Лидерски техники за успешна мотивација на работната сила

Лидерството е активен, тековен процес. Иако некои луѓе природно се подобри во охрабрување и мотивирање други, лидерството е вештина што може да се развие, и што бара свесно практикување, пишува Тифани Пан, извршен директор на Могул, за Entrepreneur.

На најосновно ниво, лидерството е можноста да се подобрат ситуациите и луѓето. Најдобрите лидери се грижат и го инспирираат нивниот тим со цел да бидат поефикасни и да ги остварат нивните најголеми потенцијали. Тие ги охрабруваат сите членови на тимот да зборуваат отворено и да ги споделуваат нивните идеи, без разлика на авторитетот, титулата или позицијата, и самите да бидат подобри лидери. Ако ги погледнете најдобрите тимови од различни индустрии, тие имаат една заедничка карактеристика: најдобрите тимови се тимови составени од лидери.

Секое човечко битие е уникатно, и секој од нас има сопствени мотивации, субјективни судови и неврози. Така што, не треба да изненадува фактот што луѓето кои го изучуваат лидерството се фокусираат на просторот помеѓу тие разлики. Тие го разбираат однесувањето и психологијата. Начинот на кој лидерите сакаат да водат не мора да значи дека секој пат ќе биде функционален за сите, така што нијансирањето и приспособливоста се клучни.

Во прилог се неколку лидерски стратегии што се универзални, без разлика на индустријата или големината на тимот.

Водете се себеси прво

Првиот чекор во лидерството е разбирањето како природно водите. Дали сте можеби динамичен, пријателски настроен лидер кој ужива да дели пофалби за да го одржи задоволството од работата на висока ниво? Или пак, можеби сте лидер – стоик, кој бара квалитет и верува дека пофалбата мора да биде заслужена?

Кога свесно го развивате вашиот лидерски стил, целта би требало да биде да разберете кој сте и што ве поттикнува да се развивате. Кога ќе разберете што преферирате како лидер, ќе можете по потреба да го поправите текот кога зборувате со поединци од вашиот тим.

Бидете љубопитни за вашиот тим

Најдобрите лидери што сум ги сретнала, вели Пан, поседуваат несопирлива љубопитност за луѓето кои им помагаат да го развијат бизнисот. Искрениот интерес за вработените ни дозволува да разбереме што е тоа што ги мотивира. Од каква средина потекнуваат? Што сакаат да прават кога не работат според часовникот? Какви лични цели имаат надвор од организацијата?

Обидете се да ги запознаете во онаа мера во која се подготвени да споделуваат. Разбирањето на мотивациите на вашиот тим ви дозволува да го приспособите вашиот пристап и да го направите флексибилен во однос на тие мотивации и да им доделите работа што ќе им помогне да сјаат.

Давајте што повеќе повратни информации за да ги добиете најдобрите резултати

Ако целта на лидерството е да се направат ситуациите и луѓето подобри, алатката што би требало да ја користите не е критика туку конструктивни повратни информации. Начинот на кој ги користите овие алатки е клучна функција за мотивирање поединци.

Мотивирањето други лица е тешка задача, особено ако е на дневна основа. Повратните информации треба да се дадат преку рамката на подобрување или менување на однесувањето. Ако член на тимот за продажба ги надминал кварталните цели, немојте само декларативно да изјавите дека работата е добро сработена. Обезбедете повратни информации што ќе ги истакнат неговите стратегии и експертиза во областа, за да се почувствуваат охрабрени да продолжат да даваат квалитетни резултати. Дополнително, ако одреден проект продолжува да се одложува, обезбедете директни и опипливи примери за она што бара дополнителна работа и за она што го барате на начин кој не дозволува дискрепанца во пренесувањето на пораката.

Директно справете се со она што не функционира

Транспарентноста е клучна. Секоја врска се развива со транспарентност, така што не оставајте ништо некажано. Ако со проблемите на работното место веднаш директно се справувате, тогаш ќе покажете дека сте посветени на одржувањето обединет тим. Тоа е исто така важно во случај кога не сакате да натерате член на тимот да се чувствува како да треба да се брани.

Запомнете дека тактот и нијансата во вашиот пристап ќе бидат различни од лице до лице, и има тенка линија помеѓу директен и отворен пристап и невоспитано однесување. Ако скршената врска не се поправи, може да остави долгорочни деловни последици. Така што, кога неизбежно ќе се појави внатрешен проблем, справете се со него и продолжете понатаму.

Ефикасно поставувајте приоритети

Фокусирајте се на долгорочните и распределете ги краткорочните приоритети ефикасно. Ќе треба постојано да ги калибрирате приоритетите и да го проверувате фокусот на вашиот тим. На што го поминуваат времето, и кои се нивните најважни задачи неделава, или денес? Ако член на тимот не ги познава добро приоритетите, нашата работа како лидери е темелно да го објасниме проектот и да потврдиме дека тие разбираат какви резултати треба да реализираат.

Кога ги анализирате приоритетите, почнете со објаснување кои се долгорочните цели, за да можат да ги поврзаат точките со причината зошто го прават тоа што го прават. Постојано калибрирајте за да бидете сигурни дека сите се на иста страница.

Создадете култура на висока ефикасност

Поддржана организациона исклучителност се заснова на вообичаената шема во која секој отелотворува споделена и заедничка цел. За време на состаноците со целиот тим, се` треба да упатува на мисијата на организацијата. Консултантот за менаџерство, автор и едукатор Питер Друкер (1909- 2005) вели: „Културата ја јаде стратегијата за појадок“. Да, талентот е важен, но компаниска култура која заедно ја слави ефикасноста во работата, победува заедно, останува заедно. Заедничка порака ќе ги инспирира сите да веслаат во ист правец.

Стремежот кон исклучителност во секое поле има сет основни рутини и однесувања и лидерството не е различно. Ако сакате да сте најдобриот лидер на вашиот тим, тогаш треба практикувате свесни намери.  

Лидерството во 2021 година изгледа многу различно од почетокот на 2020 год. Колку и да сме се` уште одговорни за деловните резултати, сега сме уште повеќе одговорни и за менталната и физичката добросостојба на луѓето кои ги вработуваме, и со право.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -