Ковид-19 јасно ни покажува дека луѓето не се ресури и дека компаниите мора да се демократизираат

Луѓето кои имаат работа се многу повеќе од „ресурси“. Ова е една од најголемите лекции на моменталната криза. Грижата за болните, доставата на храна, лекови и други основни потребштини, чистењето на отпадот што го создаваме – луѓето кои овозможуваат животот и понатаму да тече во време на пандемија на Ковид-19 се жив доказ дека работата не може да се сведе на обичен производ. Човековото здравје и грижата за најранливите не може да биде условена единствено од силите на пазарот. Ако овие работи ги оставиме да бидат пазарни вредности, ризикуваме да се соочиме со уште поостри нееднаквости до точка во која се откажуваме од животите на најранливите категории, пишува Гардијан.

Поврзано:

Како да ја одбегнеме оваа неприфатлива ситуација? Преку вклучување на вработените во одлуките што се однесуваат на нивните животи и иднината на работното место – преку демократизација на компаниите. Со тоа што ќе направиме работата да не биде производ на пазарот, со колективна гаранција за корисно вработување за сите. Како што се соочуваме со чудовишниот ризик од пандемијата и колапсот на животната средина, правењето на овие стратешки промени би ни дозволило да го осигураме достоинството на сите граѓани додека се усовршуваме во менаџирањето на заедничката сила и напор што ни се потребни за да го зачуваме нашиот живот на оваа планета.

Работата што ја вршат незаменливите работници е повеќе од обичен човечки ресурс

Секое утро, мажи и жени, особено членови на радикализирани заедници, мигранти и невработени хонорарци, стануваат за да им служат на оние наши сограѓани кои се во можност да бидат во карантин. Тие чуваат стража навечер. Достоинството на нивните работи не бара друго објаснување освен елоквентниот и едноставен термин – незаменлив работник. Овој термин истовремено открива и клучен факт дека капитализмот отсекогаш сакал да го направи невидлив со употребата на друг термин – човечки ресурс. Човечките суштества НЕ се само еден ресурс од мноштвото. Без работниците нема да постојат ни производство, ни услуги, ниту бизниси.

Секое утро, мажи и жени во карантин стануваат во нивните домови за да од далеку ги исполнат мисиите на организациите за кои работат. Тие работат навечер. На оние кои сметаат дека не можат да им веруваат на вработените дека добро ќе ја завршат работата без супервизија, дека работниците бараат надзор и надворешна дисциплина, овие мажи и жени им го докажуваат токму спротивното. Тие деноноќно покажуваат дека работниците не се еден вид чинители од многуте други: тие го имаат клучот за успехот на нивните работодавачи. Тие се основниот конституент во една компанија, но сепак, во најголем број случаи тие се исклучени од учеството во управувањето на нивните работни места – право со кое монополизираат инвеститорите на капитал.

Одговорот на прашањето како компаниите и како општеството во целина би можело да ги препознае придонесите на нивните вработени во време на криза, е демократијата. Секако, мораме да ја затвориме растечката поделба на нееднаквост во приходите и мораме да го подигнеме прагот на основен приход – но ова не е доволно. По две светски војни, неспорниот придонес на жените во општеството им помогна да се изборат за правото на глас. Следејќи го тој пример, време е да ги поддржиме работниците.

Што се подразбира под демократизација на компаниите?

Застапеноста на инвеститорите во трудот на работните места во Европа постои од крајот на Втората Светска Војна, со појавата на институции кои биле познати како „работни совети“. Сепак, овие тела имаат слаб глас, благо кажано, во поглед на раководењето на компанијата и се подредени на изборот на извршното раководство, кое го назначуваат чинителите. Тие се покажаа неспособни да го сопрат или барем забават несопирливиот момент на акумулација на капитал, што е уште помоќен кога ќе се земе предвид уништувањето на нашата животна средина. Овие тела сега треба да имаат слични права како тие на управните одбори. За да се постигне тоа, крајното раководство може да се соочи со ситуација во која се бара двојно одобрување, и од коморите што ги застапуваат работниците, и од чинителите.

Прашања од типот на изборот на извршниот директор, поставувањето на крупни стратегии и дистрибуцијата на заработката се премногу важни за да им се остават единствено на чинителите, односно највисокото раководство.

Во Германија, Холандија и Скандинавија, различни форми на заедничко одлучување се воведуваше постепено по крајот на Втората Светска Војна, што се смета за клучен чекор во поглед на овозможување глас на работниците  – но овие механизми сè уште не се доволни за да се создаде вистинско граѓанство во компаниите. Дури и во САД, каде организирањето на работниците и правата на синдикатите во голема мера беа потиснати, сега постои растечки повик да им се даде на инвеститорите во трудот правото да избираат претставници со големо мнозинство во рамки на управувачките одбори. Прашања од типот на изборот на извршниот директор, поставувањето на крупни стратегии и дистрибуцијата на заработката се премногу важни за да им се остават единствено на чинителите, односно највисокото раководство. Личната инвестиција во трудот, односно онаа поврзана со умот и телото, со здравјето, со самиот живот на работникот, треба да биде колективно право за да можат ваквите одлуки да се вреднуваат или да им се стави вето.

Работна гаранција може да го осигура опстанокот на планетата  

Кризата исто така покажува дека работата не треба да се третира како производ, дека само механизмите на пазарот не можат да раководат со изборите што имаат најдлабоко влијание на нашите заедници. Со години, работните места и набавките во здравствениот сектор се подредени на водечкиот принцип на профитот; денес, пандемијата го открива степенот до кој овој принцип нè натерал да скршнеме од патот. Одредени стратегии и заеднички потреби едноставно мораат да станат имуни на вакви разгледувања. Растечкиот број на смртни случаи на светско ниво е страшен потсетник дека некои работи никогаш не смеат да се третираат како производи. Тие кои продолжуваат да нè снабдуваат со аргументи за спротивното, всушност нè ставаат во опасност со нивната штетна идеологија. Профитот е репер што не може да се толерира кога станува збор за нашето здравје и нашиот живот на оваа планета.

Гарантираното вработување би им овозможило на владите, преку работата со локалните заедница, да обезбедат достоинствена работа додека придонесуваат во огромниот напор во борбата против колапсот на животната средина.

Одземањето на својството на производ на работата значи дека одредени сектори треба да се чуваат од законите на т.н. слободен пазар, и исто така значи дека треба да се осигураме дека сите луѓе имаат пристап до достоинствена работа. Еден начин да се постигне ова е преку креацијата на работна гаранција. Член 23 од Универзалната декларација за човекови права нè потсетува дека секој има право на работа, на слободен избор на вработување, на праведни и поволни работни услови и на заштита од невработеност. Работната гаранција само би му понудила на секој човек пристап до работа што би му дозволила да живее достоинствено. Исто така, работната гаранција значи обезбедување клучен поттик во правец на нашата заедничка способност да се справуваме со итни општествени и средински предизвици со кои сме соочени во моментов. Гарантираното вработување би им овозможило на владите, преку работата со локалните заедница, да обезбедат достоинствена работа додека придонесуваат во огромниот напор во борбата против колапсот на животната средина. Низ целиот свет, како што стапката на невработеност вртоглаво се зголемува, програмите со работна гаранција играат клучна улога во осигурувањето на општествена, економска и срединска стабилност во нашите демократски општества.

Европската Унија мора да вклучи ваков проект во нејзиниот „зелен договор“. Ревидирање на мисијата на Европската Централна Банка за да може да ја финансира оваа програма, која патем е неопходна за нашиот опстанок, би ì дало легитимно место во животот на секој жител на ЕУ. Програмата би помогнала и во решавањето на растечката невработеност, и би била клучен придонес кон просперитетот на европското семејство.

Владите мора да ги условат компаниите за да се трансформираат во демократски организации 

Сега не треба да реагираме со истата невиност како во 2008 год, кога одговоривме на економската криза со воведувањето на безусловна кауција која го натера јавниот долг да нарасне, а не се побара ништо за возврат на тој трошок. Ако нашите влади помогнат во спасувањето на бизнисите од сегашната криза, тогаш бизнисите исто така мора да помогнат, и да ги задоволат основните општи услови на демократијата. Во име на демократските општества на кои им служат, и кои ги конститурираат, во име на одговорноста да се гарантира опстанокот на оваа планета, нашите влади мораат да ја направат нивната помош кон компаниите условена во поглед на одредени промени во нивното однесување. Кон придржувањето кон строгите стандарди за животната средина, компаниите дополнително ќе треба да исполнат одредени услови за внатрешно демократско владеење. Успешна транзиција од уништувањето на животната средина кон опоравување на истата и нејзина регенерација најдобро ќе биде менаџирана од компании што се раководени врз демократски принципи, каде гласовите на тие што инвестираат во нивниот труд ја носат истата тежина како оние кои го инвестираат нивниот капитал кога станува збор за стратешки одлуки.

Имавме и повеќе од доволно време на располагање за да сфатиме што се случува кога трудот, планетата и капиталните добивки се стават на кантар во контекст на сегашниот систем: трудот и планетата секогаш губат.

Имавме и повеќе од доволно време на располагање за да сфатиме што се случува кога трудот, планетата и капиталните добивки се стават на кантар во контекст на сегашниот систем: трудот и планетата секогаш губат. Благодарение на едно истражување спроведено од страна на Универзитетот во Кембриџ, знаеме дека одредени промени во дизајнот на производот можат да ја намалат светската потрошувачка на енергија за 73%. Но тие промени се трудовоинтензивни и повлекуваат избори што често се поскапи гледано во краток рок. Сè додека компаниите се раководени на начин на кој се максимизира профитот единствено за нивните инвеститори со капитал, и во свет каде енергијата е евтина, тогаш зошто да се прават овие промени? И покрај предизвиците на оваа транзиција, одредени социјални бизниси или  бизниси засновани на заедничко одлучување се посветени на остварувањето хибридни цели и во нивното работење внимаваат на финансиските, општествените и срединските аспекти, па оттука развиваат демократски внатрешни раководни системи. Ваквите компании веќе покажуваат потенцијал за такво позитивно влијание.

Да не дозволиме уште да се залажуваме: поголемиот број од инвеститорите во капитал нема да се грижат за достоинството на инвеститорите во трудот, ниту пак ќе ја водат борбата против катастрофалната состојба на животната средина. Но постои и друга опција – демократизирани компании, работа која не се смета и третира како производ, престанок човечките битија да се третираат како ресурси, за да можеме заедно да се концентрираме на одржувањето на живот на оваа планета. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -