Практични начини да се охрабрат и поддржат жените претприемачи

Во 2014 год, Венди Дајмонд го основа Денот на жените претприемачи, а свечениот настан се одржа во зградата на Обединетите Нации во Њујорк, додека истовремено се одржуваа настани во 144 други нации кои го славеа денот и мисијата да се создаде движење кое ќе им оддаде почит на жените претприемачи. Од тогаш, Денот на жените претприемачи се слави секоја година на 19 ноември. Но, поддршката за жените претприемачи не треба да се случува само еден ден во годината. Подолу можете да прочитате неколку практични начини преку кои можеме да им оддадеме почит на жените основачи на бизниси во текот на целата година, пишува Вајолет ди Ајала, основач и извршен директор на FemCity®.

Промовирајте ги локалните мали бизниси во сопственост на жени на социјалните медиуми

Кога пишувате за нив на вашите постови, тагнете ги, коментирајте на нивниот профил и тагнете пријатели кои можат да бидат заинтересирани за тој бизнис.

Напишете осврт за вашиот омилен бизнис во сопственост на жена. Посетете ги нивните профили на социјалните мрежи или нивната веб страна и оставете позитивен осврт за нивниот бизнис, со тоа што ќе ги споделете причините зошто и другите би требало да го поддржат бизнисот. Наведете детални причини зошто им доделувате 5 ѕвездички. Можеби токму вашето споделено искуство со брендот ќе ги натера другите што размислуваат да купуваат производи или услуги од бизнисот вистински да потрошат пари на него.

Менторирајте жена која почнува да развива сопствен бизнис или сака да го надгради постоечкиот

Помагајте и бидете фасилитатор за други жени да можат да започнат и да успеат во сопствениот бизнис. Одвојте неколку часови годишно за да бидете ментор, за да ги поддржите и директно им помогнете на бизнисите во сопственост на жени да се прошират и да го подигнат нивото на нивниот бренд и опсегот на клиенти.

Организирајте собир на жени претприемачи

Без разлика дали договарате чајанка на виртуелна платформа, или безбеден, типичен бизнис ручек, или пак неформален состанок, целете кон тоа да донесете жените на едно место со намера тие меѓусебно да се поврзат, да соработуваат и да се подржуваат.

Станете член на организација за женско претприемништво

Стотици организации кои работат вмрежување ги поддржуваат жените во бизнисот и жените претприемачи. Голем дел од нив се создадени врз членска основа, така што вашето пристапување кон нив всушност ја поддржува и нивната мисија.

Започнете сопствен бизнис

Ако веќе сте размислувале да основате ваш сопствен бизнис, сега можеби е вистинското време тој бизнис да почне да функционира.

Купувајте од бизниси во сопственост на жени

Оваа празнична сезона, поставете си цел да купувате подароци од жени претприемачи и жени сопственички на мали бизниси. Одбирањето на вашите подароци со намера да им се помогне и овозможи поддршка на жените ќе ги инспирира и другите да го сторат истото.

Имате моќ да направите разлика во животите на жените претприемачи. Се надеваме дека еден од овие едноставни совети ќе ви помогне да направите разлика во животот на некој друг.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -