Како тешките одлуки да ве доведат до позитивни резултати

Последните 12-18 месеци беа дефинирани од тешки одлуки. Овие одлуки често пати се носеа од неопходност и покрај тоа што имаа ужасни последици. Бидејќи нашиот свет се смени пролетта 2020 год, лидерите на нациите, на организациите каде работиме и во секојдневните домаќинства се соочија со тешки одлуки. Без разлика дали станува збор за затворање на економијата, отпуштање од работа на членовите на тимот или ре-алокација на средства за да се пребродат тешките времиња, овие одлуки често пати на жалост се неопходни и неизбежно имаат негативни последици, пишува Дениз Пироти Хумел, извршна директорка во RevWork Inc чија специјалност е користењто на технологијата за подобрување на организациската култура и задржување талентирани професионалци, на нејзиниот ЛинкдИн профил.

Повлекувањето од Авганистан и растот на бројот на заболени од Ковид ме потсетија дека тешките одлуки од иднината ни висат над глава. Денес, мислам дека е важно да ги поминеме елементите што можат да ни помогнат да се осигураме дека овие идни тешки одлуки можат да ги донесат најдобрите можни резултати.

Водете со емпатија

Ќе бидете поуспешни во носењето одлуки ако во предвид ги земете перспективите и грижите најпрво на вашата публика. Предвидете ги нивните грижи и секирации и во вашата комуникација зборувајте за нив најдобро што можете. Нема да ги знаете грижите на сите, но што повеќе ги адресирате тие што ги препознавате одблизу, толку поефективна ќе биде вашата комуникација и толку повеќе вашата публика великодушно ќе ги прифати вашите одлуки. Емпатијата помага да се одомаќините со тешкотијата позади одлуката. Оваа динамика ги поставува условите за позитивен напредок откако ќе се донесе тажна одлука.  

Засилете го начинот на кој тие кои се погодени од одлуката се вклопуваат во поголемата слика

Луѓето кои се погодени од тие тешки одлуки можат да чувствуваат екстремна емоционална траума бидејќи одлуката е по себе тажна. Голем број отпуштени луѓе на почетокот на невидената досега пандемија се почувствуваа како светот да им се руши под нозе. Лидерите кои го истакнуваат како луѓето што се погодени од нивните одлуки се се` уште дел од колективот и поголемата слика помагаат да се створи чувство на психолошка безбедност што ги охрабрува луѓето да истраат. Нашата колективна способност да се поддржуваме еден со друг е клучна за нашиот опстанок и истрајност во тешки времиња и одлуките што се носат.

Регистрирајте ја опозицијата за да постигнете позитивен резултат

Тешките одлуки не би биле тешки доколку во нив немаше барем малку отпор. Иако голем дел од нас природно сакаат да одбегнат конфликт, тоа не е опција. Ако сакаме да најдеме решенија во текот на тешки времиња, мораме да ги регистрираме сите членови на тимот, особено оние кои сметаме дека ќе ја отфрлат одлуката. Емпатијата и колективизмот помагаат да се регистрира опозицијата и го отвораат теренот за продуктивен и неопходен компромис.

Не мора да ги имате сите одговори, така што дајте им шанса на луѓето да го споделат нивниот отпор кон вашата одлука и запомнете дека ако им дадете простор тоа не значи дека се согласувате. Дел од енергијата што отпорот ја создава ќе се намали со едноставното дозволување да исплива на површина и да се сподели. Размислете дали е пожелно да ги водите овие разговори пред да ја комуницирате вашата конечна одлука. Регистрирањето на вашата најсилна опозиција, што е погодно за инклузија и иновации што пак се неопходни во процесот на изнаоѓање одлични решенија, често пати ќе води кон подобри одлуки за вашите проблеми, дури и за тешките одлуки.

Навигација на патот напред

За тешките одлуки да доведат до позитивни резултати, потребна ви е емпатија, разговор и вредна работа. Ништо од ова не е возможно освен ако не ги третирате сите инклузивно и со почит. Дали станува збор за опозицијата или луѓето кои ќе бидат погодени од одлуката, потребно е сите да соработуваат кон заедничко решение што ги охрабрува сите кои се вклучени.

Како што ја пишувам оваа статија, несигурноста се чини дека е единствената сигурност со која се соочуваме. Но имам верба дека ќе се сплотиме заедно и ќе продолжиме да бидеме успешни!

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -