НАУКАТА ВЕЛИ: ЖЕНИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОДОБРО КОГА ИМААТ СИЛЕН КРУГ ПРИЈАТЕЛКИ

Фрази од типот на „секогаш можеш да ги познаеш силните жени, тие се поддржуваат една со друга, не трошат енергија на соборување една со друга“, или „кога жените се поддржуваат себеси, неверојатни нешта се случуваат“, или пак „силните жени ги прават другите жени силни“ – не се само клишеа и досадни реченици. Сега веќе постојат и научни истражувања што ги докажуваат овие хипотези.

Истражување издадено од страна на економскиот зборник на универзитетот Харвард (Harvard Business Review) истакнува дека жените кои имаат силен круг пријатели имаат поголеми шанси да бидат унапредени во повисоки позиции во кариерата и да бидат подобро платени. Жените кои имале близок круг од 1 до 3 жени биле поставени на лидерски позиции кои се 2,5 пати повисоки во однос на авторитет и плата отколку нивните колешки на иста возраст кај кои ја нема оваа комбинација, посочи Брајан Узи за погореспоменатиот зборник.

Делумно, причината зошто жените со голема женска помош и поддршка се поуспешни, се должи на можноста да им се обратат на пријателките за совет. Предизвиците на жените се различни од тие на мажите. Пример за еден од нив се несвесните предрасуди, така што можноста да се обратат кај други жени кои поминале низ исти или слични искуства можат да им помогнат да се справат со тешки ситуации. Тој круг жени е некој вид патоказ за остварување на личните цели.

Интересен податок е моментот дека жените на лидерски позиции кои немале ваков вид систем за поддршка не заработуваат толку многу како жените кои ја имаат. Жените кои се дел од мрежи што верно ги имитираат мрежите за поддшрка на мажите, односно се дел од мрежи каде не доминираат жени, и кои се поставени на лидерски позиции, заработуваат значително помалку и уживаат ниско ниво на професионален авторитет, Узи додава. Мажите и жените имаат различни потреби и тоа се рефлектира на нивните кругови на пријатели.

Но овие сознанија не се однесуваат само на работното место. Друго истражување од 2006та година вели дека жените кои имале 10 или повеќе пријатели имаат поголема шанса да пребродат болест отколку жените кои го немале посочениот број пријатели. Според оваа студија, жените кои живеат во социјална изолација имаат 64% повеќе шанси да умрат од рак, и над 43% поголеми шанси да им се поврати ракот на дојка доколку боледувале од истиот. Оттука, пријателството е дефинитивно најдобриот лек!

Затоа, не ја потценувајте моќта на групната порака со вашите другарки. Можноста да искажувате слободно мислења за сексизам на глобално ниво, да коментирате или да давате забелеш или да поддржите други жени со смешни гифови кога некоја ќе постигне успех, не само што ви го збогатува животот, туку и ве прави поуспешни и поздрави.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -