Како жените да преминат од корпоративниот свет во кралството на претприемништвото

Во текот на последната деценија, бројот на стартап компании и микро и мали фирми и претприемачи оди нагоре и покрај глобалната економска стагнација, или пак токму поради неа. Бидејќи индустриските гиганти продолжуваат да ги намалуваат трошоците, повеќе луѓе решаваат да се бават со претприемништво со цел самите да го поплочат личниот пат до успехот. Претприемништвото им овозможува флексибилни работни услови, слобода од ригидноста на системот и ослободување на имагинацијата, креативноста и амбициите, пишуваат Ненси Наџм и Лара Хамдан, ко-основачи на Cloudhoods.

На глобално ниво, мажите имаат поголеми шанси да основаат бизнис од жените. Една од главните причини би можел да биде фактот дека жените се се` уште одговорни за одржување на домаќинството, за воспитувањето на децата и за задоволување на нивните образовни и рекреативни потреби, додека истовремено ги исполнуваат професионалните обврски за да можат да го гарантираат дополнителниот приход. Сепак, работите очигледно се менуваат. Во текот на последните неколку години, сведоци сме на голем број жени кои го прифаќаат претприемништвото, кои го предводат патот во неколку индустрии, и кои пишуваат прекрасни успешни приказни што инспирираат.

Преминот од корпоративниот свет во претприемништво изискува многу повеќе од капитал или вештини, особено за жените во општествата каде доминираат мажи. Потребно е верба. Промената можеби не изгледа лесна, но сепак е причина за благодарност. Ако мислите дека го имате тоа што е потребно да бидете сам свој газда, тогаш направете ја промената.

Бидете подготвени пред да започнете

Одредете што можете да понудите што ќе има вредност за другите. Изберете ја вашата област, истражувајте ја, дефинирајте ја вашата целна публика, проверете ги конкурентите, направете скица од работниот план, и поставете си реални цели што сакате да ги остварите за време на првата година. Поставете си ги важните прашања, како што се: дали сакам да работам сама, или со партнер? Дали сакам да имам физичка адреса за мојот бизнис или ќе работам од дома? Дали бизнисот кој сакам да го започнам бара од мене да познавам одредени технички вештини, или ми се потребни финансиски и маркетинг алатки? Поставување прашања на претприемачите околу вас за позитивните и негативните аспекти на вашиот деловен потфат е добро место за почеток.

Преземете го ризикот бидејќи нема „совршено време“ за почеток

Вистина, важно е да бидете подготвени за вашиот премин од корпоративниот свет во кралството на претприемништвото, но избегнувајте подготовките да ги претворите во изговор за одложување на вашите деловни планови. Никогаш нема да има совршено време за да го започнете вашиот бизнис, туку само подобро време. Откако еднаш ќе имате собрано доволно информации и ќе ги поставите основите на вашиот бизнис модел, истражувајте детално. Ризикот е интегрален дел од претприемништвото. Голем број претприемачи преземаат помали но посигурни чекори на почетокот, и откако еднаш ќе постават цврста основа, тогаш почнуваат да преземаат поголеми ризици наместо да почнат наголемо и потоа да се движат несигурно напред.

Не имитирајте, иновирајте

Не станувајте претприемач само затоа што некој друг успеал. Бидете претприемач бидејќи чувствувате страст во врска со водењето сопствен бизнис, или бидејќи имате одлична идеја што мислите дека би била хит, или бидејќи имате талент што би сакале да го претворите во кариера.

Очекувајте да работите повеќе работи истовремено

Да, како претприемач ќе морате да работите многу повеќе отколку што сте најверојатно навикнати како вработен, особено на почетокот. Ако одлучите да бидете индивидуален основач на бизнис, ќе бидете газда, ќе ги работите задачите на секторите за финансии, маркетинг и дизајн, и се` помеѓу. Дури и да ангажирате неколку лица на кои им верувате за да ви помогнат, сепак ќе треба да работите повеќе работи истовремено со цел да профункционирате како што треба. Сепак, важно е да знаете дека истовременото работење повеќе задолженија не е само резултат на недостаток на вработени, туку и резултат на растечко чувство на одговорност и сопствеништво. Претприемачите почнуваат да развиваат сопствеништво врз секоја карактеристика на бизнисот, особено кога почнуваат да стануваат свени дека секој детаљ може да има влијание на бизнисот, профитот и репутацијата.

Прифатете ги грешките и неуспесите како дел од успехот

Бидејќи ќе бидете капетан на вашиот брод, ќе треба да се соочувате со чудовишни бури и џиновски бранови. Дури и да го оштетат вашиот брод, засукајте ги ракавите и почнете да ги поправате слабите места. Грешките и неуспесите постојат во секоја компанија. Дали станува збор за лансирање производ што не се продава, или вашиот добавувач ја погрешил нарачката, или пак профилите на вашите социјални медиуми не привлекуваат доволно голем број луѓе, или пак некој конкурент ви ја украл идејата, токму овие фактори ве прават посилни, помудри и многу поспособни деловни жени.

Откријте го вистинското значење на фразата „уморна сум“

Претприемништвото не е само заработување пари за вас самите за да имате повеќе слободно време за да правите што сакате. Не, претприемништвото е тешка и напорна работа. Лошата страна е што ќе се фатите себеси како работите бескрајно поголемиот дел од времето, бидејќи постојано ќе чувствувате дека што повеќе работите толку повеќе награди ќе ве чекаат во иднина. Профитите се неделиви. Ова ќе доведе до прегореност од работа, така што обидете се да бидете приземјени и работете на претходно одредени цели. Позитивната страна е што вашиот мозок ќе работи со полна пареа и ќе откриете вештини и способности што никогаш не сте знаеле дека ги поседувате.

Бидете организирани, особено ако сте мајка која станува претприемач

Кога го прават скокот кон претприемништво, многумина размислуваат за ослободување од организационите структури. Сепак, претприемништвото не значи дека сте на пауза за остатокот од вашиот живот, баш напротив. Сега, замислете да имате двегодишно дете кое трча наоколу низ домот, или неколку дечиња. Токму затоа ви е потребна работна структура што ќе ви помогне да ја одржувате рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот. Еве како: прв чекор – поставете работни часови и денови и работете според претходно направени распореди, создавајте листи со работни задачи и најважно, не прифаќајте повеќе работа од што можете да се справите. Втор чекор: осигурајте се дека имате лично време за себе, време за вашиот партнер, за вашите деца и време за социјализација. Ова не се постигнува лесно, но е возможно. Обидете се да ангажирате професионален асистент, бејбиситер, или пак роднина кој би можел понекогаш да ве замени на работа или дома. Трет чекор: ако работите од дома, обидете се да работите во мирна средина. Ако ова не е возможно, тогаш излезете од дома и сместете се удобно на масата во вашето омилено кафуле. Можете и да изнајмите работен простор на неделно, или месечно ниво со пристап до различни деловни услуги.

Научете што да правите со вашите пари

Како претприемач, односот што го имате со парите сигурно ќе се смени. Понекогаш ќе заработувате повеќе пари од два месеци работа како вработен, а друг пат ќе поминат месеци без да имате каков било приход. Исто така, запомнете дека претприемачите плаќаат даноци секогаш кога нивните приходи ќе надминат одредена сума, така што секогаш е добра идеја да се консултирате со сертифициран сметководител пред да почнете да ги кроите вашите финансиски планови.

Запомнете, секоја инспиративна приказна започнува со верба. Верувајте во себе и можеби токму во вас лежи следната голема успешна деловна приказна.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -