Како подобро да управувате со сопствените пари

Доброто управување со парите е многу повеќе од успех да се врзе крај со крај. Немојте да се грижите ако не сте математички магионичар, во принцип не ви се потребни специјални математички вештини, доволно е да знаете собирање и одземање, пишува стручниот блог theballance.com.

Факт е дека животот е многу полесен кога имате развиени финансиски вештини. Како ги трошите парите влијае на вашата кредитоспособност и сумата на долгот што најверојатно ќе го имаме… Ако се борите со проблеми поврзани со управувањето со парите како што е живеење од плата до плата, и покрај тоа што добивате прилично висок месечен надомест, тогаш земете ги предвид следните совети кои ќе ви помогнат да го расчистите финансискиот неред.

Кога се соочувате со одлука со која треба да потрошите пари, посебно многу пари, немојте да се водите од претпоставката дека можете да си дозволите да купите нешто. Потврдете си дека навистина можете да си го дозволите тоа и дека претходно не сте одлучиле тие пари да ги потрошите на нешто друго.

Ова значи дека пред да се одлучите да ги потрошите парите, треба да ја консултирате вашата банковна сметка, како и заштедата и евентуалните рати за кредити. Запомнете дека само поради тоа што гледате пари на сметка, не значи дека можете и да ги потрошите. Исто така, треба ги земете предвид и сметките и трошоците што треба да ги платите пред да ви стигне платата следниот месец.

Креирајте буџет

Многу луѓе не креираат буџети бидејќи не сакаат да поминуваат низ процес кој сметаат дека е досаден, а кој вклучува правење список на трошоци, додавање на различните приходи и осигурување дека сè е во ред. Ако не ви оди со пари, тогаш немате простор за изговори. Ако сè што треба да направите за да го доведете вашиот буџет во ред е да поминете неколку саати месечно на негово конципрање, тогаш зошто да не го направите тоа? Но, наместо да се фокусирате на процесот на создавање на самиот буџет, сконцентрирајте се на вредноста што буџетот ќе ја донесе во вашиот живот.

Како да го користите буџетот

Вашиот буџет не вреди ништо ако го креирате, а потоа го оставите да фаќа прашина. Навраќајте се на него во текот на месецот, за да ве води низ одлуките за трошење. Ажурирајте го тековно, како што ги плаќате сметките и правите трошоци во текот на месецот. Во секое време во текот на месецот, треба да имате претстава за тоа колку пари сте во можност да потрошите, имајќи ги предвид трошоците што ви остануваат да ги платите.

Поставете си граница за небуџетирано трошење

Клучен дел од вашиот буџет е нето приходот или сумата на пари што останува откако ќе ги одземете трошоците. Ако ви остануваат пари, можете да ги користите за забава, но само до една одредена сума. Со овие пари не би требало да се впуштате во лудории, особено ако сумата не е висока и ако со нив треба да го истерате месецот. Пред да купувате какви било крупни работи, осигурајте се дека тој чекор нема да ве попречи во остварувањето на какви било други планови што сте ги направиле за тој месец.

Следете го трошењето

Мали трошоци ваму-таму за брзо време стануваат крупни суми, и пред да станете свесни, веќе сте потрошиле повеќе од она што ви дозволува буџетот. Почнете да следите на што ги трошите парите со цел да откриете дали ги трошите на места на кои не сте свесни или не знаете дека ви одат пари. Чувајте ги белешките од трансакциите и запишете го секое купување во вашиот дневник за трошење, и ставете ги во категории за да можете да ги идентификувате областите каде што имате потешкотии да водите сметка за трошоците.

Не се обврзувате на какви било нови повторливи месечни сметки

Само затоа што вашиот приход и кредит ве квалификуваат како способни да земете одредена сума заем, не значи дека треба да го направите тој чекор. Многу луѓе наивно мислат дека банката нема да им одобри кредитна картичка или заем што не можат да си го дозволат. Банката го знае само вашиот приход како што сте го пријавиле, и ги знае обврските за вашиот долг што се содржат на кредитниот извештај, таа не е свесна за вашите други обврски што можат да ве спречат да ги правите исплаќањата кон банката на време. Ваше е да одлучите дали можете да си ја дозволите месечната рата врз основа на вашиот приход и другите месечни обврски.

Бидете сигурни дека ги плаќате најдобрите цени

Можете најдобро да ги искористите парите ако правите споредба во купувањето, и да бидете сигурни дека ја плаќате најниската цена за производите и услугите. Барајте попусти, купони и поевтини алтернативи кога и да можете.

Штедете за крупните куповини

Способноста да се одложи благодарноста ќе ве однесе далеку и ќе ви помогне подобро да управувате со вашите пари. Кога ги одложувате големите куповини, наместо за нив да жртвувате важни основи работи или да ја искористите кредитната картичка, си давате себеси време да процените дали таа куповина е навистина неопходна и уште повеќе време да ги споредите цените. Со штедењето, наместо користењето на кредитната картичка, ја избегнувате обврската да плаќате камата на таа куповина. Истовремено, со ваквото однесување кон сопствениот буџет, тековните сметки секогаш ќе ви бидат платени.

Ставете лимит на нештата што можете да ги купите со кредитна картичка

Кредитните картички се најголемиот непријател на неодговорните трошачи. Кога ви снемува кеш, едноставно посегнувате по кредитната картичка без да имате предвид дали навистина можете да си дозволите да ја платите сметката. Свртете му го грбот на искушението да ги користите кредитните картички за да купите работи што не можете да си ги дозволите, особено на нешта што навистина не ви се потребни.

Редовно придонесувајте во заштедата

Ставањето пари на штедна книшка секој месец може да ви помогне да изградите здрави финансиски навики. Дури можете и автоматски да ги префрлувате парите на штедната книшка од вашата редовна сметка во банка. На тој начин, не ни морате да се мислите секој месец дека треба да направите трансфер од едната сметка на другата.  

Доброто управување со пари бара вежба

На почетокот, можеби нема да сте навикнати да планирате однапред и да се откажувате од работите што сакате да ги купите сè додека можете да си ги дозволите. Во што поголема мера ги направите овие навики дел од вашиот секојдневен живот, толку полесно ќе ви биде ефикасно да управувате со вашите пари и толку подобро ќе ви биде финансиското салдо.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -