Кризата ќе го смени светот на трговијата

Повеќето сопственици и работници веќе преживеале неколку економски кризи. Тие знаат дека секој пат агонијатае различна – и дека секој пат претприемачите и компаниите се прилагодуваат и повторно застануваат на нозе. И да е така, шокот што го коси светот на бизнисот сега е застрашувачки, пишува Економист. 

Поврзано:

Земјите кои сочинуваат 50% од светскиот БДП се „под клуч“, па оттука и колапсот на комерцијалните активности е далеку поопасен во споредба со претходните рецесии. Патот до излез од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот ќе биде тежок, со несигурни потрошувачи, ритам од типот на „тргни-застани“ што ја попречува ефикасноста, и комплицирани нови здравствени протоколи. На долг рок, оние фирми кои ќе преживеат ќе треба да совладаат нова средина, бидејќи кризата и одговорот на неа забрзуваат три засебни трендови: енергично прифаќање на нови технологии, неизбежно повлекување од глобалните ланци на достава и загрижувачки пораст на добро-поврзаните „олигополи“, односно доминантните продажни компании на одреден пазар. 

економска криза

Голем број светски компании се трудат брзо да се прилагодат 

Многу компании имаат усвоено храбар пристап. Полни адреналин, газдите испраќаат мотивирачки пораки до нивните тимови. Безмилосните корпоративни џинови сега се редат да извршуваат јавни услуги. Диор сега произведува средство за дезинфекција на раце, Џенерал Моторс сака да изработува респиратори и пикап камиони истовремено кога ќе почне повторно да работи, а основачот на Алибаба дистрибуира заштитни маски низ цел свет. Ривалите во индустријата за малопродажна трговија сега соработуваат за да се осигураат дека супермаркетите се добро снабдени. Малку фирми ги објавија нивните пресметки за финансиската штета што ја претрпуваат поради замрзнување на нивниот бизнис. Како резултат на ова, аналитичарите на Вол Стрит очекуваат само мал пад во профитот во 2020 година. 

Но, не дозволувајте да ве измамат овие информации. Во последната рецесија, две третини од големите американски компании претрпеа пад во продажбата.  Во најлошиот квартал падот беше 15% секоја година. Ќе биде нормално ако овој пад отиде до под 50%, како што фреквентните улици се претвораат во градови со духови и фабриките се затворат. Голем број показатели укажуваат на екстремен стрес. Глобалната побарувачка на нафта опадна за една третина; а количината на автомобили и делови што се пренесуваат на американската железница падна за 70%. Многу фирми имаат доволно инвентар и кеш да преживеат меѓу 3 и 6 месеци. Како резултат на ова, тие почнуваат да отпуштаат работници или да ги прогласуваат за вишок. Само кон крајот на Март, 10 милиони Американци поднесоа барање за користење субвенции за невработени. Во Европа, некаде околу 1 милион фирми поитаа да побараат државни субвенции за плати на неактивните вработени. Дивидендите и инвестициите се прекинати.

економска криза

Се менува мапата на светската трговија

Болката ќе се зголеми кога ќе се јави неможноста да се исплатат домашните сметки и рати. H&M бара одложување на плаќањето на кириите, што пак ги повредува компаниите кои се бават со комерцијално издавање недвижнини. Одредени добавувачки ланци што поврзуваат многу земји одолговлекуваат испораки поради затворањето на фабриките и контролите на граница. Затворањето на Италија направи прекин во светиот тек на сè – од сирење до делови на млазни турбини. Фабриките во Кина почнуваат одново да работат. Добавувачите на  Apple храбро инсистираат дека нивните нови 5г телефони ќе се појават на пазарот подоцна годинава, но тие се дел од комплексен систем кој е толку силен колку што е најслабата алка. Владата во Хонг Конг вели дека компаниите кои делумно се водат како мултинационални откажуваат нарачки и игнорираат сметки. Финансиските товар ќе открие неверојатни финансиски измами. Еден од најголемите ланци на кафетерии во Кина – Luckin Coffee – само што призна дека ги „штелувале“ деловните книги. 

За време на двете минати рецесии, околу една десетина од фирмите со кредитен рејтинг паднаа на светско ниво. Кои компании ќе опстојат сега зависи од индустријата, нивните годишни сметки и колку лесно можат да пристапат до заемите, гаранциите и помошта што ја даваат владите, што во економиите на западните земји се искачува до 8 трилиони долари. Ако вашата фирма продава слатки производи или детергент, тогаш исходот е добар. Многу технолошки компании се соочуваат со растечка побарувачка. Но, малите фирми ќе бидат најмногу погодени: 54% од нив во САД се времено затворени или пак очекуваат да затворат во следните десетина дена. Им недостасува пристап до пазарите на капитал. И без пријатели на високи места, тие буквално ќе се борат да стигнат до владината помош. Само 1,5% од американскиот пакет за помош на мали фирми, вреден 350 билиони долари, се распределени до сега, додека пак напорите во Британија се одвиваат со забавено темпо. Банките имаат потешкотии да се справат со контрадикторните правила и се соочуваат со поплава од апликации за заеми. Горчливото искуство од овие процеси може да трае со години. 

економска криза

Паметните компании ќе стигнат до средната фаза на излез од само-изолација 

Кога веќе еднаш ќе почнат процесите на излез од само-изолација и карантин и кога ќе се засилат тестирањата на антитела, ќе настапи средна фаза. Компаниите сè уште ќе чекорат, нема да трчаат (Кина сè уште функционира со 80-90% од нејзиниот капацитет). Досетливост и оригиналност, а не само финансиски мускули, ќе бидат извор на предност, што пак ќе им овозможи на попаметните компании да функционираат скоро со полна сила. Ова претполага ре-конфигурација на фабричките линии за да се задоволи потребната физичка оддалеченост, мониторинг од далеку и длабоки чистки. Компаниите кои работат директно со муштерии ќе треба да ги убедат и охрабрат нивните потрошувачи: замислете си конференции на кои се раздаваат Н95 маски заедно со програмата, и ресторани како ги рекламираат нивните понуди за тестирања. Повеќе од четвртина од светските најсупешни 2.000 компании имаат повеќе кеш отколку долг. Некои од нив ќе ги купат конкурентите со цел да го прошират нивниот удел на пазарот или да ги осигураат добавувачките процеси и дистрибуцијата. 

Кризата ќе засили три засебни трендови. Прво, побрзо привикнување на новите технологии. Планетата е на забрзан курс по е-трговија, дигитално плаќање и работење од далечина. Ќе има поголем број медицински иновации, вклучувајќи технологии за едитирање на генетскиот материјал. Второ, светските добавувачки канали ќе бидат редефинирани, и ќе ја забрзаат промената сега откако почна трговската војна. Apple има инвентар за само 10 дена, и неговиот главен добавувач во Азија, Foxconn, има за 41 ден. Компаниите ќе бараат поголеми сигурносни механизми и ќе се трудат да воспостават производство на критична маса производи со користење на високо автоматизирани процеси во фабриките што се или ќе се подигнат близу домовите. Прекуграничните инвестиции можат да паднат за 30-40% годинава. А глобалните компании ќе остварат помалку профит но ќе бидат поотопорни на нови промени. 

економска криза

Не одете од криза до стагнација

Последната долгорочна промена е помалку сигурна и понедобредојдена: дополнитлени покачувања во корпоративната концентрација и непотизам, бидејќи кешот од владите ќе се прелие во приватниот сектор и големите компании ќе пораснат и ќе станат уште подоминантни. 

Веќе две третини од американските индустрии станаа поконцентрирани од 1990тите, што пак ја намалува виталноста на економијата. Во моментов, одредени моќни сопственици прокалмираат нова ера на соработка помеѓу политичарите и големите бизниси – особено тие што се наоѓаат на постојано растечката листа фирми што се сметаат за „стратешки“. Гласачите, потрошувачите и инвеститорите би требало да се борат против оваа идеја, бидејќи тоа ќе значи повеќе калемени одлуки, помалку конкуренција и побавен економски раст. Како и сите кризи, и оваа со Ковид-19 ќе помина и со време, нов бран на деловна енергија ќе се ослободи на светските пазари. Ваквото сценарио е многу остварливо ако бизнис процесите не се попречат од изненадени влади и нова генерација олигарси на добро поврзани компании. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -