Моделот на златниот круг: Теоријата за вредносната пропозиција на Сајмон Синек почнува со „зошто“

Експертот за лидерство, Сајмон Синек, можеби е најмногу познат по едно од најпопуларните предавања одржани на конференциите ТЕД. Теоријата за златниот круг објаснува како лидерите можат да ги инспирираат вработените да остварат подобра соработка, да имаат меѓусебна доверба и да прифаќаат промени во бизнисот, а се заснова на неговото истражување за тоа како размислуваат најуспешните организации, како делуваат и комуницираат ако вредносната пропозоција почнуваат да ја формулираат со „зошто“ – пишува Дејв Шафи, ко-основач и директор за објавена содржина на платформата за маркетинг обуки и издавачка куќа Smart Insights.

Сметам дека маркетерите ќе пронајдат највисока вредност во неговиот модел за златниот круг, бидејќи помага да се даде фокус на тоа како бизнисот може да се издвои од сличните конкуренти со тоа што ќе ги комуницира неговите разлики, продолжува тој. Сакав да го испробам моделот откако пред неколку години учествував на една одржана работилница на која се дискутираше важноста на развивањето силна дигитална вредносна пропозиција како дел од дигитална маркетинг стратегија. Еден од присутните кои работеше во индустријата за обезбедување здравствена нега објасни како неговата компанија го искористила моделот за да развие поразлична пропозиција за нивниот бренд од сличните компании во индустријата.

Сајмнон Синек  е авторот на неколку книги од областа на лидерството, меѓу кои и: „Започнете со ,зошто’: како големите лидери ги инспирираат сите да преземат дејство“, што е првата што го популаризира неговиот познат концепт за златниот круг.

Моделот на златниот круг на Синек е обид да се даде објаснување зошто некои луѓе и организации се мошне способни да ги инспирираат другите и успешно да се истакнуваат. Неврологијата позади теоријата на златниот круг е дека луѓето реагираат најмногу кога пораките комуницираат со деловите од мозокот што ги контролираат емоциите, однесувањата и носењето одлуки.

Почнете со „зошто“

Синек објаснува дека „зошто“ е најверојатно најважната порака што една организација или поединец може да ја комуницира, бидејќи токму тој дел ги инспирира другите да преземат дејство. „Почнете со зошто“ е начин на кој ја објаснувате вашата цел и причината поради која постоите и се однесувате така како што се однесувате. Теоријата на Синек е дека успешната комуникација на страста позади „зошто“ е начин на комуникација со лимбичниот мозок на вашите слушатели. Тој дел од нашата анатомија процесира чувства како што се доверба, лојалност и носење одлуки.

Успешната артикулација на вашето „зошто“ е многу влијателен начин да комуницирате со други човечки суштества, да ја дефинирате вашата конкретна вредносна пропозиција и да ги инспирирате другите да делуваат. Теоријата на Синек вели дека комуницирањето на „зошто“ допира до делот од мозокот на слушателот што влијае на однесувањето. Поради ова моделот на златниот круг се смета за толку влијателна теорија во лидерството. На организационо ниво, комуникацијата на „зошто“ е основа за силна вредносна пропозиција што ќе го разликува вашиот бренд од останатите.

Моделот на златниот круг

Како

Во една организација, факторите што се поврзуваат со „како“ ги вклучуваат нејзините силни страни или вредности што организацијата смета дека ја прават различна од конкуренцијата. Мислењето на Синек е дека начинот на комуникација е исто така способен да комуницира со лимбичниот мозок – важниот дел што управува со нашето однесување и емоции. Но, според него, организациите би оствариле подобри резултати ако ја подобрат артикулацијата на „зошто“, како додаток на „како“.

Што

Прилично е лесно за лидер или организација да артикулира „што“ тој или таа прави. Ова може да се изрази во процесот на продажба на производите на компанијата или преку услугите што ги нуди. За поединец, тоа би било титулата на неговата работна позиција. Синек смета дека комуникацијата на „што“ се ангажира само со неокортексот – делот од мозокот што е рационален. Неговиот аргумент е дека овој дел од мозокот е помал мотор на носење одлуки отколку што е лимбичниот мозок: делот што „зошто“ и „како“ поефикасно го ангажираат. Успешните луѓе и организации искажуваат зошто го прават тоа што го прават наместо да се фокусираат на тоа што го прават.

Некои критичари сметаат дека моделот на златниот круг на Синек е всушност рефлективна страст. Страсните лидери и организации ја изразуваат нивната посветеност и ентузијазам на автентичен начин и тоа ги инспирира другите, а не начинот на кој се изразуваат самите. Други критичари веруваат дека теоријата на Синек имплицира дека луѓето воопшто не го користат разумот кога носат одлуки, што е спорно.

Извор: Smart Insights

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -