Како работата да не “трпи“ кога се соочувате со проблеми

Кога сме уморни, расеани, загрижени и надвор од форма, кога немаме енергија и ни е тешко да се концентрираме на работата поради проблеми во приватниот живот, сите најобични задачи одеднаш ги доживуваме како невозможни.

Многумина се нашле во ваква ситуација. Еве како да си помогнете.

Работете на целите секое утро

Прво што треба да направите наутро, треба да биде она што сте го планирале за тој ден. Тоа што е потребно да се заврши за да ги постигнете вашите долгорочни цели. Доколку постапите така остатокот од денот ќе ви биде одличен бидејќи ќе имате чувствто дека одлично сте го почнале.

Заобиколување на “блокадата“

Наместо да бидете брзи, во ваква ситуација работете бавно и проверувајте дали сте направиле грешки во она што сте го сработиле. Поради тоа што се нервозни или тажни, навистина е важно да не дојдете во конфликт со другите вработени и да се контролирате пред да кажете нешто. Звучи невозможно, но доколку се потрудите, секако дека ќе успеете.

Поставете си цели на повеќе полиња

Секоја сфера од вашиот живот е важна и може да се подобри со добро поставени цели. Така освен за кариерата, одредете си цели врзани за фитнесот, исхраната, пријателствата, авантурите, љубовта, фамилијата, одморите, слободното време…

Поделете ги големите цели на мали

Поделете некоја голема цел што си ја имате поставено на помали делови кои се остварливи во текот на еден ден или една недела. Ако не го направите ова, лесно може да ви се случи да изгубите мотивација, од причина што вашите цели ви делуваат далечни и недостижни.

Повеќе обврски

Можеби е полесно да се каже, отколку да се направи, но доколку сте пренатрупани со обврски и немате време да размислувате за ништо освен за работата, ова е возможно. Земете си повеќе обврски од вообичаено, токму тогаш кога ви е најтешко во животот. После секоја успешно завршена задача, ќе бидете горди на себе и ќе сфатите колку силна личност сте.

Професионалност

Кога сте професионалец во она што го работите, нема да дозволите ниеден надворешен фактор да влијае на вашата работа. Секако, не очекувајте дека ова ќе се случи преку ноќ, треба време и истрајност за да успеете да тргнете се` на страна во моментот кога почнувате да работите. На секој може да му се случи, повремено да му прелета низ глава мисла за проблемот што го има во приватниот живот. Најважно е да не си дозволите да размислувате за истиот, само продолжете со работата и игнорирајте ги ваквите мисли. Доколку не ви успева да го “програмирате“ мозокот да го игнорира проблемот, направете пауза, онаква каква што сакате.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -