Како новите лидери можат да ги одбегнат замките од работата

Не итајте да дадете одговор

Лесно е да чувствувате притисок дека сте изворот на сета мудрост кога тим професионалци ви се обраќаат за насоки. Ја поминав првата година како лидер во корпоративна средина давајќи совети и одговори во кои имав 80% доверба. Но, тоа не е рецепт за долгорочен успех! Реченицата која треба да се слуша од секој лидер соочен со предизвик или проблем што не бара итно дејство е: „Фала ти што ми укажа на тоа. Дозволи ми да размислам за да можам да дадам осмислен одговор“, пишува Мајк Фабер, директор за учење и развој во Fivetran, компанија во Окланд, Калифорнија за автоматска интеграција на податоци.

Избегнете ја замката дека сте сам на патот на лидерството

Голем дел од нас се раздвоени денес поради Ковид-19 и ни недостасуваат неформалните интеракции со колегите. Одењето на кафе, заедничкото излегување од канцеларија кога ќе заврши работниот ден, делењето такси – сето ова е во минатото и се надеваме дека нема иднината да биде ваква. Како нов лидер, одредете време во распоредот за комуникација со други нови лидери во вашата организација и надвор од неа. Во книгата „Меморандум“, авторката Минда Хартс зборува за важноста на вмрежувањето помеѓу жените од малцинствата и нејзината мудрост може да се примени на сите нови лидери. Бидете водич кој посегнува по другите, не таков кој хибернира.

Почнете да учите и не престанувајте

Учењето мора да се прави со страст и доживотна потрага за сите кој работат како лидери. Гледајте видеа од говорници на YouTube. Едно од моите омилени е овој разговор помеѓу авторот и говорник Сајмон Синек и покојниот основач на Zappos, Тони Хси. Ако сте читач, прочитајте што можете да најдете за започнување лидерска кариера. Книгата на Џули Су – „Создавањето на еден менаџер“ е бесценета! На крајот, менаџерите често пати се повикуваат за да ги обучат колегите кои директно им рапортираат. Но, сум слушнал од менаџери од различни компании дека нивните лидери (директори, претседатели на одбори итн) не се придржуваат до истиот стандард. Како нов лидер, не прашувајте дали можете да добиете обука, барајте ја!

Запомнете кој ви ја дава платата

Кога сте менаџер, на кое било ниво, резултатите не се добиваат само од вашиот придонес, туку од вашата способност да инспирирате други. Инспирацијата денес не е држење говор што луѓето ќе го паметат во иднина. Парадоксално, инспирацијата денес значи дека слушате многу повеќе од што зборувате. Цитатот на Абрахам Линколн (Подобро да молчите и да ве сметаат за будала наместо да зборувате и да не оставите простор за сомнеж) ќе ми беше од помош за време на раните денови како менаџер. Оддолејте на искушението да ја исполните тишината со звукот на вашиот глас, без разлика дали водите состанок со тимот или сериозен разговор за ефикасноста. Ова не е квантна физика, но е многу потешко да се изведе од што звучи.

Секојдневно сме бомбардирани со пораки од традиционалните и социјалните медиуми, и речиси е невозможно да се искуси задоволството кога некој единствено е фокусиран на нас. Поранешен супервизор ме тераше да ги рецитирам моите постигнувања и предизвици секоја недела на состанок еден-на-еден. Изгледаше како постојано да е фокусирана на мене, освен фактот што секои 29 секунди ќе посегнеше по глувчето на компјутерот да го помрдне за да не се појави скринсејвер. Не ме слушаше целосно, или барем тоа што имав да го кажам не беше доволно важно како сигурноста дека не треба да внесе лозинка кога нашиот состанок ќе заврши. Овозможете го дарот на чист фокус на луѓето кои ги водите и нивната лојалноста ќе биде ваша награда.

Запомнете дека светлото е секогаш вперено во вас

Пред многу години, зедов слободно попладне да одам да гледам бејзбол натпревар во Денвер. Беше сончев ден, на сред недела и пролетта се чувствуваше во воздухот. Следниот петок, го завршив извештајот и тој ден го забележав како „ден за болест“. Еден од моите директни претпоставени го забележа тоа на нашите мејлови што ги користиме во организацијата и ми се спротивстави. Дадов некој лош изговор дека ми требал слободен ден поради моето ментално здравје. Нашата доверба беше скршена и беа потребни години одново да ја создадеме.

Кога сте ја прифатиле улогата да бидете лидер самите сте се договориле да го прифатите и рефлекторот вперен во вас. Импровизирање во извештајот, давање помалку напор, создавање специјални правила што не се применуваат на други, сите овие се лидерски замки што можат да се претворат во огромни дупки. Побарајте менторство на оваа тема, и прашајте ги колегите за тоа како тие носат одговорност. Исто така можете да го прашате и вашиот шеф. Како вие се справувате со зголемената одговорност што ја носи лидерството и како реагирате во постојан сјај од рефлекторите ќе биде прогноза за тоа дали ќе можете да го направите следниот скок во лидерската кариера.

Запомнете дека како нов лидер, вие сте во оваа улога бидејќи луѓето во организацијата ве гледаат како лидер и се сигурни во вашите карактеристики. Не сте ја добиле работата или позицијата поради среќа. Прифатете го предизвикот, споделете го тоа што сте го научиле со другите, и имајте самодоверба во црните денови за да можете да го славите успехот.

Извор: Training Mag

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -