Најважната задача на лидерот

Креирањето стратегија и гарантирањето дека организацијата функционира во насока на остварување на поставените цели се клучни обврски на лидерот. Всушност, многу веројатно e дека секој лидер ќе се проценува според овие критериуми на крајот на годината. Но вистинскиот лидер мора да има поширок поглед на сопствените обврски, односно да е свесен за потребата од создавање други лидери во рамки на организацијата, што всушност е најважната работа на лидерот, пишува Викторија Роос Олсон, виш консултант експерт во областа на лидерство во FranklinCovey, обучувач и соработник на менаџери од целиот свет во последните 20 години.

Зошто? Бидејќи како лидер со искуство, можеби работите на креирање стратегија, но се цел да се спроведе таа стратегија, тогаш ви треба тим од менаџери. Тие се тие кои имаат директен контакт и со вашите клиенти и со повеќето членови на вашиот тим. Не можете да ги остварите вашите цели без нив.

Размислувате да воведете промени? Работите на проект за целокупна дигитална трансформација? Голема дел од причината зошто иницијативите за воведување промени не успеваат се должи на недостатокот на вешто лидерство низ целата организација, што всушност треба да се погрижи да се спроведе истата.

Станете подобри обучувачи на вашиот тим

Вашата способност како организација што поттикнува промени лежи во способноста на вашите лидери. Бидејќи секоја организација што не може да се промени или трансформира е исто како мртва, ова би требало да послужи како прилично силна мотивација еден искусен лидер да се заинтересира за развојот на лидерите што му рапортираат нему.

Така што, кој е најдобриот пристап?

Првиот чекор е всушност развојот на лидери во организацијата да стане приоритет и област од интерес. Звучи многу просто, но голем број лидери не сфаќаат дека нивната способност да обучуваат други е еден од клучните фактори за успех. Не е толку често колку што можеби мислиме, првата работа на умот на лидерот да биде прашање од типот: „Како можам да ги развијам способностите на сите членови на мојот тим да го направи следниот чекор?“, или „Како да им ги обезбедам алатките, вештините и самодовербата за да стигнат до следното ниво?“. Или пак уште поважното прашање: „Колку време ќе вложам оваа недела во развојот на лицата кои директно ми рапортираат?“.

Како дел од овој вид обука и развој, лидерите би требало да целат да одговараат помалку, а да прашуваат повеќе. На пример, ако едно од лицата кои директно ви рапортираат ви дојде со особено комплициран проблем што се однесува на вработените, би требало да одолеете на вообичаениот нагон да му кажете дека тој/таа би требало да го реши проблемот.

Наместо тоа, поставувајте прашања. Сакате да им помогнете на луѓето да го зголемат нивното критичко лидерско размислување, и тоа нема да го направите ако им ги дадете сите одговори. Единствениот начин навистина да го направите тоа е да им дозволите да размислат за проблемот, и потоа да ги водите како што се задлабочуваат повеќе и размислуваат за различните начини да го решат.

Важно е да бидете пример на кој можат да се угледаат

Уште еден клучен аспект од развојот на другите лидери е да го отсликувате однесувањето што сакате да го видите кај другите во организацијата. Замислете го генералниот менаџер на хотел со пет ѕвездички како поминува низ зградата и забележува ѓубренце на земја. Верувајте дека самиот тој ќе застане да го собере хартивчето од земја со цел да го демонстрира однесувањето и вредностите што се обидува да ги поттикне кај другите.

Никогаш не ја потценувајте моќта на личниот пример, ниту пак неговата важност. Бидејќи, ако сте лидер со долгогодишно искуство, можете да го собирате ѓубрето додека не посините во лицето, но вие сте само еден. Идејата е да се осигурате дека тоа однесување се пренесува на другите.

Она што го гледаме тогаш е дека развојот на вашите лидери исто така се сведува и на развивање на компаниската култура и создавање заеднички стандард низ целата компанија од највисоката менаџерска структура до последниот вработен. Бидејќи културата никогаш не може да биде дефинирана само од едно лице на врвот. Таа се дефинира и од лицето на самиот крај на ланецот. Или пак, би требало да кажеме, на предниот крај од ланецот, бидејќи тоа лице се среќава со вашите клиенти или работи на развојот на производот.

Токму затоа, вие како искусен лидер треба да ги развивате вашите лидери за тие да можат да ги развиваат нивните луѓе, кои ги развиваат нивните, итн. Ако вие на пример посакувате култура каде повратните информации се споделуваат и течат слободно, тогаш морате да почнете со вас самите. Дали вие секогаш барате повратни информации? Не само во анкети спроведени низ секторите во компанијата, туку повратни информации од лицата кои директно ви рапортираат? И дали ги охрабрувате и нив да го прават истото?

Вашата компаниска култура никогаш нема да биде целосно оформена без овој пристап. Културата мора да се прелева низ сите нивоа. Во спротивно, ќе имате лица во еден дел од организацијата кои делуваат и даваат различни резултати од лица во друг сектор.

Развивате и компетентни вработени

Вообичаена секундарна корист од развојот на вашите лидери и засилувањето на целата компаниска култура е фактот дека истовремено го продлабочувате изборот на талентирани професионалци во вашата организација.

Размислувајте за вашите најблиски соработници како за фудбалски тим. Сакате да имате голем избор на таленти. Ако имате добри играчи во вашиот тим, тие ќе бидат поттикнати да се зафаќаат со покомплицирани задачи и амбиции, или пак можат да бидат регрутирани од страна на конкуренцијата. Но тоа е во ред бидејќи вие веќе ги имате идентификувано талентираните вработени во вашата организација, бидејќи сте работеле на развојот на вашите лидери и на создавањето на вашата култура.

Секако, спротивниот пристап е да не вложувате многу време и напор во развивањето на вашите луѓе. И потоа ќе имате недоволно ефикасен тим што не победува во играта.

На крајот на денот, развојот на другите лидери е добро за самите искусни лидери, за талентот што се развива во рамки на организацијата, и самата организација. Тоа е една од најважните работи што еден искусен лидер може да ги направи за да биде сигурен дека обезбедува поголем сеопфатен успех.

Лидерите кои не успеваат да ја сфатат важноста на овој пристап и одбираат едноставно да се фокусираат на остварувањето на нивните цели, само си пукаат самите во колено.

Извор: Entrepreneur  

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -