Правила за успешен бизнис

Истражувањата покажуваат дека конкурентската предност во бизнисот во денешно време се губи побрзо отколку во минатото. Анализирајќи ја оваа еволуција, голем број студии содржат совети наменети за компаниите за тоа како да се фокусираат на интра-приемништво и нови начини на иновирање.

Во овие дискусии, улогата на организацискиот дизајн одново да се осмисли предноста над конкурентните, и како средство и како извор за конкурентска предност по себе, е често пати занемарена. Уште полошо, организацискиот дизајн се мисли дека е одговорност на лидерите во секторот за човечки ресурси. Всушност, тоа е одговорност на директорите во вишите ешалони, не само на одделот за човечки ресурси.

Во следните неколку децении, организацискиот дизајн ќе биде дополнителен избор на конкурентска предност доколку директорите ја направат транзицијата од традиционален и ригиден менаџмент кон организациска агилност. Во продолжение се наведени четири принципи што ќе сакате да ги земете предвид за да можете да креирате агилни организациски дизајни.

Бидете оригинални

Голем број компании се склони да ги имитираат нивните современици. Но, вие можете подобро. Своевремено, и IBM и Procter & Gamble создадоа нови модели што сите мислеа дека се невозможни. Со воведување на т.н. троножна структура, Procter & Gamble ги натераа сите нивни конкуренти да сакаат да ги стигнат во развојот и останаа први неколку години. Денес, преку справувањето со ограничувањата на дигиталната трансформација и турбуленциите, некои компании како што се Haier и ING создадоа револуционерни организациски модели за агилност, пркосејќи им на конвенциите на индустријата. Кога дизајнирате организациски модел, обидете се да бидете што покреативни, како да станува збор за вашата следна деловна пропозиција.

Совладајте ги принципите на агилноста

Во следните децении, директорите ќе бидат наградувани за тоа колку добро им овозможуваат на бизнисите да се прилагодат на турбуленции и да растат. Овие две цели бараат нови организациски принципи за агилност. Организационата агилност е повеќе од работење побрзо. Станува збор за флексибилноста на еден бизнис кога менаџментот може да ги охрабри вработените да иновираат и импровизираат со фокус на клиентот, за да може компанијата да се прилагоди на неочекувани промени, додека истовремено им овозможува чисти стратешки цели и прецизни индикатори за ефикасноста. Изгледа како вработените да имаат знаење за тоа која е дестинацијата но ја имаат и слободата самите да ја смислат рутата. Ова е конкурентската побарувачка помеѓу пргавост и стабилност. Големите бизниси исто така ќе треба да ја поедностават хиерархијата и бирократијата без да станат премногу едноставни, бидејќи она што им одговара на одредени сектори и земји можеби не е случај со други. Ова е побарувачката помеѓу бивање едноставен и комплексен.

Надградете ги вашите способности за агилност

Дизајнирање организациски модел, дури и во контекст на агилност, се сведува на подредување на структурата, процесите, поттикот и наградите, вредностите и луѓето едни со други и стратегијата. Со агилност, можеби ќе треба да научите нова форма што ја зазеле некои од овие елементи. Процесите можат да се состојат од агилни методи, така што учењето што тие се е клучно. Лидерството сега подразбира вештини во неколку лидерски стилови, како што е раководство преку цел и инспирација, охрабрување но и водење тешки дискусии или целење кон отчетност, наместо прибегнување кон давање команди и спроведување контрола. Така што, учењето на добрите и лошите страни на повеќе стилови и како да ги примените е исто така нешто што треба да се земе предвид.

Калибрирајте ја агилноста според вашите околности

Успешен организациски дизајн е создавање соодветен дизајн за вашите прилики. Во турбулентната индустрија на апарати за домаќинство, Haier одбра посмела форма на агилност отколку некој од големите луксузни брендови што ги проучувавме. Сепак, сите ги следеа принципите на аглиноста но никој не користеше агилни методи. Успехот преку агилност не значи дека не сте успеале да примените агилни методи. Иако сите компании треба да бидат агилни, не мора да значи дека се подразбира дека треба и да спроведуваат веќе подготвени агилни модели.

Проф. Стефан Жиро ко-автор на книгата „Ресетирање на менаџментот: растете со агилност во ера на несигурност“ и професор за стратешко планирање и организациско иновирање на Меѓународниот институт за развој на менаџмент во Лозана, Швајцарија.

Извор: thinkers50.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -