војна.

Ние сме добри луѓе –  и ќе го пребродиме ова

Има надеж!

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -