Пет работи што секој лидер мора да ги разбере добро

Размислете за која било успешна деловна приказна и ќе слушате за големи лидери кои ги инспирирале нивните тимови да прават големи нешта. На истиот начин, размислете за која било приказна за неуспех. Ќе чуете приказни за неуспешно лидерство. Се` се врти околу лидерството. Ако сакате да направите трајни промени – да го промените начинот на размислување, да влијаете на однесувањето или да ги забрзате резултатите, тогаш почнете со лидерите кои самите себе се водат исклучително добро. Во продолжение се пет работи што секој лидер мора да ги разбере добро за да може успешно да ја претвори неговата визија во реалност:

Интересна и привлечна визија

Која е вашата визија? Дали сте откриле животен повик? Според др. Олег Коновалов, експерт по лидерство и автор на книгата „Кодот на визијата“, околу 0,1% од бизнисите, и од социјалните и политичките лидери имаат визија. Размислете за тоа.

Лидерите ќе доаѓаат и ќе си одат, но нивната визија ќе ги надмине. Алан Мулали ја предводеше трансформацијата на Форд од состојба близу банкрот во еден од водечките производители на автомобили во светот. За да ја промени компанијата, тој се навратил на оригиналната визија на Хенри Форд кога ја основал фабриката – произведување квалитетни автомобили што се релативно евтини и достапни за секој. Мулали разбрал дека кога целиш кон се` всушност целиш кон ништо. Јаснотијата на неговата визија ги активира вработените, бидејќи тие јасно знаеле каде цели компанијата, зошто оди во таа насока и што им е потребно да направат за да стигне таму.

Кога нема визија, организациите стануваат подуени – тие стануваат се` за секој. Бараат компромисни решенија наместо да одредуваат приоритети, стануваат летаргични во извршувањето на задолженијата, остануваат заглавени во стар начин на размислување и стануваат немоќни да носат одлуки. Интересна и привлечна визија е она што ги разликува лидерите и организациите од нивната конкуренција. Секој може да користи прекинувач за светло, но визијата на Томас Едисон за комерцијализација на светилката го промени светот. Дали сметате дека визијата на вашата организација е возбудлива? Ако не, не очекувајте вашиот тим да биде возбуден исто така.

Адут во раката на Мулали бил неговиот лидерски идентитет. Знаел во што е добар, ја разбирал средината во која компанијата треба да се развива  и верувал во сопствените способности. Ако не го познавате вашиот лидерски идентитет, станувате жртва на мислењата на другите луѓе и на тоа што тие мислат дека тој би требало да биде. Колку често сте кажале „не“ на можностите бидејќи сте дозволиле гласот на сомнежот, неадекватноста, хипотетичките фрази од типот на „не сум подготвен“ и стравот да доминираат? Не е важно како сте ја добиле лидерската позиција. Сега кога сте на тоа место, однесувајте се како да припаѓате и заслужувате да бидете таму. Прифатете ја вашата уникатност и не двоумете се да ја ослободите вашата креативност. Кој е вашиот лидерски идентитет? Зошто луѓето вам ви се обраќаат за помош?

Станете доказ за одбивање

Никој не сака да биде одбиен. Стравот од одбивањето има оштетено голем број лидери и успокоил многу соништа. Др. Мајлс Монро го споделува ова сознание за тоа што се случува кога стравот од одбивањето и неуспехот ги држи нашите животи под контрола. „Гробиштата се најбогатото место на земјата бидејќи таму ќе ги најдете сите надежи и соништа што никогаш не биле исполнети, книгите што никогаш не биле напишани, песните што никогаш не биле испеани, изумите што никогаш не биле споделени, лековите што никогаш не биле откриени, сето тоа поради тоа што некој бил премногу уплашен да го направи првиот чекор, да истрае во проблемот или да се одлучи да го спроведе сонот“. Ако не сакате да бидете дел од оваа статистика, осмелете се да бидете доказ за одбивање.

Волт Дизни бил отпуштен од Канзас Сити Стар во 1919 год бидејќи неговиот уредник рекол дека „му недостасува имагинација и нема добри идеи“. Опра Винфри била новинар известувач. Била отпуштена од работа бидејќи не можела да ги оддели сопствените емоции од настаните што ги покривала. Дури 13 издавачи одбиле да ја издадат првата книга Хари Потер на Џ. К. Ролинг, но еден издавач решил да и` укаже прилика.

Како што можете да видите, одбивањето е нечија перспектива. Опра, Дизни, Ролинг не дозволиле мислењата на другите луѓе да станат нивни факти. Тие веруваат дека единствените ограничувања што постоеле се тие што постојат во самите нив. Човечки е да градиме ѕидови околу нас кога се чувствуваме одбиени, но ѕидовите исто така не` исклучуваат од светот. Замислете каков би бил светот ако Волт Дизни се откажал од неговите идеи, ако Опра не ги споделувала и нејзините емоции, или ако Хари Потер воопшто не бил издаден. Така што не си дозволувате поради стравот од одбивање?

Бидете храбри

Во една сцена на ТВ серијата „Игра на тронови“, детето го прашува таткото дали човек може да биде доволно храбар ако е уплашен. Таткото одговара: „Тоа е единственото време кога човек може да биде храбар“. Храброста е авансот што лидерот го плаќа за да влезе во посакуваната иднина. Храброста е заразна, и ја менува траекторијата на организацијата кога лидерите делуваат смело.

На крајот, треба да одлучите што е полошо – излегувањето од вашата комфорна зона или искусување на болка и жалење што не сте се обиделе да бидете се` што сте можеле да постанете. Храбар лидер подразбира целење кон остварување на соништата. Дејствијата што ги преземате денес ќе ги одредат можностите што ги создавате утре.

„Орелчето не знае дека може да крика се` додека не се соочи со стравот од ударот на земјата кога паѓа“.

Негувајте членство

Равенката за лидерството не е целосна ако немате луѓе што треба да ги водите. Вашата титула или позиција нема да ја ангажира, стимулира и ослободи дискреционата енергија на луѓето во организацијата. Поминаа деновите на давање команди и контрола, кога лидерот требаше да биде најпаметното лице во собата. Сетете се на мудрите зборови на Џон Максвел: „Никој не се секира колку знаете се` додека не дознаат колку многу се грижите“. Луѓето нема да ве следат бидејќи вие така сте им кажале. Ќе ве следат бидејќи го сакаат тоа.

Големите лидери инспирираат членство, не следбеништво. Следбениците заземаат подредена улога со малку чувство за сопственост. Членството значи дека луѓето размислуваат во контекст на сопствеништво – тие придонесуваат и заедно ја создаваат визијата со лидерот. На пример, има разлика во начинот на размислување во тоа како сопствениците на автомобили и луѓе што изнајмуваат се однесуваат кон нивните коли. Зголемената комплексност на деловните предизвици, еволуираните потреби на клиентите и војната за таленти значи дека лидерите мора да инспирираат членство за да ја победат конкуренцијата. Лидерите мора да се сметаат како ко-партнери, не да бидат над тимот, за да успешно привлечат, создадат и активираат заедница на членови.

Заклучок

Пробајте ја оваа вежба. Замислете дека е вашиот последен ден во канцеларија. Се наоѓате на вашата проштална забава. Вашиот шеф, директните соработници, колегите и клиентите се присутни. Што би сакале секој од нив да каже за вас? Како сакате да ве помнат? Запишете ги темите или вредностите што произлегуваат од овие разговори. Честитки, туку што ги создадовте вашите лидерски вредности. Бидете одговорни и живејте ги секој ден. Така што, на вашиот последен ден во канцеларија, ќе можете да се свртите назад и да видите што се` сте постигнале со вашиот тим и да кажете „Дадов се` од себе и вредеше“.

Др. Ричард Осибанџо е водечки експерт, автор, обучувач и говорник од областа на трансформационото лидерство, чија работа се фокусира на обезбедување помош за лидерите на високи позиции да ја мотивираат нивната организација со смели, трансформациони стратегии што го отклучуваат човечкиот потенцијал и новиот пазарен раст.

Извор: Форбс

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -