Приказната и чувствата

Што доаѓа прво? Чувствата, фактите, или приказната што си ја раскажуваме себеси што води до чувствата? – вака ја започнува својата статија Сет Годин, еден од најреномираните автори за претприемништво и маркетинг, мотивациски говорник и мастер обучувач според Њујорк Тајмс, на неговиот блог.

Ме изненадува фактот што завршив на факултетот каде што се запишав.

Во 1978 год, постоеја два начини да посетиш универзитетски кампус ако се возиш со метро од аеродром. Едниот пат беше преку Плоштадот Харвард, со неговиот магичен кампус и потоа со автобус низ младешката авенија Масачусетс, ја поминувавме познатата слаткарница на Стив и се стигаше до малото училиште. Другата рута, патот што ми го предложија од канцеларијата за достава на пријави, поминуваше од старомодната продавница за апарати за домаќинство Лешмир, потоа со автобус се движев покрај куќи изградени во 50тите со дрвени огради, потоа следуваше уште повеќе изабеност и потоа се стигнуваше до задниот дел од кампусот.

Ќе беше лесно да ги користам чувствата што втората рута ги создаде во мене, како седумнаесетгодишен патник самотник, за да измислам приказна за тоа што недостасуваше кај овој избор на училиште.

Сакаме да мислиме дека носиме комплицирани одлуки засновани на рационални анализи, но поголемиот дел од времето, носиме емоционални одлуки и потоа измислуваме рационална анализа за да ги оправдаме.

Токму затоа толку многу деца одбираат училиште врз основа на тоа какво чувство имале кога биле на рагби натпревар во октомври. Или зошто е важно дали врне на денот кога сте во посета на кампусот. Чувствата на прво место, потоа тие создаваат приказна. Фактите доаѓаат на трето место.

Ако вашата цел е да им помогнете на луѓето да носат подобри избори, помага ако прво создадете подобри чувства.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -