Ново истражување разјаснува зошто некои луѓе се помалку продуктивни дома од други

Дали работењето од дома за време на карантините ги направи луѓето попродуктивни или не? Во последно време ова е тема на жива дебата.

Многу компании не ја мерат рутински продуктивноста. Голем број организации традиционално претпоставуваат дека добиваат најдобри резултати кога вработените работат долги часови под строга контрола, но работата на далечина јасно тера некои компании повторно да го преиспитаат ова гледиште. Големи фирми, како на пример сервисната групација PwC, се прилично импресионирани па кај можноста за работа на далечина станува трајна опција за нивните вработени, пишува Стивен Бејан, раководител на Отсекот за истражувања во областа на човечки ресурси при Институт за студии за вработеност на Универзитетот во Ланкастер.

Од друга страна, некои бизнис лидери инсистираат дека работењето на далечина ја компромитира продуктивноста и оттука, сметаат дека таа не функционира на долг рок. А Дејвид Соломон, извршниот директор на Голдман Сах, ја отфрла идејата дека „тоа е скршнување што ќе го поправиме најбрзо што можеме“. Па, кој е во право?

Анкетите се покажаа како недоволно добри во објективно мерење на продуктивноста. Истражувачкиот проект „Работа по карантин“, каде сум ко-истражувач и самиот, се обидува да го подобри ова. Тукушто ги објавивме резултатите од анкета во која замоливме 1,085 испитаници кои работат од дома во Велика Британија да одговорат на прашања поврзани со продуктивноста.

Одлучивме да користиме стандардни мерења за работната продуктивност што ги користат економистите; резултати од еден час работа, каде резултатот се однесува на вредноста на производите или услугите за кои станува збор. Користењето на овој механизам значеше дека не меревме само дали луѓето работат подолго од дома.

Ги прашавме нашите испитаници дали чувствуваат дека нивната продуктивност за која лично не` известуваат е иста, подобра или полоша во споредба со периодот пред карантинот. Според резултатите, 54% мислеа дека сработиле „малку повеќе“ или „многу повеќе“ во текот на еден час споредено со периодот пред карантинот.

Во комбинација со тие кои кажаа дека нивната продуктивност била иста како и пред карантинот, тоа значи дека речиси 90% посочиле дека ја одржале или подобриле продуктивноста, што пак ги потврдува резултатите и од други истражувања во Велика Британија. Со други зборови, едвај една десетина од луѓето кажале дека нивната продуктивност се влошила за време на карантинот. Тогаш зошто работењето од дома некои луѓе ги направило попродуктивни, а некои помалку?

Продуктивноста и менталното здравје

Исто така, ја испитувавме состојбата со менталното здравје на нашите испитаници и ги им дадовме оцени според индексот на Светската здравствена организација. Јасно се гледа дека поголемата продуктивност се поврзува со подобро ментално здравје. Всушност, оценките за ментално здравје за повеќето продуктивни работници во нашата анкета беа два пати повисоки од најмалку продуктивните.

Продуктивноста и менталното здравје за работниците на далечина

Анализирајќи ги нашите податоци, не можеме да донесеме јасен заклучок дали слабото ментално здравје предизвикува или придонесува кон пад на продуктивноста или дали продуктивноста помага да се подобри менталното здравје. Се чини разумно да претпоставиме дека и двата случаи се најверојатно возможни.

За да се испита овој однос, ја анализиравме способноста на луѓето да се приспособат на променливите околности и нивната подготвеност да се справуваат со застои или прекини, она што во литературата се нарекува само-регулација. Можеме да очекуваме дека луѓето со такви способности остануваат фокусирани на задачата и се попродуктивни како резултат на тоа. Ова е доволно поткрепено со нашите податоци.

Над 90% од испитаниците кажаа дека можеле да се концентрираат на една активност подолго време; 94% кажаа дека можеле позитивно да ја искористат автономијата што ја стекнале од нивниот работодавец да ги реорганизираат задачите; 85% кажале дека можеле да ги контролираат сопствените мисли за да не им бега вниманието од задолженијата што требале да ги завршат; и 83% кажале дека немале проблем да се вратат на концентрираниот стил на работа без прекини. Секоја од овие димензии на само-регулација силно и позитивно е во корелација со висока продуктивност во текот на еден работен час.

Секако вреди да се запомни дека голем број луѓе кои работеа од дома за време на карантините живееја со предизвици поврзани со менталното здравје како што се изолација, грижи поврзани со финансиската сигурност, настава од дома или други здравствени проблеми. Секако, ако организациите сакаат да бидат сигурни дека нивните вработени се продуктивни дома, тогаш вредноста на инвестирање во мерки што ја поддржуваат психолошката добросостојба е кристално јасна.

Работењето во иднина

Прекинот во социјалните врски кај работењето од дома во текот на долг период можеби ќе ја еродира менталната добросостојба и продуктивноста во иднина – можеби особено меѓу работниците кои се мотивираат преку интеракцијата со колегите и клиентите со кои ги дискутираат и оформуваат идеите. Главниот економист во заминување на британската централна банка, Енди Халдејн, искажа загриженост во врска со ова, а 73% од нашите испитаници кажаа дека сакаат работни опции што им дозволуваат да го менуваат местото на работа за да можат да размислуваат за задачите што ги извршуваат.

Имајќи го ова на ум, веќе стана модерно компаниите да зборуваат за „хибридно“ работење. Но, тоа е недоволно прецизен концепт, и ако бизнисите сакаат да им овозможат јасност на вработените во врска со тоа што може да биде сработено дома и што треба да се случи во традиционалното работно место, ќе треба да одлучат кои задачи навистина треба да се сработат во одредено време или локација.

Ако организациите направат грешка во ова, тогаш ризикуваат да го загрозат менталното здравје на нивните вработени – на пример, ако продолженото работење ја зголемува изолацијата или интензитетот на работа. Исто така, може да значи дека компаниите никогаш не успеваат докрај да ги обезбедат придобивките од долготрајната продуктивност што се надеваат дека ќе ја добијат кога ќе заврши карантинот.

Извор: The Conversation

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -