Најкорисни претприемачки методи за справување со криза

За некои, кризата е време на прилики. Што поголема е кризата, толку се поголеми можностите.

Поврзано:

Оваа криза најверојатно е најголемата што сме ја засведочиле во текот на нашиот живот. Некои експерти очекуваат последиците од кризата со Ковид-19 да бидат посериозни од оние предизвикани за време на „Големата депресија“, што се должи на бројот на индустриски гранки и бизниси што се оневзможени да продолжат да работат поради пандемијата што може да трае две години, а и повеќе, пишува Алекс Конаникин за Entrepreneur, претприемач и основач на една од првите приватни банки во Русија.

Вистина, дури и владите да ги тргнат ограничувањата во поглед на останувањето дома, инстинктот за само-зачувување ќе продолжи да ги одвраќа луѓето да одат на крстарења, да летаат толку често со авион, да посетуваат ресторани, театри и стадиуми, барем додека вирусот го снема.

Вирусите си одат, но обично тоа заминување трае прилично долго. Шпанскиот грип убиваше милиони луѓе цели три години, од јануари 1918 год до декември 1920 год. Сите се надеваме дека набрзо ќе се појави вакцина или ефикасен третман за Ковид-19, но медицинските експерти кажуваат дека овој процес може да трае две години и повеќе. Потоа, вакцината ќе треба да се произведува масовно и да се дристрибуира низ целиот свет, а сите сме сведоци дека основни работи како маски за лице и гел за дезинфекција сè уште недостасуваат во некои земји во светот.

Така што, ако кризата е толку страшна, како можеме да зборуваме да ја искористиме?

Одговорот е многу едноствен: затоа што историјата секогаш одновно ни покажува дека за време на рецесија и други опасности, некои бизниси растат експлозивно брзо и напредуваат. Ова значи дека секој од нас треба да одлучи дали ќе бара такви прилики или не.

Ако одлучите дека наместо да се препуштите на маката, имате желба да дадете сè од себе да изнајдете начини да напредувате за време на кризава, тогаш некои од согледбите што следат може да ви бидат корисни во насока на тоа како една ваква ситуација да ја претворите во успех.

претприемачки методи

Конаникин ја основал најголемата комерцијална банка во Русија пред да наполни 25 години. Кризата во Советскиот Сојуз била толку длабока што младите претприемачи се прилагодиле на новата реалност многу побрзо од останатите. Кога во 1992 година, морал да се пресели во САД како емигрант, кризата му овозможила да научи нови јазици, да се запознае со начинот на кој функцинира меѓународниот бизнис и да живее многу поубав живот отколку што можел да замисли во Русија во ерата на Путин. Големата рецесија во 2008 година го натерала Конаникин и неговиот партнер да ја создадат компанијата TransparentBusiness, која сега вреди 140 милиони долари.

Во прилог се неговите претприемачки совети како да извлечете полза за вашиот бизнис во време на светска криза.

1. Одново проценете сè

Дали сте во вистинската индрустрија? Дали ги имате вистинските партнери? Дали сте на правото место, со вистинскиот сопруг/-а?

Ако треба да почнете нов бизнис сега, дали би започнале бизнис што е ист како овој што сега го водите? Или, можеби би ви било подобро да се преселите на Исланд и основате фарма за „копање“ биткоини? Или пак, можебите треба да одите на Коста Рика и да започнете агенција за обезбедување оналјан услуги на трети лица?

Ретко се осмелуваме да си поставиме такви радикални прашања. Кога работатите одат на добро, се движиме нанапред со мотото: „не го поправај она што не е скршено“, а често ги пропуштаме многу поголемите прилики. Големите кризи се ретки можности за нас одново да процениме сè. А под Конаникин мисли на буквално СÈ.

Не морате да правите радикални промени, но сега е време да се потсетите дека потонатите трошоци немаат вредност. Не е важно колку сте вложиле во вашиот бизнис, луѓе, врска. Ако тие веќе не се најдобрите достапни опции за вас, продолжете понатаму.

2.  Кризата е најдоброто време за реформи

Многу често наидуваме на начини како да го оптимизираме нашиот бизнис, но сепак не делуваме според нив, бидејќи знаеме дека промените често среќаваат оптор. Отпуштање, менување вработен на друго работно место или нова обука за вработените, се само некои примери. И секој пат кога пропуштаме прилика да оптимизираме, нашиот бизнис се движи од „најдобар“, или „најмодерен“, кон „застарен“.

Кризите нудат можност да смените сè, а и онака сите ваши вработени знаат дека промените во вакво време се неизбежни. Ако сте имале отсек во компанијата кој не работел продуктивно, укинете го. Сменете ја вашата линија за производство. Унапредете ја младата, амбициозна дама наместо стариот пријател кој очекува унапредување само затоа што е постар.

претприемачки методи

3. Почнете да ангажирате работна сила и лица што работат на далечина

Една од најпрофитабилните промени е замената на оние работници кои не се доволно искористени а работат полно работно време, со работници кои можете да ги плаќате на саат, по договор на дело или како хонорарци.

Во Холивуд, актерите не фигурираат на платен список постојано. Тие се ангажираат за време на снимањето на филмот, и истиот пристап се применува и во однос на другите професионалци кои се дел од филмската постава. Големи тимови се собираат и распушаат често.

Многу компании веќе се потпираат на моделот на ангажирање работна сила на определено време, но поголемиот дел од бизнисите се двоумат дали да преминат од вработени кон „договорци“. Кризата е ретка можност да се реструктуира вашиот бизнис со минимален отпор.

Исто така, може ќе откриете дека многу од вашите вработени не мораат да одат до канцеларија секој ден. Платформите како што е TransparentBusiness овозможуваат лесен начин да се надгледува и координира работата од дома, што пак ќе ви овозможи да заштедите многу пари што претходно сте ги трошеле на прекумерниот број квадрати во канцелријата или индиректно сте ги трошеле на времето што вработените го поминувале во патување до канцеларија.

4. Ангажирајте луѓе од целиот свет

Можете да ги намалите трошоците за вработените со тоа што ќе ги одберете најдобрите опции за лица за работа на компијутер од глобалниот базен на таленти наместо да ангажирате работници локално. Заштедите во многу професии често надминуваат 50%, особено за бизниси кои се лоцирани во скапи главни градови, како Њујорк или Сан Франциско. Ако ангажирате работна сила на глобално ниво, тоа исто така ќе ви овозможи да го надградите бизнисот.

Овој вид реструктуирање вообичаено предизвикува голем отпор, но во време на рецесија, исто така би се сфатило како неопходен чекор.

5.  Реструктуирајте го вашето портфолио

Пренесете ги парите од индустрии што се загрозени поради кризата на безбедно место, и направете го тоа БРЗО. Уште подобро, префрелте ги средствата на проектите што имаат најголеми шанси да се развијат во време на оваа криза. Вредноста на акциите на Zoom се зголеми за повеќе од два пати откако започна пандемијата, а постојат и други технологии кои брзо ќе напредуваат.

Немојте да се чувствувате лошо ако ги префрлате парите од индустриите што се погодени, во други: му правите добро на човештвото кога ги префрлувате вашите фондови во она што најповеќе им е потребно на луѓето во овие несигурни времиња. Денес е потребен Zoom и други решенија за работа од дома повеќе отколку крстарења, авионски превоз, спортски настани, ресторани и толку многу други бизниси што се сериозно погодени од последиците на ширењето на коронавирусот.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -