Кои предизвици за бизнис лидерите ќе ја дефинираат втората година од пандемијата

Корпоративните одбори и извршните тимови вообичаено се сметаат за ефективни ако можат да му помогнат на бизнисот успешно да плива во глобална криза додека истовремено ги одржуваат дневните операции. Камо да можеше да биде се` така едноставно.

Како што влегуваме во втората година на пандемијата предизвикана од Ковид-19, пресекот од тековната економска криза, пандемијата, движењата против социјална неправда и зголемената нееднаквост, се дел од кратка листа на она што лидерите треба да го идентификуваат, менаџираат и помогнат да се реши. Група стратези за корпоративна репутација, кои последната година ја поминаа обезбедувајќи помош за компаниите да можат да се справат со најважните и централни прашања произлезени од Ковид-19, дефинираа неколку клучни предизвици со кои лидерите во корпорациите најверојатно ќе се соочат во втората година од пандемијата, пишуваат Дениз Бриен и Роберт Фронк, директори на Purple Strategies за бизнис порталот Fast Company.

Иако компаниите ќе продолжат директно да се справуваат со пандемијата, авторите на оваа статија веруваат дека тие исто така ќе мора да пловат низ два макро трендови. Прво, самото поимање на „нормалното“ сега упатува на целосна непоимица, а ќе се очекува од лидерите на компаниите да ги дефинираат и потоа да ги одбранат нивните одлуки за тоа што претставува новото нормално. И второ, како што длабоките социо-економски поделби продолжуваат да создаваат нови категории за она што некој треба или не треба да го има – кој се заразува со Ковид-19, кој се вакцинира, кој ќе ја задржи работата – компаниите ќе бидат приморани да ја испитаат нивната улога во создавањето на овие поделби додека се соочуваат со очекувањата на јавноста дека ќе помогнат во нивното надминување.

Лидерите ќе мора да ја замислуваат иднината наместо да се потпираат на прирачниците од минатото. Во продолжение се неколку предизвици со кои компаниите најверојатно ќе се соочат оваа година.

Компаниите се трудат да го вратат старото на подобар начин, но прашањето е подобро за кого?

„Да го создадеме старото подобро“ го претставува планот за економско закрепнување на тимот на Бајден за американските работници, во кој тој се обврза да „создаде милиони добро платени работни места“ и „американските работници и вработените семејства да бидат третирани како основни приоритети во сите времиња, не само за време на криза“. Но, надежта американската економија одново да се изгради на поеднаков начин ќе биде соочена со реалноста на радикалните промени во начинот на работа на компаниите за време на пандемијата, модел што ќе опстане и далеку по крајот на Ковид-19. Автоматизацијата што се интегрира во работните процеси како резултат на пандемијата ќе спречи однесувањето на потрошувачите да се врати како во времето пред Ковид-19, и работниците кои го менуваат традиционалниот начин на работа ќе имаат потреба од нов шампион. Американските бизниси имаат шанса да ја пополнат оваа празнина.

Колапсот на малите бизниси ќе го забрза корпоративното помирување со растечката нееднаквост во поглед на богатството

Додека берзите ги повратија губитоците од почетокот на пандемијата и многу големи корпорации успеаја да остварат рекордни профити, милиони американски работници остануваат невработени и преку 100 000 мали бизниси се затворија засекогаш. Ова значи дека компаниите ќе бидат одговорни за нивниот дел во закрепнувањето на економијата што не им служи на сите Американци и дека ќе треба да се подготват за поправедна иднина.

Трајната промена кон работа од дома ги поставува условите за намалување на лојалноста на вработените и го зголемува активизмот помеѓу нив

Голем број од канцелариските работници во Америка кои наеднаш почнаа да работат од дома во интерес на јавното здравје сега веќе имаат внатрешно чувство за флексибилност во однос на локацијата каде работат, што е неочекуван бенефит во работната средина по Ковид-19. Компаниите кои сакаат да ги задржат талентираните професионалци и да привлечат нови висококвалификувани работници ќе немаат друг избор освен да кодифицираат одредено ниво на флексибилност во поглед на работната локација, иако ова промена подалеку од централизираните работни локации ќе бара поправки во ослабнатата компаниска култура и врските на работните места што го поттикнуваат ангажманот на вработените и нивната лојалност на компанијата.

Третманот и потпирањето на основните работници во текот на пандемијата ќе води до нови трудови движења на почетокот на Бајденовата администрација

Американците се потпираа на „основните работници“ во текот на пандемијата бидејќи тие се задолжени за обезбедување витални услуги, вклучително и здравствена нега, итни услуги, производство на храна, превоз и достава, што пак и` овозможи на американската економија да опстои. Но третманот на работниците на првите редови е особен предизвик бидејќи голем број работници работеа без основна заштита како што е лична заштитна опрема, платено боледување, зголемување на платата, или сигурност на позицијата. Како што пандемијата ќе се протега и во оваа година, и новата администрација ги презема работите во свои раце, подобрата плата и заштитата на основните работници ќе биде еден од најголемите приоритети. 

Компаниите и менаџерите ќе треба да се справат со влошеното ментално здравје бидејќи тоа има директно влијание на работната сила

Ефектите на долготрајната изолација, намалениот пристап до услуги поврзани со менталното здравје, стресот што доаѓа со менаџирање на работните и домашните барања, и економските предизвици со кои се соочија луѓето, се само неколку од многуте предизвици што Ковид-19 ги донесе со себе. Цената што ја плаќаме кон менталното здравје ќе продолжи да има реални импликации на тоа како функционираат бизнисите. Наскоро, ќе се очекува работодавците да продолжат да инвестираат време и ресурси во менталното здравје на работниците. На долг рок, компаниите на крајот од денот ќе треба да ги менаџираат ефектите кај талентираните професионалци од оваа генерација, чиешто искуство за време на пандемијата ќе има трајно влијание на нивните вредности, кариерни можности и сет вештини.

Уште повеќе жени ќе ја напуштат работната сила, со што ќе се поткопа диверзитетот и ќе се напуштат тешко стекнатите придобивки во поглед на лидерски позиции и еднаква плата

Прогресивните компании работеа посветено на тоа да се разликуваат од конкутентите во областа на родовата разноликост и направија големи инвестиции во привлекување, задржување и унапредување на жените. Тие исто така поставија клучни индикатори на ефикасноста, одржливи цели и јавно се обврзаа да ги унапредуваат жените во рамки на нивната работна сила. Товарот на пандемијата што паѓа на грбот на жените ги става сите тие стекнати придобивки под ризик. Размислите: обврските поврзани со детската нега ќе продолжат да одземаат голем дел од работниот ден за сите родители, но особено за жените; жените се соочуваат со диспропорционален губиток на работни места поради Ковид-19; додека економијата за време на пандемијата ги влоши вообичаените родови препреки, како што е разлика во плата и унапредување. Компаниите ќе треба да воведат мерки да го задржат талентот и лојалноста за да останат конкурентни сега и да ги заштитат жените лидери.

Различните очекувања и недостаток на социјални норми во поглед на враќањето на работа ќе создаде значаен конфликт кој бизнисите ќе бидат приморани да го ублажат

Можноста да се ужива во нечие физичко присуство е еден од пресвртните моменти што јавноста најмногу го посакува. За несреќа, нема да има некаков магичен момент кога ќе се постигне таа пресвртница. Американците ќе имаат прилично различни перспективи за тоа кога одредени активности ќе бидат повторно безбедни и под какви услови, додека бизнисите ќе бидат меѓу водечките фактори за враќањето назад во „нормала“. Прашањата и грижите поврзани со вакцината против Ковид-19 ќе се поместат од кралството на јавното здравје во кралството на работниците на првите борбени линии; а компаниите ќе бидат во позиција да постават и спроведат сопствени мрежи на безбедносни регулативи дури и кога владините безбедносни мерки ќе почнат да попуштаат. Кога сте помеѓу „брзи“ и „бавни“ тогаш чекорите на насилен терен во поглед на репутацијата и тоа ќе претставува долгорочни и краткорочни предизвици за компаниите.

Кога ги анализираме овие предизвици од втората година од присуството на Ковид-19, јасно е дека корпоративните лидери мора да одговараат за многу конкурентски очекувања од комплексна мрежа чинители: вработени, клиенти, заедници, влада, невладин сектор, активисти за животна средина и општествено истакнати личности. Сите овие фактори го гледаат бизнисот како клучен чинител во однос на создавањето на патот напред што би функционирал за повеќето. Предизвиците за бизнис лидерите, и можноста од нив да направат вистинска, позитивна и долготрајна промена ако успеат, никогаш не биле поголеми.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -