Правете ги овие 3 работи за да одбегнете сериозни здравствени ризици поврзани со сопствениот бизнис

Претприемачите се горди на нивните напорни работни обврски и непроспиени ноќи. Но, ново истражување посочува дека овој вид животен стил има негативно влијание на нивното здравје, квалитетот на работата и на бизнисот. „Ако постојано работите и постојано сте „вклучени“, тоа може да му наштети на закрепнувањето и на крајот да и` наштети на општата добросостојба,“ вели ко-авторот Џеф Гиш, асистент професор по менаџмент на Универзитетот Централна Флорида.

Истражувачите ја анализирале литературата поврзана со добросостојба и стресот во претприемништвото, и дошле до заклучок дека претприемачите се соочуваат со уникатни стресови каде несигурноста се меша со ресурсите и ограничувањата на персоналот, и дека „бројот и интензитетот на стресните фактори може да биде вистинска закана за добросостојбата и за здравјето“.

Зборот што 190 пати се појавува во студијата е „закрепнување“, што е нешто како универзален лек за претприемачите бидејќи намалува десетици ризици поврзани со расположението, здравјето и продуктивноста со едноставно олабавување на стегите на телото и умот на претприемачите. Претприемачите не се познати по дремките. „Претприемачите имаат комплексен однос со закрепнувањето,“ пишува во истражувањето, и тие треба да го прифатат како „инвестиција во нивната идна добросостојба, здравје и продуктивност“.

Наместо да се повторува ова предвидливо сознание во следните 40 страници, овие истражувачи на едноставен начин цртаат мапа за вистинските претприемачи која ќе им помогне да го инкорпорираат закрепнувањето во нивните секојдневни животи.

Одмор

Ова се паузи во работата што можат да бидат прошетка или одмор долг една недела. Клучната карактеристика е дека работата сопира, а вие како претприемач правите нешто друго, како што е време поминато со пријателите, прошетка во природа или слушање музика. Микро-паузи од 5 до 10 минути можат да ја засилат продуктивноста и да го намалат стресот. Подолги паузи, вклучувајќи и солиден сон се клучни.

Повторно оценување

Ова значи одново дефинирање на тоа како вие го перцепирате работното место и работата. Не размислувајте за вашата компанија како огромен котел полн стрес, за себеси како неуспех и 80те работни часови неделно како неопходност. Водењето дневник или терапија може да ви помогне да ја промените перспективата.

Режим

Ова е рутината што ќе следи: паузи, сон, вежбање.

Да, трите совети се испреплетуваат, но сепак следете ги.

Ретко читаме целосни академски истражувања, но ова, наречено „Да се фокусираме на решенијата за лошо-состојбата на претприемачите“, вреди да се прочита и од претприемачите и од презафатените работници, и како практичен водич за тој живот стил и како ефикасен брз курс за тоа како да се негувате себеси додека истовремено напредувате на професионален план.

Извор: Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -