Кризата со детската грижа го ограничува претприемачкиот потенцијал на жените

За жените, особено за оние од малцинствата, грижата и претприемништвото се испреплетени. Многу жени кои започнуваат да градат сопствен бизнис зависат од обезбедената грижа за децата, но квалитетна грижа може да биде вон дофат. Некои ја напуштаат работната сила за да започнат бизнис со флексибилни работни часови како мерка што им дозволува на жените да се грижат за децата. За други, самата детска грижа е нивниот бизнис, без разлика дали управуваат со центар или се индивидуален обезбедувач. Сепак, трети и нивните вработени ги користат услугите на тие што обезбедуваат грижа – вака ги поставува работите Гери Стенгел, претседателка на Ventureneer, компанија која е специјализирана во одредувањето и отстранувањето на проблемите на недоволно застапените претприемачи, а особено жените и малцинствата, за Форбс.

Пандемијата на коронавирус ја влоши кризата со детската грижа

Обезбедувањето грижа не е само женски проблем. Тоа е економско прашање и е клучно за инклузивно опоравување. Проценето е дека скоро 10% од економската активност нема да се поврати доколку училиштата и центрите за детска грижа останат затворени. Ова е големо уназадување за жените претприемачи, особено за оние кои припаѓаат на малцинствата.

Илјадници детски центри што се привремено затворени поради карантинот се соочуваат со ризик од траен прекин со работа. Тие вообичаено се бизниси со ниска маргина, со ниски нивоа на резерви на кеш и можеби нема да можат повторно да отворат поради дополнителните трошоци како што се купување лична заштитна опрема и средства за чистење. Повторното отворање исто така повлекува и почитување на мерките за социјална дистанца, што пак значи помалку деца и помали приходи, што може да го доведе бизнисот опасна зона.

Ковид-19 создава единствен сет предизвици

Универзитетот од Орегон спроведува неделни анкети во домаќинствата со деца на претшколска возраст за да го разбере влијанието на овој апсект на пандемијата врз речиси 12 милиони деца помали 5 години во САД, како и врз нивните родители и обезбедувачите на грижа. Овој проект е наречен Брза проценка на влијанието на пандемијата на развојот (англискиот акроним е РАПИД).

Инспирација за проектот беше согледубата дека нема доволен број научни податоци што ќе и` помогнат на федералната влада како да ги употреби мулти билионските пакети за стимулирање на бизнисите и другите политики наменети за обезбедување помош на заедниците, објаснува Филип Фишер, претседавач и професор на факултетот по психологија кој го води проектот. Обезбедувањето на овие податоци може да помогне во економското закрепнување.

Истражувањето откри дека влијанието врз семејствата со деца на претшколска возраст е многу длабоко:

  • Од 47% од испитаните семејства кои ја изгубиле можноста за детска грижа, 60% од нив ги носеле децата во дневни центри. Уште поголемото намалување на можностите за обезбедување детска грижа води до фактот дека за оние кои ги користат постарите членови на семејството или ангажираат поединци, патувањето до нивните домови може да ги изложи на ризик од изложување на коронавирус, што пак обезбедувањето детска грижа ќе го направи невозможно.
  • Не е никакво изненадување дека семејствата кои се изјасниле дека ја изгубиле можноста за детска грижа се соочуваат со покачено ниво на стрес и анксиозност.

Истражувањето исто така покажува дека децата стануваат поплашливи, незадоволни и немирни. Стресните искуства во раниот период од животот може да доведат до потешкотии во учењето во иднина и доживотни здравствени проблеми како што се прекумерна тежина и заболувања на срцето. Децата во домаќинствата со ниски примања се изложени на најголем ризик.

Обезбедувачите на детска грижа во моментов се меѓу чекан и наковална: 22% од нив имаат проблеми со плаќањето на основните трошоци; семејствата се соочуваат со ризик да ги изгубат тие што обезбедуваат детска грижа и да не можат да одат на работа; 68% кажале дека им се зголемило нивото на стрес.

Според истражувањето спроведено од страна на Boston Consulting Group, 60% од родителите немаат изнајдено решение за алтернативна детска грижа. Родителите скоро ја удвоиле количината време што ја поминуваат во домашни обврски, детска грижа и образование, односно 27 часа неделно се поминуваат во овие активности.

Додека татковците преземаат се` повеќе одговорности, мајките поминуваат 15 часа неделно повеќе од татковците на домашни обврски.

Товарот е уште поголем кај самохраните мајки, особено кај оние кои се дел од малцинствата.

Владата треба да преземе итни мерки

Владините политики можат да им помогнат и на претприемачите и на оние кои работат за други, со тоа што ќе се осигураат дека семејствата ќе добијат платено отсуство. За жените претприемачи, платеното отсуство го прави претприемништвото поостварливо. Реално, многу дополнителни предизвици постојат за жените претприемачи, вклучувајќи го справувањето со грижата за децата на одговорен, сигурен начин кој можат финансиски да си го дозволат. Сознанието дека нивните сопрузи, сопруги и партнери имаат платено отсуство со кое можат да ја споделуваат грижата за новородени деца ќе осигура сите жени претприемачи, а не само оние со пари, да имаат поддршка и умствен мир кој им е потребен по раѓањето на нивното дете.

Друга мерка е субвенционирана детска грижа. За 66% од вработените или самовработените мајки со деца помали од 6 години, грижата за детето е неопходна. Квалитетна детска грижа не треба да биде достапна само за оние кои можат да си дозволат. Економијата зависи од овие жени, кои често пати се дел од незаменливите работници во одредени сектори како што се прехранбената, угостителската, превозната индустрија или пак се дел од медицинскиот персонал. Со цел формирање образована, продуктивна работна сила 20 години од сега, детската грижа мора да е солидна.

Подигање на платите на работниците кои работат во секторот обезбедување детска грижа е уште еден неопходен. Овој сектор е во пораст и тука работните места не можат да се автоматизираат. Квалитетна детска грижа е неопходна за секоја економија која цели да расте сега и која се труди да им обезбеди иднина на претприемачите. Треба да ги плаќаме воспитувачките за нивната вредност.

Без конкретни јавни политики, голем број жени, бидејќи тие се основните обезбедувачи на грижа, нема да бидат во можност да работат или да создаваат нови работни места со растењето на нивниот бизнис. Тие ќе го забават тој раст во секој сектор бидејќи семејствата ќе имаат пониски хонорарни или незадолжителни приходи.

Ако обезбедувањето детска грижа се третира како вредна неопходност, родителите ќе можат целосно да придонесат во економијата. Треба да се потрудиме да се оствари ова.

Запрашајте се како грижата за децата досега влијаеше на вашиот бизнис и вашите вработени?

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -