Канцелариите се идеални места за ширење вируси

Дури и една површина во канцеларијата да е компромитирана, вирусот може да го зарази поголемиот дел од работното место за неколку часа, пишува BBC.

Поврзано:

Милиони луѓе низ целиот свет ги напуштија канцелариите, нивните внимателно организирани бироа, флуорoсцентните светла, копир-машината која постојано брмчи, местата за озборување покрај канистерот за вода – во пресрет на мерките изречени од многу влади вработените да работат од дома. Овие механизми се обид да се контролира ширењето на новиот коронавирус бидејќи се претпоставува дека работниците се побезбедни ако се изолирани во нивните домови, и доколку не го поминуваат времето во канцеларии со многу луѓе, тогаш ширењето на Ковид-19 се забавува.

Но, забраната за работа во централизирани канцеларии не е смао мерка на претпазливост – канцелариите биле, и се, едни од главните места за ширење на вируси и бактерии. Најверојатно веќе сте запознаени со циклусот: секоја сезона, некоја „бубачка“ се појавува. Едно лице, кое кива или кашла, ќе дојде во канцеларијата и ќе го пренесе вирусот што го фатил на колегите. И циклусот ќе продолжи. Секоја сезона, „бубачка“ се појавуваа. Знаете што следи.

вирус

Патогените обожаваат канцеларии

Истражувањата покажуваат дека „бубачки“, вируси и бактерии лесно се шират во канцеларија. Криси Хјуит, директорка за институционални истражувања и стратешки иницијативи при факутлетот за природни науки и математика на Северна Каролина, ја истражувала разноликоста и големината на микробиолошкиот живот во канцелариите.

„Луѓето поминуваат голем дел од нивниот секојдневен живот во рамките на една канцеларија каде делениот простор и високата интеракција со заедничките површини ја зголемува количината на микроби на површините и во воздухот,“ објаснува таа.

Со други зборови, многу од површините што често се допираат во нашата канцеларија се вектори за ширењето на вирусот. И што повеќе колеги ги допираат, толку е поголем ризикот од контаминација. Џонатан Секстон, истражувач во Колеџот за јавно здравје при универзитетот во Аризона, открил дека површини како фрижидери, рачки на фиоки, рачки на чешми, излезни врати и лончиња за кафе се местата каде што има највисока концентрација на патогени микроогранизми.

И, според една студија на Американското друштво за микробиологија, тие многу брзо патуват. Истражувачите поставиле примерок од нештетен вирус на една единствена рачка на брава во една деловна зграда. Првото место што било контаминирано била собата каде се одржувале кафе-паузите, објаснува Чарлс Герба, еден од истражувачите во студијата и микробиолог на истиот универзитет. А за два часа, вирусот можел да се лоцира на 40% до 60% од работниците, посетителите и предметите што обично сите ги допираат.

вирус

Вирусите опстојуваат во воздухот

Валкани прсти и бироа се едно нешто, но најголемиот ризик за ширењето на вирусот е она што патува низ боздухот.

„Големиот ризик не доаѓа од (деловната) зграда туку од болните вработени,“ истакнува д-р Али Кан, епидемиолог и професор на Колеџот за јавно здравје при Универзитетот во Небраска. „Ако едно лице е болно, тој или таа може да ги рашири патогените преку кашлање или кивање, допирање површини и контактирањето со други одблизу. Дури и да е постојано на сопственото биро, патогените исто така можат да се рашират преку летечките капкички што паѓаат на каква било површина и предизвикуваат зараза.“

Воздухот што постојано циркулира во канцелариите може да придонесе и во ширењето микроби. Хјувит посочува дека во затворени средини, микробскиот живот циркулира низ воздухот и низ системите за вентилација.

„Одржувањето на системите и филтрацијата имаат влијание на тоа како заразните организми патуваат низ воздухот, така што згради каде што циркулацијата, филтрацијата, влажноста и температурите не биле соодветно одржувани, можат да придонесат кон повисоки колични на микроорганизми што се движат низ тие системи,“ потенцира таа.

вирус

Миење раце – алфа и омега на секоја превентивна здравствена мерка

Домашните канцеларии каде многу од нас работат сега се средини што се подобро контролирани, со помалку луѓе и помалку допирани површини, посочува Лиза Акерли, признат експерт по здравје што зависи од животната средина и заменик претседавач на Меѓународниот научен форум за домашна хигиена. Така што, дома не сте опкружени со сите места што ги делите со колегите или нема да бидете изложени на ситните заразни капки, и не мора да се грижите за лошата хигиена што придонесува за ширењето на болеста.

Но, ако излезете надвор сепак можете да го донесете вирусот дома, ако не внимавате како што треба. „Вирусот не може спонтано да расте во вашиот дом. Мора да се внесе преку заразен човек,“ Кан објаснува. Тоа значи дека сте биле веќе во контакт со некој кој е болен или сте допреле контаминирана површина, и потоа сте го пренеле на површините во домот.

Сепак сетете се дека единствениот начин на кој вирусите растат е  кога се внатре во телата, што значи дека морате да го внесете патогенот во телото, најчесто преку допирање на лицето, за да се разболите. Ова важи за коронавируси, вклучувајќи го и Ковид-19. Дури и да е вирусот на вашите раце, сепак некако мора да го внесете во телото за да се инфицирате.

Затоа е толку важно чистотата и дезинфицирањето да бидат приоритети, без разлика дали работите во заедничка канцеларија или дома. Секако дека ќе има помалку површини за допирање во вашиот дом и нема да има колеги со кои остварувате контакти. Но, доколку патогените влезат во вашата средина, тогаш сепак можете да го фатите вирусот.

вирус

Следната пандемија повторно ќе се роди во дивината

Една позитивна работа е што кога ќе се вратите во вашата заедничка канцеларија не би требало да се плашите дека следната пандемија ќе почне на вашето биро. Многу е неверојатно дека следната пандемија ќе се роди во канцеларија, дополнува Кан, кој е исто така автор на „Следната пандемија“.

„Следната пандемија нема да се роди во нашите канцеларии. Таа повторно ќе се појави во дивината. Канцелариите и другите места каде има густо население ќе бидат одлични места за ширење на заразата,“ посочува тој.

Сепак, добра идеја е – не, одлична идеја е – да продолжите да ги миете рацете без разлика на сё.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -