Кога е најдоброто време да ангажирате ново лице во вашата стартап фирма

Тимот кој работи во вашата стартап компанија е ваша предност и би требало да биде една од најважните инвестиции што ќе ги направите во раните фази на вашиот деловен потфат. Особено на почетокот, кога имате само идеја, лицата кои први ќе ги ангажирате во суштина се ваши ко-основачи, кои работат рамо до рамо со вас на растењето на вашата стартап компанија, пишува за Форбс Абдо Риани, основач и извршен директор на VisionX Partners, компанија која соработува со претприемачи и им помага во основањето и градењето на нивниот бизнис.

Пред да го развиете производот, треба да сфатите што треба да развиете. Талентиран тим може да создаде исклучителен производ, но ако решението не решава некој проблем, тогаш не е важно колку добро изгледа мобилната апликација што ја развивате или нејзините функции…

Најдоброто време да го ангажирате првиот вработен е денот кога започнувате да ја градите вашата стартап компанија. Во продолжение се причините зошто треба да почнете толку рано.

Новиот вработен носи олеснување за сопственикот

Не ја потценувајте способноста на програмер, маркетер или кој и да е тој професионалец кој ви треба да биде дел од вашиот тим за да сфатите што треба да направите и како да го направите тоа. Со текот на годините, Риани открил дека вклучувањето на тим уште од првиот ден во развојот на бизнисот е исто како подигање на огромен товар од плеќите на сопственикот.

Раните фази од развојот на стартап компанија се полни со предизвици, особено ако станува збор за прв ваков потфат. Предизвикот не мора да значи дека лежи во работата што треба да ја сработите за да ја претставите вашата идеја на пазарот. Предизвикот лежи во исцрпеноста од несигурноста на вашето стартап патување. Се` што правите се заснова на хипотези и набљудување. Она што вие мислите дека е точно може да е погрешно, и она што мислите дека е погрешно може да ве изненади како точно.

Еден ден можеби ќе се прашувате како сте успеале да менаџирате значително различна стартап компанија од онаа што првично сте замислиле. Патувањето носи многу неочекувани согледби и изненадувања. Некој покрај вас кој ќе ве турка напред, ќе ви помага, ќе ве предизвикува и ќе се „расправа“ со вас е бесценета придобивка.

Нов член на тимот може да ги намали трошоците

Според Риани, вклучувањето на член на тимот од самиот почеток значително ги намалува идните тековни трошоци што можат да бидат инвестирани во планови и проекти кои вашиот вработен би можел да ви помогне да ги реализирате.

Можете да ангажирате и да побарате од вашите вработени да го направат токму тоа што ви треба. Или, можете да ги прашате за нивно мислење, врз основа на нивното искуство. Или пак, можете да ги замолите да работат заедно со вас на самиот процес на идентификација на она што ви треба додека се потпирате на нивното искуство, со фокус на тестирање на точните хипотези и носење информирани одлуки. Како основач, најверојатно ќе се придржувате до сите три понудени пристапи.

По дефиниција, во раните фази една стартап фирма е во потрага по бизнис модел чија примена може да се повторува и да се скалира. Додека искуството е од голема помош, сепак разговарањето со клиентите, спроведување на тестови за валидација, и експериментирање се клучни активности за одредување на проблемите што се трудите да ги решите. Вклучете го членот на вашиот тим во работата на компанијата уште во оваа фаза.

Фаза на тестирање

Дизајнот на производот и неговиот развој најверојатно ќе го заземат најголемиот дел од инвестициите во вашата нова компанија. Некои од најголемите причини зошто стартап компаниите не успеваат опфаќаат ангажирање на погрешното лице, создавање погрешен производ, создавање недоволно добро решение и снемување пари. Сето ова може да се избегне ако го имате вистинскиот човек во тимот.

Талентиран член на тимот кој работи со страст и кој се грижи за развојот на компанијата ќе ве натера да го спроведете процесот на валидација на вашиот производ, ќе ги сподели со вас неговите силни и слаби страни, ќе го има предвид буџетот што е одвоен за развој на производот, додека истовремено ќе размислува на можни идни повторувања на бизнис моделот и пробиви на пазарот. Тој можеби работи за вас но ќе го третира вашиот деловен потфат како е да ваш ко-основач. Неговата главна мерлива референца нема да биде лансиран производ , туку употребен производ.

Оваа предразвојна фаза е најдоброто време да процените кого ќе ангажирате. Покрај можноста што ја имате да направите проценка кој е најподобен кандидат пред да направите сериозна инвестиција, особено ако се однесува на развој на производот, можеби ќе сфатите дека партнерството може да се претвори во однос со ко-основач.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -