Која е вистинската причина поради која повеќето бизниси пропаѓаат (и што можете да направите во врска со тоа)

Бирото за трудова статистика објави дека 70% од сопствениците на бизниси пропаѓаат до десетта година постоење. Повеќето луѓе не ја знаат основата причина зошто се случува тоа. Се доаѓа до заклучок дека во околу 70% од нашите животи како возрасни луѓе, делот од нашиот мозок кој е одговорен за нашите најдобри вештини за критичко размислување, вештини за генерирање приходи и вештини за решавање проблеми, всушност е исклучен, пишува д-р Јуџин К. Чои, основач и извршен директор на Destiny Hacks, кој работи како тренер за претприемачи и користи докажана невролошка методологија за да можат лидерите да функционираат на највисоко ниво на продуктивност, интелигенција и комуникација.

Причината е: нестабилност, несигурност, комплексност и двосмисленост. Помеѓу лидерите, овие елементи вообичаено се нарекуваат ВУКА (VUCA: volatility, uncertainty, complexity and ambiguity). Мозокот по приода сака да ги одбегнува ВУКА по секоја цена. Ова е впишано во нас од нашите претци во пештерите кои избегнувале несигурни зони поради ризик од смрт предизвикана од диво животно. Сепак, кога станува збор за претприемништвото, мораме да се движиме низ несигурноста бидејќи решението на проблемите што се обидуваме да ги решиме се` уште не ни е познато. Оттука важноста на прилагодливоста со цел остварување подобри резултати.

Но, ако ВУКА ја активира состојбата на опстанок што ве спречува да успеете во бизнисот, тогаш зошто е толку долго време од нашиот возрасен живот тие елементи се вклучени кога ретко се наоѓате во животнозагрижувачки ситуации сега?

Тоа е поради тоа што мозокот мисли дека му треба не само да опстане физички, туку и емоционално. Истражувањето покажува дека емотивната болка може да биде исто толку болна како и физичката. Станува збор за количината стрес, фрустрација и анксиозност со која претприемачите се соочуваат на дневна основа бидејќи ВУКА е склона да го поттикнува делот на мозокот што само знае како да биде реактивен. Поради ова емоции како страв, анксиозност, и фрустрација го поттикнуваат кратковидниот преживувачки одговор. Како резултат на тоа, најпотребните функции на мозокот за претприемачите се исклучени. Кога вашиот мозок е во оваа реактивна состојба, тој не може да мисли.

Кога 86,3% од малите бизниси заработуваат помалку од 100 000 долари годишно, а добар дел од тие пари одат за покривање на трошоците, не е чудно што сопствениците на бизниси постојано се наоѓаат во состојба на преживување. Мозокот ги изедначува парите со опстанок бидејќи тие се тие што носат храна дома и обезбедуваат покрив над главата, но кога сте во оваа состојба во која се обидувате да развиете успешен бизнис, често пати правите кратковидни одлуки поради кои жалите бидејќи центрите за критичко размислување и креативност во мозокот се исклучени. Уште полошо е што мозочниот центар за емпатија е исклучен кога сте во состојба на преживување и на крајот ве спречува да одржувате фокус на единственото нешто што ви помага во генерирањето приходи, а тоа е клиентот.

Двете состојби на мозокот

Мозокот секогаш се наоѓа во една од двете состојби. Состојбата на опстанок или извршна состојба. Состојба на опстанок или преживување е кога мозокот мисли дека вашиот живот е во опасност. Во овој случај, вашиот мозок делува и реагира без мислење. И може да реагира на еден од трите начини: да се бори, да бега или да „смрзне“.

Борба

Ова може да биде директна реакција, како на пример кога ќе ве пресечат на пат, па вие реагирате нервозно и се обидувате истото да му го направите на возилото што ве претркало. Ова може да предизвика голем проблем за многу бизнис лидери кога нивната претерано активна состојба на опстанок ги тера силно да се борат и прекумерно да работат во обид да генерираат раст за компанијата. Овој пристап што е спротивен на здравиот разум во суштина сериозно го оштетува бизнисот долгорочно. Води кон преоптовареност од работа и кратковидост за она што може да и` помогне на компанијата најмногу да расте. Кога мозокот е во состојба на преживување, развива тунелски вид и го бара најблискиот излез бидејќи треба да ја преживее заканата. Овој тунелски вид ги повредува бизнис лидерите бидејќи не можат да ги согледаат поголемите можности и решенија што постојат околу нив и постојано се чувствуваат како цело време да гасат пожари.

Борба

Во претприемништвото, класичен одговор во форма на борба е прокрастинација (или одложување). Ова често пати се јавува како реакција кога не ви е потполно јасно како да се движите нанапред. Друга причина може да биде чувството дека не сте подготвени или способни, што пак го тера мозокот да бега од задачата. Ова исто така може да доведе до бегство со ангажман во тапи, вкочанети однесувања за намерно да си го одвлечете сопственото внимание од задачата, како на пример: прекумерно гледање телевизија, јадење од утеха, или каков било друг вид однесување каде прекумерно си ги задоволувате апетитите.

Вкочанетост

Ова се случува во форма на не-дејствување или неносење одлука, и често пати се случува кога сте преплавени со работа што мора да ја завршите. Овој преживувачки одговор доаѓа од стратегија „имитирање смрт“, кога се преправате дека не постоите со надеж дека проблемот ќе го снема.

Одговорот борба-бегство-вкочанетост се случува кога се соочуваме со ВУКА ситуации во бизнисот. Поради ова често пати чувствуваме дека немаме волја за работа и одолговлекуваме. Или пак, не се чувствуваме подготвени за работа на најважните активности и чекори што ќе ни помогнат да го растеме бизнисот.

Од друга страна, кога мозокот е во извршна состојба тогаш сте во можност да пристапите до некои од најкритичните мозочни функции што ќе ви помогнат да ги откриете решенијата што ги барате за вашиот бизнис.

Причината се должи на вашата способност да ги активирате следниве:

Вештини за критичко размислување  

Способности сте да ги согледате сите варијабили вклучени во конкретниот предизвик и да стигнете до решенија. Ова искуство кога вашиот мозок може да ги поврзе точките и конечно да го види решението се случува во извршната состојба.

Извршна функција

Ова е способноста да се носат одлични одлуки.

Креативност

Потребна ни е креативност бидејќи таа дозволува да ги видиме нештата на кои вообичаено не би им обрнале внимание претходно. Ова му помага на мозокот да види нови решенија и можности што се достапни, а што пак мозокот во состојба на преживување не би ги видел.

Емпатија

Голем број бизнис лидери често пати и` наштетуваат на тимската култура бидејќи влегуваат во состојба на опстанок. Тешко им е да ги видат сите потреби што можеби веќе се споделени со нив, без разлика дали доаѓаат од вработените или клиентите. Ова се случува бидејќи фокусот станува лична заштита во состојбата на опстанок.

Како да ја активирате извршната состојба

Свесноста ќе ви помогне да излезете од состојбата на опстанок и да влезете во извршната состојба. Не можете да се промените се` додека не добиете свесност за реалниот проблем. Ако имате парче брокула заглавено меѓу забите, немате моќ да го отстраните се` додека некој не ви посочи или се погледнете себеси во огледало. Така што, првиот чекор е да ги преиспитате сопствените дејствија и да размислите колку од нив биле реактивни во форма на одговорот борба-бегство-вкочанетост.

Ова патување кон самосвесноста е клучниот фактор за отворен пристап кон извршната состојба, така што можете да почнете да гледате можности и решенија што отсекогаш постоеле за вас и вашиот бизнис. Тогаш сфаќате дека она што сте мислеле дека е проблем не е вистинскиот проблем. И тоа сознание ќе ви помогне да се справите со вистинското тесно грло што може да му штети на вашиот бизнис.

Токму поради ова некои од најнапредните компании имплементираат практики како свесно присуство и медитација во нивната култура. Исто така постојат технологии поврзани со обезбедување невролошки повратни информации кои можат да насетат дали вашиот мозок е во состојба на опстанок или во извршна состојба.

Одвојте време секој ден за едноставно набљудување. Колку често се впуштате во реактивен одговор во форма на борба-бегство-вкочанетост?

Дали ги забележувате нештата што ви предизвикуваат вознемиреност? Тоа е одговорот на борба.

Дали забележувате кога ги одолговлекувате обврските бидејќи не ви се работи? Тоа е одговорот на бегство.

Дали сте склони да влезете во состојба на неносење одлуки кога имате премногу работа? Тоа е одговорот на вкочанетост.

Што и да забележите, кога ќе станете повеќе свесни за овие реактивни преживувачки реакции што значително го одлагаат вашиот напредок, знајте дека сте си ја дале моќта да го почнете процесот на промена и подобрување.


Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -